18/05/2025
✨ Ѕвездени Драми и Како да Ги Преживееме (со малку смеа и психологија)! 🤪🔮
Здраво љубители на ѕвездите и сите вие кои тајно го читате хороскопот додека никој не гледа! ;)
Неделава, космичкиот микс е посебно интересен, па да видиме што ни готват ѕвездите – генерално, а потоа и за секој од нас поединечно. Но да ве потсетам, текстов е малку забава и малку саморефлексија, не е за да почнете да ги обвинувате планетите за сите ваши животни одлуки (иако, понекогаш е примамливо, нели?).
Моментално, небото е како добро зачинет мексикански бурито – има од сè по малку! Викендов и почетокот на неделата ке биде напорен и буквално наелектризиран - од прегорени сијалици, напорни гости, до конфликти со самите себе! Благодарение на транзитната Месечината во Риби, тензијата ќе се претвори во зголемена емотивност! Водени од силниот емоционален набој стануваме ранливи, но и малку драматични!ајде, признајте!).
Од психолошки аспект, ова е добро време да се поврзете со вашите чувства, да бидете добри кон себе и кон другите. Запомнете, емоциите се како гости – доаѓаат и си одат, не треба да ги поканите сите да живеат со вас засекогаш.
Разбудената Венера ќе ни даде доза на решителност и енергија. Ова е одлично за започнување нови проекти, но внимавајте да не изгорите како тост во премногу силен тостер. Популарната психологија вели дека мотивацијата е клучна, но балансот е уште поважен – немојте да бидете како оние луѓе што одат во теретана еднаш и мислат дека веднаш ќе изгледаат како супермодели. Сè е процес!
За малку ѕвездени интриги посебно за секој знак проверете ја страната утре 😉
♈😉
#астрологија #хороскоп #ѕвезденивлијанија #забава #психологија #хумор #космичкидрами