Радувај се/Rejoice Lifestyle

Радувај се/Rejoice Lifestyle ✨ Вашето безбедно место за лично напредување и хармонизирање - место каде што се негува растот и цвета радоста ✨ Wellness Story Since 2006 ✨️

✨️ Енергијата може да ја промени материјата. ✨️
20/11/2025

✨️ Енергијата може да ја промени материјата. ✨️

✨️ Ја преземам одговорноста за сопствениот живот. Слободен/слободна сум! ✨️
20/11/2025

✨️ Ја преземам одговорноста за сопствениот живот. Слободен/слободна сум! ✨️

🌸 Есен исполнета со радост 🌸Биди во комплетна тишина пет минути. Без телефон, без музика, без врева - само тишината  и т...
13/11/2025

🌸 Есен исполнета со радост 🌸

Биди во комплетна тишина пет минути. Без телефон, без музика, без врева - само тишината и ти.

Секоја учебна година носи нови предмети, поголем обем на материјал за учење и поголеми очекувања и одговорност од страна...
11/11/2025

Секоја учебна година носи нови предмети, поголем обем на материјал за учење и поголеми очекувања и одговорност од страна на нашите деца. ❤️

Сакаме да Ве потсетиме дека на нашите деца најмногу им се потребни нашата прегратка, зборовите „Те сакам“ и „Верувам во тебе“. 🩷

Тој ветар во грб, тоа чувство на сигурност и поддршка никогаш нема да се најдат надвор, туку внатре во семејството. А подоцна, кога не недостасува оваа наша родителска поддршка, резултатите доаѓаат природно. ❤️

Многу среќа на сите деца во училиште! Веруваме во Вас! Сите сте наши херои! 🩷

🌸 Радувај се! потсетник 🌸Нема да бидеш истата личност за една година од сега.Одлучи "сега" на кој начин ќе раснеш!      ...
07/11/2025

🌸 Радувај се! потсетник 🌸

Нема да бидеш истата личност за една година од сега.

Одлучи "сега" на кој начин ќе раснеш!

 #СакамЈогаВоНоемвриМачка 🐈 (Marjariasana) 💞🌿 Marjariasana е нежна, но ефикасна јога асана која обезбедува бројни придоб...
06/11/2025

#СакамЈогаВоНоември

Мачка 🐈 (Marjariasana) 💞

🌿 Marjariasana е нежна, но ефикасна јога асана која обезбедува бројни придобивки како за физичката, така и за менталната благосостојба. Таа е една од основните јога асани која лесно може да се вклучи во секоја јога рутина или пак како секојдневно истегнување.

🎯 Придобивки:

🧘‍♀️ Ги опушта мускулите на грбот, ја поттикнува неговата еластичност. Го подобрува варењето, ги ублажува менструалните тегоби, а добра е и за вежбање на длабоко, стомачно и градно дишење.

📩 Резервирајте место за месец октомври на нашите јога часови во нашата онлајн и офлајн училница во претпладневната група (секој понеделник и среда од 10:00 - 11:15h) и попладневната група (секој понеделник и среда од 19:00 - 20:15h);

💻 Часовите можат да се следат онлајн;

🏝 Локација: Радувај се! Lifestyle, ул. Загребска 28Б, КТК комплекс, населба Капиштец;

🧘‍♂️ Хата, јин и office јога часовите се наменети и за почетници и за искусни практичари;

📮Пријавување на:

raduvajse@gmail.com
075 782 071
raduvajse.com/sakamjoga

Придружете ни се! 💞

#СакамЈогаЧасови #ЈогаЗаСите #ВежбиЗаТело #ВежбиЗаУм #ВежбиЗаДишење #Баланс #Релаксација #Спокојство #Опуштање #Задоволство #Среќа #МенталнотоЗдравјееВажно #ВнатрешенМир #ГрижаЗаСебе #ЉубовКонСебе

Придружете ни се на нашите часови по јога - онлајн и во живо! Без разлика каде се наоѓате, внатрешната хармонија Ви е на...
28/10/2025

Придружете ни се на нашите часови по јога - онлајн и во живо! Без разлика каде се наоѓате, внатрешната хармонија Ви е на дофат!

Денови во кои можете да вежбате:

понеделник и среда од 10 часот (хата, јин и офис јога)

понеделник и среда од 19 часот (хата, јин и офис јога)

Пријавување и информации на raduvajse@gmail.com или на телефон 075 782 071

✨️✨️✨️
28/10/2025

✨️✨️✨️

💜💜💜
14/10/2025

💜💜💜

Овогодинешниот Светски ден на менталното здравје се фокусира на пристапот до услуги кои ќе го поткрепат менталното здрав...
10/10/2025

Овогодинешниот Светски ден на менталното здравје се фокусира на пристапот до услуги кои ќе го поткрепат менталното здравје во состојби на катастрофи и вонредни ситуации.

"Пристап до услуги - менталното здравје во состојби на катастрофи и вонредни ситуации"

Темата ја нагласува итната потреба да се обезбеди поддршка на менталното здравје која ќе биде достапна за сите погодени од криза - без разлика дали станува збор за природни катастрофи, конфликти, пандемии или лични, вонредни ситуации.

Во време на катастрофа луѓето се соочуваат со огромен стрес, загуба и неизвесност. Сепак, услугите за ментално здравје често се меѓу најмалку достапните кога се најпотребни.

На овој Светски ден на менталното здравје се потсетуваме дека грижата за менталното здравје е фундаментално човеково право, а не привилегија до која може да се пристапи само во стабилни времиња.

