22/11/2025
❗ Дали знаеме колку нè чини секој килограм вишок?
Во Македонија, речиси секој втор возрасен има прекумерна тежина, а секоj четврти е клинички дебел. Ова не е прашање на естетика или личен избор — ова е прашање на економски опстанок.
Обезноста веќе одамна не е само здравствен проблем. Таа е хронична и системска болест што го чини здравствениот систем милиони евра секоја година.
Пациент со BMI > 35 има 6 пати поголем ризик за дијабетес и 4 пати поголем ризик за срцев удар кои носат огромни економски последици.
👉 Новите терапии често ги нарекуваме „прескапи“ — но фармакоекономските анализи покажуваат дека тие заштедуваат милиони преку превенција, а не преку третирање последици.
Превенцијата не е трошок. Трошок е нeделувањето.
А најскапиот лек е оној што не го даваме навреме.
Затоа, следниот пат кога ќе прашате „Колку чини лекот?“
прашајте: „Колку нè чини — вишокот килограми?“
#Фармакоекономија #ЈавноЗдравје #Превенција #ТопЕдукатор Faktor.mk Филип Ачкоски
Автор: Филип Ачкоски, м-р по фармација, д-р по бизнис администрација, извршен директор во фармацевтска индустрија, медицински писател и здравствен едукатор со повеќ...