Книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ е напишана како популарна книга која ќе биде од голема помош за спортистите. Стилот на кој е напишана книгата е лесен и разбирлив и со тоа достапен за широката популација на спортисти. Исто така книгата ќе биде од корист и за популацијата која се занимава со рекреативен спорт, како и за популацијата која сака да се стекне со зн
аење поврзано со правилна исхрана.
Проф. Др. Лилјана Божиновска
Државен Универзитет на Јужна Каролина
Книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ ги сублимира најновите стручни и научно засновани податоци и препораки за оптимална исхрана на спортистите, почнувајќи од изборот на квалитетни прехрамбени производи, додатоци, начин на приготвувањето, време на консумација, а се со единствена цел за максимално искористување на хранливите градбени и енергетски состојки на храната.
Стручниот аспект на книгата не ја прави помалку достапна и за пошироката читателска публика. Оваа книга е голем придонес за спортистите, тренерите, другите спортски работници, но ќе биде многу корисна и за секој човек кој би сакал да дознае повеќе за правилната исхрана.
Проф. др-сци Лазар Лазаров F.E.S.C
Специјалист интернист – субспецијалист кардиолог
Универзитетска Клиника за Кардиологија – Скопје
Редовен Професор по Интерна Медицина на Медицински Факултет при
Универзитет Свети Кирил и Методиј, Скопје
Големиот труд вложен да се напише овај според мене неодминлив учебник, ќе им биде од голема корист на спортистите, нивните тренери, клубските лекари и студентите на кои исхраната на спортистите е составен дел на наставните предмети кои ги изучуваат. Авторите се потрудиле да се` биде напишано на разбирлив начин и концизно, за да правилно се разбере како треба да изгледа правилната исхрана, и уште повеќе, правилната спортска исхрана, која ќе придонесе кон зголемување на нивото на снага, брзина, и другите својства потребни за високи спортски резултати. Во изготвувањето на трудот кој е пред Вас, користени се современи податоци, што несомнено ја зголемува вредноста на напишаното.
Рецептите на крајот од книгата можат да бидат од голема корист не само на спортистите туку и на рекреативците и на секој човек поединечно, како основно помагало кон секојдневната правилна исхрана.
Др. Игор Алтипармаковски
Специјалист по Спортска Медицина