04/11/2023
За реконекцијата
Reconnective Healing е искуство…
Енергијата, светлината и информациите СЕ ИСКУСТВА како што е и секој од нас! А што е енергија, светлина и информација? ТИЕ се Бог, Љубовта, Универзумот (или изберете ваши зборови за нив)! Тие се бесконечен потенцијал познат во целата наука, телото, умот и духот“.
-Dr.Eric & Jillian
Реконекцијата е светски призната природна енергетска метода донесена од др.Ерик Перл долгогодишен киропрактичар во Америка. Таа е враќање кон целовитоста, таа е Животен Напредок. Ново ниво на исцелување! Ги надминува традиционалните техники за енергетско исцелување.
Служи за подобрување на психофизичкото здравје на човекот.Спаѓа во квантна медицина и се заснова на холистички пристап.
Бидејќи не е ниту терапија ниту третман и не се фокусира на симптомите фрекфенциите на реконекцијата делуваат на човекот како целина на сите 4 нивоа(-физичко, емоционално, ментално, духовно)враќајќи ги истите во рамнотежа и поттикнуваат нивно правилно функционирање доаѓајќи до процес на самоисцелување.
Сепак, искуството со овие фрекфенции е нешто многу, многу повеќе.
Траење на една реконективна сесија
*Една сесија трае одприлика половина час.
*Се препорачуваат да се направат од 1-3 сесии во краток времески период.
*Клиентот сам одлучува колку сесии му се потребни.
Бенефити од Реконективната сесија
*Зголемена енергичност
*подобрување на психофизичкото здравје
*ослободување од стравови, длабока опуштеност, внатрешен мир, зголемена интуиција, креативност
Лична реконекција
Личната реконекција е постапка преку која повторно се поврзуваат разделените аксиотонални линии (енергетски меридијани) на човекот со енергетските меридијани на планетата Земја и Универзумот.
Се работи еднаш во живот во 2 дена(секоја сесија трае 30-45 минути) едноподруго со еден ист практичар(помеѓу 2та дела не смеат да поминат повеќе од 72 часа).
*Не се работи на далечина
Препорачливо, но не е неопходно пред Личната реконекција да се направат 1-3 сесии Реконективно исцелување.
Бенефити од Лична реконекција
*Длабоко опуштање и мир
*Ослободување од стравови и чувство на вина
*Зголемена енергиија виталност и сила
*Зголемена креативност
*Зголемена способност за примање и давање љубов
*Уживање во сегашниот момент
*Балансирање на ендокриниот систем кој го контролира метаболизмот
Личната реконекција предизвикува големи промени и напредок во животот на лицето врз кое е направена лична реконекција, а исто влијае и на неготвото севкупно здравје.
Во зависност од спремноста на човекот промените доагаат во период од 3,6 месеци, после повеќе години бидејќи еднаш иницираниот процес не запира и трае низ целиот живот. Многу луѓе кои поминале низ својата Лична реконекција доживуваат дратични промени во своите животи во период од 6-12 месеци.
Разлика меѓу Реконективно исцелување и Лична реконекција
Иако се користат фрекфенции на иста енергија разликата е во намената.
Додека намената на реконективното исцелување е повраток во оптмалната состојба на равнотежа на човекот на сите 4 нивоа - повраток во баланс, намената на Личната реконекција е да не поврзе во целост со нашата нераскинлива врска со универзумот, да го забрза нашиот личен развој, да ги спознаеме и оставриме нашите потенцијали. Како последица на тоа поврзување доаѓа до подобар проток на енергија .Нашата вибација сега се менува бидејќи сега сме во склад со луѓето околу нас и со сиот универзум, и следствено на тоа се менува и се што привлекуваме во нашиот живот.
Работа на далечина
Сеансите по реконективно исцелување се работат и на далечина и се исто толку ефикасни како и живо, додека Личната реконекција се прави исклучиво во живо.
За време на сеансите ќе лежите на грб на кревет со затворени очи. Се што треба да правите е да се набљудувате себе си и да бидете љубопитни и отворени за се што може да доживеете.
Како практичар по реконективно исцелување до сега сум сведок на многубројни психофизички промени кај клиентите како на пример:
Нестанок на болки во грб, кичма, главоболки, мирен сон кај клиент кој претходно со години се будел по неколку пати навечер, чувство на мир, смиреност, поголем праг на толеранција во однсоите со другите, поголемо трпение, раскинување на врски кои не ни служат и кои не се за наше добро(партнерски врски, пријателски врски,бизнис врски) итн...
Како практичар по лична реконекција од Октомври наваму има направено неколку лични реконекции. Feed back од една клиентка е дека животот станува полесен. Поинаку гледа на работите, приметува дека околината поинаку ја доживува. Работите кои ги сака ги прави полесно и побрзо.....
За подетални информации пишете во ДМ.