04/11/2025
Fortesan® PEA + Choline + Vit, B6® cps, диететски суплемент кој содржи патентиран Levagen®+палмитоилетаноламид, холин и витамин B6.
Палмитоилетаноламид (PEA) е ендоген амид на масни киселини и липиден модулатор, кој што телото само го синтетизира при повреда и стрес. Добро се поднесува и нема несакани ефекти кај луѓето и животните. Дејството на PEA е на повеќе молекуларни нивоа,
како сигнален молекул, активирајќи нуклеарни и мембрански поврзани рецептори и регулирајќи низа физиолошки функции поврзани со воспалителната каскада и хроничната состојба на болка.
Повеќе информации за PEA (Levagen®+), употребата, научните студии, клиничките испитувања и здравствените придобивки за целокупното здравје може да прочитате на следниот линк:
https://www.levagenplus.com/benefits
Холин е есенцијална хранлива материја природно присутна во телото, потребна на сите клетки за да го сочуваат својот структурен интегритет.
Холинот придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин како и синтеза на ацетил холин- важен невротрансмитер за контрола на мускулите, меморија и други функции на мозокот и нервниот ситем. Холинот придонесува за нормален метаболизам на мастите и нормална функција на црниот дроб.
Витамин Б6 – пиридоксин има улога како кофактор во многу ензимски реакции во биосинтезата на аминокиселините вклучувајки ја и биосинтезата на невротрансмитерите. Во телото извршува голем број на функции, вклучен е во повеќе од 100 ензимски реакции.
Витамин Б6 придонесува за нормален метаболизам на протеините и гликогенот, нормална психолошка функција, за нормална формација на црвените крвни клетки, за нормална функција на имуниот систем, намалување на заморот и исцрпеноста, за регулирање на хормоналната активност, за нормалната синтеза на цистеин, за нормален енергетски метаболизам, за нормална функција на нервниот систем.
Fortesan® PEA + Choline + Vit, B6® cps е произведен во Финска за ВиваГен ДООЕЛ.