JOGA DRUSHTVO - STRUGA

JOGA DRUSHTVO - STRUGA ЈОГА ДРУШТВО - СТРУГА Е ОСНОВАНО НА 06 ЈУЛИ 1985 И РАБОТИ ПО СИСТЕМОТ И МЕТОДОЛОГИЈАТА НА ПРВИОТ ЈОГА УЧИТЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА - ПАВЛОС К. ХАСАНАГАС

Јога друштвото Струга работи по системот и методологијата на јога учителот Павлос К. Хасанагас кој е првиот што ја донел хата-јогата во бивша Југославија и во Македонија во 1972година. Друштвото е член на Јога-сојузот на Македонија http:/www.yoga.org.mk

05/11/2025

Со задоволство го најавуваме јавното предавање од учителот Павлос К. Хасанагас на тема:

ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД НА ЈОГАТА КАКО КУЛУТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН - Потребата за системизација и регулација на пренесувањето, презентирањето и предавањето на знаењето за јогата во современи услови на живеење.

Предавањето е од јавен карактер и ќе се одржи на платформата ZOOM, на 12.11.2025 (среда) со почеток во 18,30 часот.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА УЧЕСТВО
Заинтересираните граѓани пријавувањето може да го направат пријавувањето преку инбокс на оваа страница или преку Вибер телефоните за информации. Притоа треба да се достават податоци за адреса (Е-маил, месинџер, вибер) заради доставување на линкот за вклучување во предавањето.

Истата постапка за пријавување важи и за членовите на Јога сојузот на Македонија.

Контакт телефони: 075 242 678 - Благоја
077 817 432 - Ванчо

Сопочит,
Јога сојуз на Македонија

ЕСЕНСКА ЈОГА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА "ЈОГА ДРУШТВО" - СТРУГА40 ГОДИНИ ЈОГА ДРУШТВО СТРУГА 1985 – 2025Јогата е древна духовна ...
02/10/2025

ЕСЕНСКА ЈОГА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА "ЈОГА ДРУШТВО" - СТРУГА
40 ГОДИНИ ЈОГА ДРУШТВО СТРУГА 1985 – 2025

Јогата е древна духовна наука за човекот, за неговиот ум, тело, за свеста, за здрав и природен начин живот. Јогата е актуелна и во современово време и живот. Време и живот кои бараат од нас да се свртиме кон едноставноста, природноста и духовноста.

ПРВИОТ ЧЕКОР ОД ЕСЕНСКАТА ЈОГА ВО СТРУГА
ЗАПОЧНУВА НА 07.10.2025 – ВТОРНИК

ПОЧЕТНА ГРУПА:
ПОЧЕТОК ВТОРНИК, 07.10.2025 во 18,05
ПРАКТИЧНИ ЧАСОВИ: ВТОРНИК И ПЕТОК во 18,05

НАПРЕДНА ГРУПА:
ПОЧЕТОК ВТОРНИК, 07.10.2025 во 19,30
ПРАКТИЧНИ ЧАСОВИ: ВТОРНИК И ПЕТОК во 19,30

Курсевите се под водство на јога професор Ванчо Тасески, кој има над 45 годишно лично искуство во јогата и нејзиното предавање како јога наставник. Е еден од најстарите ученици и соработници на јога учителот Павлос К. Хасанагас. Практичното и теоретското изучување на јогата се одвива според системот, програмата и методологијата на учителот Павлос.

За вежбање треба простирка и комотна облека.
Часовите се одржуваат на ул. Далјани 12 – во близина на болницата.

Информации на тел.: 077 817 432 или во инбокс.

Постои можност и за онлајн вежбање по претходна најава. Поради ограниченоста на просторот неопходно е пријавуавње на тел. број или во инбокс.
Во државни празници часовите нема да се одржуваат.

КОИ СЕ БЕНЕФИТИТЕ ОД ПРАКТИКУВАЊЕТО НА ЈОГАТА?
- Хармонизација на телото и духот. Во здраво тело здрав дух, но и во здрав дух здраво тело.
- Зачувување и подобрување на вашето психичко и физичко здравје.
- Зголемување на еластичноста и снагата на телото.
- Учиме како свесно и намерно да се релаксираме.
- Справување со стресот во секојдневниот живот.
- Подобрување на концентрацијата и свесноста во секојдневниот живот што води кон поедноставен, поприроден и посреќен начин на живеење и преземање на одговорност самите за себе си и за сопствените постапки.
- Спознавање на сопствените физички, ментални, психички и други аспекти во нас.

