Здружение До бебе по патот на ИВФ

Здружение До бебе по патот на ИВФ Дел од целите:
Зголемување на бројот на ваучери за прво дете и поголем дел од терапијата на позитивна

22/11/2025

Movember - Заедно на патот до бебе со дипломиран нутриционист и магистар по контрола на квалитет на храна Билјана Ристеска +389 78 308 816

Мит: Мажите треба да јадат многу месо за да имаат сила и енергија.

Факт: Прекумерното конзумирање на црвено месо може да го зголеми ризикот од појава на рак на дебелото црево и срцеви болести. Балансираната исхрана која што содржи растителни протеини како што се гравот, леќата, киноата, грашакот и печурките може да направи добар баланс и доволен внес на амино киселини во организамот. Со самото тоа ја намалува инфламацијата на нашето тело.

Извршниот комитет на Fertility Europe се собра во Брисел за неколку продуктивни денови исполнети со идеи, планирање и за...
22/11/2025

Извршниот комитет на Fertility Europe се собра во Брисел за неколку продуктивни денови исполнети со идеи, планирање и заедничка работа. Наш претставник беше м-р Despina Petrovska.Ваквите средби лице-в-лице се навистина ретки и драгоцени – токму тие ја зајакнуваат нашата заедничка визија и ни помагаат да растеме уште посилни.

Исто така, имавме одлична можност да се сретнеме со претседателите на ESHRE и да ги споделиме нашите тековни активности, планови и амбиции за иднината.

Голема благодарност до сите кои го вложија своето време, енергија и искрена посветеност во разговорите за иднината на Fertility Europe.

The Fertility Europe Executive Committee convened in Brussels for a productive couple of days of brainstorming, planning, and collaboration. It is always a rare and precious opportunity to work together in person and strengthen our shared vision, and we cherish it enormously.

We also had the chance to meet with the ESHRE Chairs to update them on our ongoing work, plans and aspirations.

A massive thank you to everyone who dedicated their time and effort to fruitful conversations about Fertility Europe's future.

✨ Успешно ја реализиравме обуката „Вмрежување, градење мрежи за поддршка и партнерства помеѓу граѓанските организации, г...
22/11/2025

✨ Успешно ја реализиравме обуката „Вмрежување, градење мрежи за поддршка и партнерства помеѓу граѓанските организации, граѓаните и локалната самоуправа“! ✨
📅 15 и 16 ноември, х. Глориус – Велешко Езеро
На дводневната обука, посветена на зајакнување на соработката, комуникацијата и партнерствата во локалните заедници, учествуваа 25 граѓански организации.
🔹 Што постигнавме?
• Го продлабочивме знаењето за ефикасно вмрежување и коалициско делување.
• Развивме практични вештини за градење доверба и партнерства со локалните институции и граѓаните.
• Идентификувавме можности за заеднички иницијативи кои ќе придонесат за позитивни промени во заедниците.
• Го зајакнавме меѓусебното поврзување и создадовме основа за идни соработки помеѓу организациите.
🌱 Учесниците изработија и кратки планови за вмрежување и заеднички акции, кои ќе продолжат да живеат и по завршувањето на обуката.
🙏 Голема благодарност до сите учесници за активната вклученост, размената на искуства и заедничкиот дух.

Обуки реализирани во рамките на проектот: “Гласот и учеството на жените и младите во креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество„ спроведена
од Women Civic Initiative Antico и орг.партнери Секогаш Соживот и Adrion
со финасиска поддрршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas

Embassy of Switzerland in North Macedonia

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

21/11/2025

Movember - Заедно на патот до бебе

МИТ: „Ако еднаш спермограмот е добар, секогаш е добар.“

ФАКТ: Болест, стрес, начин на исхрана, консумирање на алкохолни пијалоци или начин на живот значително влијаат на квалитетот на спермограмот. Тој може да се промени од месец во месец.

20/11/2025

Movember- Заедно на патот до бебе

🧪 Мит: Анализата на семениот материјал е комплицирана и непотребна.

Факт: Тоа е едноставен и брз преглед што дава клучни информации за плодноста и е прв чекор при ИВФ процесите.
Редовната проверка значи навремена грижа.

