22/04/2026
Матичниот доктор е првата и најважна алка во здравствениот систем, кој со својата посветеност и знаење ја отвора вратата кон здравјето.Тој нее само доктор, туку и доверлив советник, поддршка и водич низ сите животни предизвици.Со трпение и внимание го слуша секој збор на пациентот,ја разбира неговата болка и страв и со топлина му дава надеж.Неговата улога е повеќе од медицинска, тоа е улога на човек кој стои покрај пациентот во најтешките моменти, кој го охрабрува и му покажува дека не е сам.
Посветеноста на матичните доктори е темелот врз кој се гради добербата во здравствениот систем.Тие се оние кои го следат патот на пациентот од првиот симптом до целосно оздравување, секогаш со искрена грижа и човечка блискост.
Матичниот доктор е симбол на надежта, првата рака што ја подава здравството, првиот чекор кон лекување и најсигурниот сојузник на секој пациент.