19/11/2025
„Современото образование не нѐ учи многу фундаментални точки што се од витално значење за секој да знае како вистински да успее во животот.
Што треба да прави образованието? Да информира холистички, да го проширува размислувањето, да ги проширува хоризонтите на можностите и да го оспособи ученикот да напредува во секоја жвотна можност. Вистинското образование треба да биде патоказ за тоа како да се достигне состојба на вистинска среќа, благосостојба и универзален мир. Дали модерното образование го овозможува ова? Не баш. Во моментов, се стекнува знаење за многу надворешни теми. Но не се учи како да се претвори тоа знаење во практична животна реалност. И најважно, како практичната животна реалност да биде исполнета со задоволство и среќа, целосно недостасува во денешното образование. Древните традиции на Санатан Дхарма ја нагласувале важноста на секој предмет што го учиме во денешниот свет, но дополнително тие системи подучувале и како да се набљудуваат менталните и емоционалните патерни, како да се трансформираат негативните или пониски желби во повисоки животни вредности, како да се отиде над од петте сетила и физичките потреби на телото на нежен и радосен начин и, најпосле, како да се препознае највисоката цел на животот преку вистинско перцепирање на атмата и Параматмата.
Во денешниот свет не само што сето ова не се учи, туку всушност, многу луѓе ја исмејуваат и ја отфрлаат идејата за нешто поголемо од телото и умот. Погледнете ја состојбата на светот. Се појавија толку многу проблеми од секаков вид. Ова се должи на непознавањето на себеси, па оттука и на неразбирањето на другите и на единството што постои меѓу сè. Не се размислува за вечните и универзални вредности, сè е субјективна вистина. Глупоста на „Јас сум подобар од тебе“ е толку широко распространета, а е фундаментално неточно дека еден дел од Големата Целина може да биде подобар од друг дел. Луѓето не знаат како да постанат зрелост, мудрост и меѓусебна хармонија. Не се образовани да го набљудуваат животот како целина и да се восхитуваат на безбројните одрази на Универзалното Единство. Напротив, сè е скршено на фрагменти и толку откинато од реалноста и едноставноста на животот. Ако сакаме да му помогнеме на светот да се движи кон подобра иднина денешните образовни системи треба да се впиени во мудроста на древните традиции. „Што е јас? Кој сум јас? Која е мојата цел тука? Од каде дојдов? Каде одам? Какви се моите врски со другите? Кој е Бог?“ Прашања од оваа длабока природа треба да се охрабруваат, поставуваат и одговараат со љубов и мудрост уште од рана возраст. Длабоките вечни филозофии на Карма Јога, Дјана Јога, Гјана Јога и Бакти Јога можат да се објаснат едноставно дури и на мало дете, и ова треба да стане нешто до кое секој има пристап од раѓање. Не барајќи од човек да се бори против ситничавото размислување за да разбере и да го живее она што му припаѓа како право по раѓање - духовниот пат кон целосна благосостојба, мир, задоволство, безбедност, љубов и хармонија со сѐ. Познавање на себеси, сочувство и служење на другите и постојана свест за Универзалното Божествено кое е активно во секоја клетка на универзумот."
Твитер објава на Парамахамса Шри Свами Вишвананда, 18.11.2025
https://x.com/vishwananda?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Eauthor