23/02/2026
Падот на енергија после оброк најчесто е сигнал за метаболичка неефикасност или пак не добро избалансирани оброци.
�Функционалната мускулна маса има клучна улога за долговорочното здравје и метаболизам.
Редовнота физичка активност ја подобрува чувствителноста на клетките на инсулин,�ја стабилизира енергијата низ денот и делува како најмоќна превенција против метаболични и кардиоваскуларни нарушувања.
Она што денес го чувствуваме како пад на енергија, утре може да стане хроничен проблем, доколку се игнорира. Грижата за метаболизмот не е краткорочна стратегија, туку инвестиција во здравјето и телото на долг рок.
Немој да ја игнорираш грижата за здравјето кога сè уште имаш простор за избор.
Начинот на кој се грижиш за телото денес одредува колку лесно ќе функционира утре.
Ниеден изговор не може да биде посилен од желбата утре да бидам здрава, функционална и присутна за оние кои ги сакам и кои мене ме сакаат.