Центар За Трансфузиона Медицина - Битола

  • Home
  • Центар За Трансфузиона Медицина - Битола

Центар За Трансфузиона Медицина - Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Центар За Трансфузиона Медицина - Битола, Health/Medical/ Pharmaceuticals, ул. МИХАЈЛО АНДОНОВСКИ број 1, .

Крвта е лек за кој што нема соодветна замена. Таа и продуктите што се добиваат од неа наоѓаат широка примена во лекувањето на голем број на болни и имаат бесценета улога. Крвта е неопходна при операции, за лица со анемии и други болести на крвта, за родилки, и за многу други состојби.

Во итни случаи на болните и повредените кои се животно загрозени, крвта им е потребна веднаш. Затоа мора во секое

време да има доволни количини на крв и крвни компоненти, кои се контролирани и безбедни за употреба.

Крвта треба да ги чека пациентите, а не пациентите да ја чекаат крвта.

Ова може да се постигне само доколку трансфузиолошката служба во секое време располага со доволни резерви на крв и крвни компоненти (плазма, тромбоцити, криопреципитат), а тоа пак зависи исклучиво од сите нас кои сме одлучиле да станеме крводарители.


Да не заборавиме дека да се дарува крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните. Секому од нас може некогаш во животот може да ни биде потребна терапија со крв и крвни компоненти. Затоа, да не ги забораваме оние за кои половина час од нашето време и една кесичка крв значат можност за живот. Само така може да сме сигурни дека ако некогаш и ние сме во болест некој ќе оддели половина час за да ни даде нов живот.

Светската здравствена организација препорачува дека само доброволното, анонимно и неплатено дарување крв може да ги задоволи потребите за безбедна крв. Фамилијарното крводарување треба да се избегнува, но сепак некогаш заради специфични причини (ретка крвна група или други непаланирани појави) може да има потреба некој од семејството на болниот да дарува крв за него. Тоа се ретки и спорадични појави.

Платеното дарување во нашата земја не постои. Исто е и секаде во светот, освен во некои земји каде здравствените системи се на многу ниско ниво, а со тоа и безбедноста на крвта од платени дарители е во многу мали количини или ја нема.

Секоја единица крв од доброволните дарители се контролира за присуство на заразни заболувања (жолтица Б и Ц, сида, сифилис), како и за крвна група и Рх фактор и антитела. Таа контрола трае 24 часа. Значи, доколку за некој болен или повреден дарува крв негов близок од семејството (фамилијарно дарување), крвта не може веднаш да ја прими пациентот токму поради времетраењето на контролата и несоодветни крвни групи. Резултатите од овие тестови се анонимни и доверливи и достапни се само на дарителот и на медицинските работници, вклучени во тестирањето и процесот на контрола на квалитетот. За евентуалните позитивни резултати дарителот ќе биде известен и поканет на повторно тестирање или упатен во други соодветни институции за понатамошни иследувања или терапија.

Запаметете НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДАРУВА КРВ ЗА ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ ЗА БОЛЕСТИ ПРЕНОСЛИВИ ПРЕКУ КРВ.

Крв се дарува само со големо човекољубие и желба да се помогне. Тоа е највисок чин на алтруизам и хуманост.

25/01/2026
Успешно реализирана крводарителска акција во фабриката Кромберг & Шуберт - Битола 🩸🅰️🆎️🅱️🅾️♥️🩸130🩸 #КРОШУ крводарители♥️
18/12/2025

Успешно реализирана крводарителска акција во фабриката Кромберг & Шуберт - Битола 🩸🅰️🆎️🅱️🅾️♥️
🩸130🩸 #КРОШУ крводарители♥️

Хуманоста не познава граници — ни на патеката, ни во животот! Денес во Службата за трансфузиона медицина Битола, својата...
31/10/2025

Хуманоста не познава граници — ни на патеката, ни во животот!