ЗА УЧИТЕЛОТ:
Јогата во Македонија ја носи јога учителот Павлос К. Хасанагас, кој предава јога од 1969. Во Македонија доаѓа во1972г. На почетокот работи со поединци и помали групи за да во 1978г. ги организира првите јавни предавања и курсеви во Скопје и Македонија, кои што се одржуваа во Клубот за меѓународно пријателство на младите - Скопје. После неколку години (1981г) се формира и Јога друштво Скопје и знатно се зголемува интересот за јогата кај нас.
Учителот Павлос разви автентичен и автохтон систем и методологија на предавање на јогата на овие простори, прилагодени на современиот човек и современиот начин на живеење притоа задржувајќи ги традиционалните духовни вредности на јогата. Учителот неколку пати годишно одржува еднодневни и повеќедневни семинари за практикантите, учениците и наставниоат кадар во Јога сојузот на Македонија но и учесници од други центри од земјата и странство.
Тој е автор или коавтор на повеќе истражувачки студии од областа на јогата и нејзината примена. Со овие теми учествува на повеќе домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и конференции за јогата, медицината и холистичката медицина во Македонија и светот.
Учителот е автор на неколку книги за од областа на јогиската практика, теорија и филозофија со што се доближува оваа древна наука за лична духовна надградба и усовршување, но и како уметност применлива во секојдневниот начин на живеење, до пошироката јавност во Македонија и во светот.

ЗА ЈОГА ПРОФЕСОРОТ:
Ванчо Тасески е еден од најстарите и најблиските ученици и соработници на јога учителот Павлос К. Хасагас. Под водство на учителот јога работи од 1980г. и јога предава 43 година. Професорот Тасески е еден од основачите на Јога друштво Скопје -1981 год.; на Јога друштво Струга - 1985г.; на Јога секција Охрид - 1990 г.; на Јога сојуз на Македонија - 1992 год и на Јога секција Кичево - 2000 год.
Води едукативни јога курсеви во: Скопје, Струга, Охрид и Кичево. Исто така води специјализирани курсеви во Кардиолошкиот завод во Охрид (од 1991 год и сеуште се во тек) во склоп на интегралната рехабилитација на пациентите со кардиоваскуларни заболувања во овој Завод; во Заводот за нефрологија и дијализа во Струга (1986 год.); специјализирани курсеви за бремени во Скопје, Охрид и Струга; специјализирани курсеви за работни организации, пензионери, спортисти, ученици, тим билдинг, јога ритрити ....
Е автор и коавтор на повеќе истражувачки студии од областа на јога науката кои ги презентира на домашни и меѓународни (Франција, Индија) конгреси, симпозиуми и конфернции.
Одговорен е за Школата за обука и усовршување на наставен кадар во јога која што работи во рамките на Јога сојузот во Македонија.

ЗА СИСТЕМОТ, ПРОГРАМАТА, МЕТОДОЛОГИЈАТА НА НАШАТА ШКОЛА
Според нашата школа јогата претставува древна спиритуална наука за човекот, за неговото тело, ум и психа, за развој на човековата свест и свесност. Системот и методологијата се прилагодени на современиот човек кај нас, без притоа да се занемарат традиционалните духовни вредности на јогата. Во овој систем интегрирани сите класични видови јога и учења кои коренсподираат со комплексноста на човековото бивствување на сите нивои.
Според нашата методологија и програма на курсевите се изучуваат и практично се усовршуваат техниките од групите на вјајама, асаните, пранајама, крија, банди, мудри, релаксацијата, концентрацијата и медитацијата. Освен практичниот дел, на курсевите и семинарите со професорите и учителот Павлос, се разработуваат теми од филозофијата на јогата, древни спиритуални списи, духовноста на секојдневното живеење, но и од духовната традиција на овие простори.
Вечните филозофски и спиритуални прашања се актуелни и денес во современиот свет и живот. Древните принципи на спиритуалноста се живи и неопходни и денес како насушна потреба во овој начин на живеење којшто наметнува многу барања, предизвици и искушенија на индивидуите и општествата. Треба само древната спиритуална наука “да се преведе“ на поедноставен и разбирлив јазик на денешниот човек како индивидуално, физичко, психичко, социјално и спиритуално битие.

40 ГОДИНИ ЈОГА ДРУШТВО - СТРУГА, 1985 - 2025ЕСЕНСКАТА ЈОГА ВО СТРУГА ЗАПОЧНУВА НА ПОЧЕТОК НА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ.ЧАСОВИТЕ ЌЕ ...
16/09/2025

40 ГОДИНИ ЈОГА ДРУШТВО - СТРУГА, 1985 - 2025

ЕСЕНСКАТА ЈОГА ВО СТРУГА ЗАПОЧНУВА НА ПОЧЕТОК НА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ.
ЧАСОВИТЕ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ВО ВТОРНИК И ПЕТОК.

СЛЕДЕТЕ НЕ ТУКА ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ.

Благодарност за оригиналната уметничка честитка Даниела Ѓоргоноска 🙏
25/08/2025

Благодарност за оригиналната уметничка честитка Даниела Ѓоргоноска 🙏

Address

Ul. Daljani 12
Struga
6330

Opening Hours

Tuesday 18:30 - 21:30
Wednesday 19:00 - 20:00
Thursday 18:30 - 21:30
Sunday 07:00 - 08:00

Telephone

+38977817432

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when JOGA DRUSHTVO - STRUGA posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to JOGA DRUSHTVO - STRUGA:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram