Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица

Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица 35 години од досегашниот работен век е работа со луѓе во областа на физичкото и менталното здравје.

Започна реконструкција и поправка на срушен дел во Тачовско маало, на локалниот пат кон с. Цера. Со оваа интервенција се...
23/04/2026

Започна реконструкција и поправка на срушен дел во Тачовско маало, на локалниот пат кон с. Цера. Со оваа интервенција се врши стабилизација на теренот и санација на срушениот дел од коловозот, како и изградба на потпорен ѕид. Срушениот дел настанал по извршен ископ за потпорен ѕид без проект од претходната локална власт.

Проектот е со вкупна вредност од 3.544.768 денари со ДДВ и има за цел да ја зголеми безбедноста на овој патен правец.

Ова значи побезбедно и полесно движење за жителите, подобра поврзаност и поквалитетен пристап до нивните домови и земјоделски површини.

Денес одржав состанок со дел од новоизбраните претседатели на месни заедници во Општина Македонска Каменица, на кој разг...
22/04/2026

Денес одржав состанок со дел од новоизбраните претседатели на месни заедници во Општина Македонска Каменица, на кој разговаравме за актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, приоритетите во секое населено место и плановите за работа во наредниот период.

Имавме отворена и плодна дискусија, со конкретни предлози и идеи кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот во сите делови на општината.

Продолжуваме со заедничка работа, посветено и одговорно, во интерес на сите граѓани.

Денес во Охрид се одржа третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се дискутираше за актуелни прашања поврзани ...
21/04/2026

Денес во Охрид се одржа третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се дискутираше за актуелни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, со акцент на соработка меѓу општините, финансиската стабилност и реализацијата на тековните и идните проекти.

На седницата бев избрана за член на мрежата NALAS, што претставува значајна можност за дополнително вклучување во регионални активности и унапредување на локалната самоуправа.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни чекори за поефикасни услуги и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Денеска присуствував во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Аџиите, село Саса, каде што заедно со верниците од Македонск...
19/04/2026

Денеска присуствував во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Аџиите, село Саса, каде што заедно со верниците од Македонска Каменица и регионот го одбележавме празникот Томина недела.

Во духовна, мирна и топла атмосфера, исполнета со заедништво и почит кон традицијата, го одбележавме овој значаен христијански празник.

Нека празникот донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом.

Со особено задоволство синоќа присуствував на традиционалната манифестација „Вешта жена“, каде што уште еднаш се потврди...
18/04/2026

Со особено задоволство синоќа присуствував на традиционалната манифестација „Вешта жена“, каде што уште еднаш се потврди богатството на талент, креативност и посветеност кај жените од Македонска Каменица. 👏

Честитки до Благица Тачовска, која во силна конкуренција ја понесе титулата „Вешта жена“ за 2026 година, како и до сите учеснички кои со својата умешност и љубов кон традицијата придонесоа за прекрасна атмосфера. 🌸

Овој настан е вистински пример за негување на обичаите и вредностите што нè обединуваат како заедница. Општина Македонска Каменица ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и во иднина. 🤝

Вчера остварив средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ), во рамки на проектот „Заедници со инте...
18/04/2026

Вчера остварив средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ), во рамки на проектот „Заедници со интегритет“, кој се реализира со поддршка од амбасадите на Шведска и Швајцарија, а во кој Општина Македонска Каменица е една од десетте општини во државата.

Заедно со експертката за системи за управување со документи, Тања Карлебах, направивме иницијална проценка на постојните капацитети – управување со предмети, архива, финансии, јавни набавки и е-услуги.

Ова е важен чекор кон поголема транспарентност, ефикасност и поквалитетни услуги за граѓаните.
Благодарност до НДИ за соработката. Остануваме посветени на модернизација и јакнење на интегритетот во работењето.

Продолжуваме со конкретни проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните.Во населба Цинкара, на улица Церска, ...
16/04/2026

Продолжуваме со конкретни проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните.

Во населба Цинкара, на улица Церска, се реализира изградба на канализациска мрежа, со која ќе се овозможи приклучување на десетина куќи, односно домаќинства.