Денес во Службата за трансфузиона медицина Битола, својата хуманост на дело ја покажа Христијан Илиовски – Кико,
македонски и европски шампион во мотокрос, член на Мото клуб „Пелистер“,
и трикратен добитник на престижната награда „Златна кацига“.

Со својот гест на дарување крв, Кико ја освои и нашата почит, приклучувајќи се во крводарителската кампања
„СПОРТИСТИТЕ НА БРАНИКОТ НА ХУМАНОСТА“. ❤️

👏 Му благодариме што покажа дека вистинските шампиони се познаваат и надвор од тркачката патека –
таму каде што животот значи најмногу.
🏍🥇🏆 #️⃣9️⃣0️⃣🏁

30/10/2025
Денес во Службата за трансфузиона медицина – Битола, професорот Никола Рендевски од Факултетот за информатички науки и к...
29/10/2025

Денес во Службата за трансфузиона медицина – Битола, професорот Никола Рендевски од Факултетот за информатички науки и комуникациски технологии (ФИКТ) со својот хуман гест на дело покажа како изгледа една вистинската лекција за хуманост. ❤️

Со личен пример, професорот Рендевски ја испрати најважната порака до студентите и колегите – Дарувањето крв, е дарување на живот!
🩸🅰️🅱️🅾️🆎️♥️

17/10/2025
🩸⚽ Денес во Службата за трансфузиона медицина – Битола, хуман гест од еден вистински спортист!Фудбалерот Иве Трифуновски...
22/07/2025

🩸⚽ Денес во Службата за трансфузиона медицина – Битола, хуман гест од еден вистински спортист!
Фудбалерот Иве Трифуновски, долгогодишен играч на ФК Пелистер и познат стрелец во мак-фудбалот, денес даруваше крв и даде личен пример за хуманост! 🙌👏

Од теренот до крводарителското столче – Иве покажа дека херој не се станува само со голови, туку и со дела кои спасуваат животи.
🩸🅰️🅱️🅾️🆎️♥️

Денес во Службата за трансфузиона медицина - Битола, својата хуманост на дело ја покажа и еден од најдобрите МТБ бајкери...
19/06/2025

Денес во Службата за трансфузиона медицина - Битола, својата хуманост на дело ја покажа и еден од најдобрите МТБ бајкери во Македонија - Jovche Daskalovski , член на Extreme Bike Team Bitola 🚵⛰️.
Воедно договоривме и крводарителска акција со МТБ бајкерите од Extreme Bike Team Bitola и вклучување во кампањата СПОРТИТСТИТЕ НА БРАНИКОТ НА ХУМАНОСТА🩸♥️.

18/06/2025
КС Групација - 15-та по ред крводарителска акција 🩸🅰️🅱️🅾️🆎️♥️
11/06/2025

КС Групација - 15-та по ред крводарителска акција 🩸🅰️🅱️🅾️🆎️♥️

Евротип дел од 15-та крводарителска акција на КС Групација На 11 јуни 2025 година, КС Групација ја организираше својата 15-та по ред крводарителска акција, која се одржа ....

Крводарителска акција во СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола 🩸♥️Учениците и вработените во училиштето покажаа хуманост и соли...
15/04/2025

Крводарителска акција во СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола 🩸♥️

Учениците и вработените во училиштето покажаа хуманост и солидарност, активно вклучувајќи се во акцијата.

Целта е да се поттикне свеста и значењето на доброволното дарување крв и да се промовираат хуманите вредности кај младите.

Благодарност до сите крводарители за успешната акција.

Крводарителска акција СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – БитолаДенес во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа крводарителска акција, ...
09/04/2025

Крводарителска акција СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола

Денес во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа крводарителска акција, во која активно учество земаа учениците и вработените во училиштето. Со своето дарување, тие покажаа голема хуманост и подготвеност да помогнат таму каде што е најпотребно.

Голема благодарност до сите дарители за нивниот благороден гест.

Address

ул. МИХАЈЛО АНДОНОВСКИ број 1

7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар За Трансфузиона Медицина - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share