Да се здружиме и да поттикнеме:

❗️достапност, инклузивност и одржливи услуги за ментално здравје во сите услови;

❗️поддржување иницијативи за "итен одговор" кои вклучуваат психолошка прва помош и грижа за траума;

❗️подигнување на свест за важноста на флексибилноста, сочувството и поддршката на заедницата во време на кризи;

Да помогнеме во изградбата на свет каде што поддршката на менталното здравје е достапна за сите, насекаде!
#СветскиДенНаМенталнотоЗдравје2025 #МенталноЗдравје #МенталнотоЗдравјееВажно
#СакамЈога

🙌 ОВОЗМОЖЕТЕ МУ НА ВАШЕТО ДЕТЕ АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ЖИВОТОТ!✅️ RELAX KIDS РАБОТИЛНИЦИ ЗА СМИРЕНИ И САМОУВЕРЕНИ ДЕЦА🟡 СЕОПФ...
06/10/2025

🙌 ОВОЗМОЖЕТЕ МУ НА ВАШЕТО ДЕТЕ АЛАТКИ ЗА УСПЕХ ВО ЖИВОТОТ!

✅️ RELAX KIDS РАБОТИЛНИЦИ ЗА СМИРЕНИ И САМОУВЕРЕНИ ДЕЦА

🟡 СЕОПФАТНА ПРОГРАМА ЗА ПРАВИЛЕН ПСИХОФИЗИЧКИ РАСТ И РАЗВОЈ НА ДЕЦА ОД 6 ДО 9 ГОДИНИ И ОД 10 ДО 14 ГОДИНИ

‼️ Нашиот уникатен пристап вклучува седум чекори преку кои децата учат да се смират, опуштат и фокусираат:

❤️ РАЗДВИЖИ СЕ - вежби за загревање, за зголемување на енергијата и за забава

🧡 ПОИГРАЈ СИ - активни игри за поголема виталност, будење на креативноста и животната радост

💛 ПРОТЕГНИ СЕ - истегнување за баланс, внатрешна сила и моќ

💚 ОСЕТИ - развивање на свеста за себе, емпатија и почит

🩵 ДИШИ - вежби за дишење, за подобро здравје, контрола на анксиозноста и внатрешен мир

💙 ВЕРУВАЈ - позитивни искази за јакнење на самодовербата, самопочитта и животниот оптимизам

💜 ОПУШТИ СЕ - целосно опуштање, развивање на фантазијата и чувството на потполна смиреност

‼️ Малите групи до 10 деца обезбедуваат персонализирано внимание и посветеност.

📚 Програмата се спроведува од страна на акредитиран едукатор со 19 годишно работно искуство и со докажан успех во работата со деца и млади во формалното и неформалното образование.

🚀 ПРЕДНОСТИ НА RELAX KIDS ПРОГРАМИТЕ:
- смирува, стишува и создава бистар ум
- поттикнува позитивно размислување
- ги намалува нивото на стрес и психичката тензија
- го подобрува помнењето и ја зголемува концентрацијата
- развива самодоверба и самопочит

🚨 Не пропуштајте: пријавете го Вашето дете на бесплатен демо час во единствената акредитирана Relax Kids организација во Македонија.

💌 ПРИЈАВУВАЊЕ
raduvajse@gmail.com | 075 782 071 | raduvajse.com/relaxkids

🏝 МЕСТО:
Rainbow Relax Kids Skopje, ул. Загребска 28Б, КТК комплекс, населба Капиштец

⏳ ВРЕМЕ:
секој петок,

📍група од 6 - 9 год. (18:30 - 19:30h) и

📍група од 10 - 14 год. (17:00 - 18:15h)

🌟 Се радуваме на заедничкото дружење и учење во магичниот свет на Relax Kids! Свет во кој сѐ конструктивно и убаво што ќе го замислиме - го остваруваме, свет во кој нашите деца го започнуваат денот со насмевки и срца исполнети со љубов, нежност, разбирање и самопочит!

🩷 Заедно, да изградиме светла и успешна иднина за нашите деца!

Есента нè учи да отпуштиме и да бидеме креатори на леснотија и обнова.Во есен природата заспива за да се разбуди обновен...
06/10/2025

Есента нè учи да отпуштиме и да бидеме креатори на леснотија и обнова.

Во есен природата заспива за да се разбуди обновена. Дрвјата ги испуштаат лисјата без жалење, верувајќи во мудриот циклус на животот. А што ако и ние го следиме тој пример?

Што нè учи есенската трансформација?

🍁 Ослободете се од сето она што ја исполнило својата цел 🍁

Жолтиот лист не се лепи за гранката - танцува на ветрот и станува дел од новото.

🍁 Прифатете ги завршетоците 🍁

Венењето не значи крај, туку фаза што дава сила за иден раст.

🍁 Ценете ги длабочината и мирот 🍁

Кога летниот сјај ќе згасне, внатрешната светлина се отвора - тивка, но вистинита.

Address

Skopje

Opening Hours

Tuesday 19:00 - 20:15
Thursday 19:00 - 20:15

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Радувај се/Rejoice Lifestyle posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Радувај се/Rejoice Lifestyle:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

РАДУВАЈ СЕ! ИНСПИРИРАЈ СЕ! АКТИВИРАЈ СЕ! ТРАНСФОРМИРАЈ СЕ!

Центарот за личен развој Радувај се! е основан во 2013 година. Нашата мисија – спроведувана преку нашите програми од областа на холистичкото здравје и личниот развој – е насочена кон едуцирање, подобрување, истражување, поттикнување.

За да научиме, интегрираме, промениме, рефлектираме.

За повеќе слобода и јасност – и за поголема радост!

ПРОГРАМИ