Форевер Ливинг Продактс е основана во 1978 година во Феникс, Аризона од богатиот бизнисмен Рекс Моган. Успешен бизнисмен кој често бил во потрага по нешто ново. Вниманието му го привлекол мрежниот маркетинг кој овозможува можност за флексибилна работа и можност за голема финансиска слобода.
Над 8,5 милиони дистрибутери имаат можност да живеат поздрав живот и да уживаат во благодетите на голема финансиска независност што ја нуди ФЛП. Денес квалитетот и резултатите од корисните состојки што ги пружа Алоето на ФЛП и донесоа милијарда долари годишна продажба и распространетос во 155 држави.
ФЛП е најголемиот поизводител, преработувач и дистрибутер на производите со Алое Вера ширум светот. Производите на ФЛП се базираат на 100 % стабилизиран гел, во комбинација само со неопходните додатоци. Во своја сопственост има плантажи во САД и Карибите, каде го одгледува Алоето на чисти и незагадени простори без користење на пестициди и хербициди.
Производството започнува дури откога ќе поминат четири години, откога растението ќе постигне целосна зрелост. Се користат исклучиво здрави и зрели листови, внимателно откинати и веднаш дистрибуирани до производствените погони, каде веднаш се применува техноогијата на стабилизација како би се сочувале сите состојки што ги ма во свежиот лист.
ФЛП за производство на гелот ја користи само средината од листот, бидејќи смета дека во обвивката не се содржат хранливи и корисни состојки, па затоа обвивката ја користи како ѓубриво на плантажите со Алое.
ФЛП во производството не користи побрзи и поевтини начини за преработка на Алоето, кои би ги уништиле активните состојки, како што го прават многу други компании кои произведуваат Алое. Користи температура која е пониска од температурата за пастеризирање, со цел да ја загарантира заштитата на активното дејство на ензимите.Студената преработка целосно ги заштитува материите во состојбата во која се наоѓаат непосредно откако ќе се отсече листот од растението. На тој начин производите целосно ги зачувуваат корисните квалитети на Алоето за подолг временски период.
Од 2001 година ФЛП ја започнува својата работа и во соседна Република Бугарија. Така што за кратко време се доближи ФЛП и до нашата држава Република Македонија, со цел за полесен и подостапен пристап до прекрасните производи кои јас претпоставувам дека во скоро време ќе најдат примена во секој дом.
Форевер Ливинг Продактс е единствената компанија која ги поседува следните сертификати за квалитет.
Печат на Меѓународен совет за Алое Вера
(International Aloe Science Council)
- Тоа е независен американски регулаторен орган кој го изградил единствениот систем за одредување на квалитетот и квантитетот на производството на Алоето. Правилата за квалитет се строги и само произведувачите кои ги задоволуваат можат да го имаат печатот на овој совет.
-Печатот за квалитет на KOSHER
Организацијата на Еврејската заедници
- Печатот на ИСЛАМ
-Тоа е Исламска верска заедница која го одобрува користењето на Алое бидејќи не содржи алхохол и состојки од свинско потекло
Печат за доказ дека не се вршени тестирања врз животните