20/11/2025
Не игнорирајте ги знаците што срцето ви ги испраќа.
Аритмија е нарушен или неправилен ритам на срцето кој понекогаш останува незабележан. Оваа состојба може да се препознае по знаци како што се прескокнување или забрзано чукање на срцето, чувство на слабост, вртоглавица, замор или блага непријатност во градите.
Потребно е да се јавите на лекар ако симптомите се повторуваат, траат подолго или предизвикуваат непријатност, а итна медицинска помош е неопходна при силна болка во градите, ненадејна вртоглавица или губење на свест.
Внимавајте на ритамот на срцето и реагирајте навремено за вашето добро.
Закажете преглед на телефонските броеви:
Дијагностички центар - Струмица +389 34 320 302 | +389 70 408 064
Жан Митрев Клиника - Скопје: +389 2 3091 484 | +389 2 3104 931
#аритмија