Паралелно, се работи на уредување на градскиот базен во Македонска Каменица, со цел негово целосно оспособување и подготвеност за користење во наредниот период.

Остануваме посветени на инфраструктура и подобар квалитет на живот.

Христос воскресе! ✨Велигден е најголемиот христијански празник – денот кога Христос со своето воскресение ја победи смрт...
12/04/2026

Христос воскресе! ✨

Велигден е најголемиот христијански празник – денот кога Христос со своето воскресение ја победи смртта и ѝ подари на човештвото надеж, вера и вечен живот. Тоа е празник што нè потсетува дека секогаш постои светлина по темнината, нов почеток по секој тежок момент и сила за да продолжиме со љубов и добрина.

Нека овој светол ден внесе мир во секој дом, љубов во секое срце и благосостојба во секој живот. Нека нè обедини сите во разбирање, простување и меѓусебна поддршка, за да бидеме подобри едни кон други и да ја чуваме празничната радост.

Да бидеме сите живи и здрави. Да има мир, љубов и благосостојба.

Навистина воскресе! ✨

Велики Петок – најтaжниот ден во христијанството, ден на тишина, молитва и длабоко духовно размислување, посветен на стр...
10/04/2026

Велики Петок – најтaжниот ден во христијанството, ден на тишина, молитва и длабоко духовно размислување, посветен на страдањата и распнувањето на Исус Христос. Ден кој нè потсетува на жртвата, смирението и љубовта како темелни вредности што треба да ги негуваме.

Денес, во духот на овој свет ден, присуствував на литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, каде заедно со верниците во молитвена тишина и со почит беше одбележано Христовото страдање.

Во духот на празникот, се одржа и изборот на најукрасено велигденско јајце, каде најмладите со својата креативност и посветеност внесоа посебна убавина. За најуспешни беа избрани: 🥇 Барбара Стоиловска, 🥈 Тамара Стоименовска и 🥉 Михаела Спасевска.

Со почит кон традицијата и верата, заедно го негуваме заедништвото и ги чуваме вредностите што нè обединуваат.

Вечерва беше спроведен избор за претседател и заменик-претседател во две месни заедници.Во месната заедница Каменица 1, ...
08/04/2026

Вечерва беше спроведен избор за претседател и заменик-претседател во две месни заедници.

Во месната заедница Каменица 1, за претседател е избран Ване Насковски, а за заменик-претседател Нада Јангеловска.

Во месната заедница Каменица 2, за претседател е избран Круме Стојановски, додека за заменик-претседател Драган Миленковски.

Со ова се заокружува изборот на претседатели и членови на советите во сите месни заедници во Општина Македонска Каменица.

Им честитам на избраните и им посакувам успешна и одговорна работа, со посветеност кон потребите на граѓаните и реализација на проекти во интерес на жителите.

Продолжуваме со конкретни активности за уредување и подобрување на јавните површини во Општина Македонска Каменица.Во пр...
08/04/2026

Продолжуваме со конкретни активности за уредување и подобрување на јавните површини во Општина Македонска Каменица.

Во пресрет на летната сезона, во тек е подготовка на градскиот базен, каде екипите на ЈП „Камена Река“ работат на санација на плочките, уредување на оградата и темелно чистење на целиот простор.

Создаваме уредена, безбедна и пријатна средина за сите граѓани и навремено се подготвуваме за сезоната што следува.

Денес, по повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето, ги посетив здравствените установи на територијата на Македонска Ка...
07/04/2026

Денес, по повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето, ги посетив здравствените установи на територијата на Македонска Каменица.

Им го честитав празникот на здравствените работници и изразив искрена благодарност за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за здравјето на граѓаните, со желба и понатаму со истата посветеност да продолжат да ја извршуваат својата благородна професија.

Воедно, сакам да истакнам дека следува реконструкција на Здравствениот дом во Македонска Каменица, со што значително ќе се подобрат условите за работа на медицинскиот персонал, но и услугите за пациентите.

Здравствените работници се столбот на едно општество и нивната улога е од непроценливо значење за сите нас.

Address

Ilindenska 58
Makedonska Kamenica
2304

Telephone

+38978431642

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица:

Share