Европската недела на плодноста го сврти фокусот кон проблемот на инфертилитетот и потребата од навремена, точна и достап...
20/11/2025

Европската недела на плодноста го сврти фокусот кон проблемот на инфертилитетот и потребата од навремена, точна и достапна едукација за репродуктивното здравје.

Во центарот на вниманието беше здружението „До бебе по патот на ИВФ“, кое во соработка со Fertility Europe ја актуелизира оваа тема под мотото „Знаењето носи сила, фактите носат промена“. Во време кога голем број млади лица се сѐ уште несвесни за факторите што влијаат врз плодноста, а репродуктивното образование е непостојано и нерамномерно, ова здружение се залага за рушење на табуата околу неплодноста и за обезбедување пристап до вистински информации. Трите настани, вклучувајќи и кафе-средби со експерти, отворени трибини и онлајн кампањи, ги приближија фактите и на вистинскиот начин ги открија митови и предрасуди поврзани со оваа тема. Повеќегодишните активности на здружението не само што ја подигнаа јавната свест, туку и резултираа со конкретни законски промени и подобрувања во пристапот до лекови и терапии, овозможувајќи реална помош за условите на инфертилитетот во Македонија. Овој разговор со иницијаторите на „До бебе по патот на ИВФ“ продолжува да ја истражува важноста на овие чекори и идните предизвици на патот кон родителството.

Благодариме Александра Спасеска и Kajgana.com ❤️
Прочитајте го целосниот текст 👇👇👇

Европската недела на плодноста го сврти фокусот кон проблемот на инфертилитетот и потребата од навремена, точна и достапна едукација за репродуктивното здравје.

✨ Денес во утринската програма Македонија Наутро на Македонска Радио Телевизија гостин беше м-р Despina Petrovska, претс...
19/11/2025

✨ Денес во утринската програма Македонија Наутро на Македонска Радио Телевизија гостин беше м-р Despina Petrovska, претседател на Здружението До бебе по патот на ИВФ.

Во разговорот таа се осврна на клучни теми важни за сите ИВФ пациенти во Македонија:

🔹 Измените на Законот за БПО и заложбите на здружението за зголемување на бројот на ин витро ваучери.
🔹 Промените на позитивната листа, со што антикоагулансите конечно ќе бидат достапни со рецепт – голем чекор напред за пациентите!
🔹 Европската недела на плодноста, важноста на точни, достапни и навремени информации и подигнување на свеста.
🔹 Идните иницијативи и активности на Здружението за подобрување на пристапот и третманот на неплодноста во земјава.

💜 Продолжуваме гласно, посветено и заедно да се бориме за подобра поддршка и услови за сите кои чекорат по патот до бебе.

#ДоБебеПоПатотНаИВФ #ИВФМакедонија #РепродуктивноЗдравје #ЕвропскаНеделаНаПлодноста ✨

Погледнете повеќе 👇👇👇

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

19/11/2025

Movember: Заедно на патот до бебе

Мит: Протеините се само за боди билдери.

Факт:Протеините се од клучно значење за секој маж, не само за мускули туку и за репродуктивното здравје, хормонален баланс, имунитетот и здрави крвни клетки

18/11/2025

Movember-заедно на патот до бебе

Мит: Машката плодност е стабилна низ целиот живот.

Факт: Истражувањата покажуваат дека со возраста се намалува квалитетот на репродуктивните клетки и хормоналната рамнотежа и затоа е битно редовните прегледи здравата исхрана и физичката активност кои што се клучни за зачувувањето на репродуктивната функција и на општото здравје

💜 17 Ноември – Светски ден на предвремено родени децаМалите херои кои се борат најсилно.Денес им оддаваме почит на сите ...
17/11/2025

💜 17 Ноември – Светски ден на предвремено родени деца
Малите херои кои се борат најсилно.

Денес им оддаваме почит на сите предвремено родени бебиња – на нивната храброст, на силата на родителите и на неверојатната посветеност на медицинскиот персонал кој секој ден спасува мали животи.

Секое мало раче, секој мал здив, е победа.
Секоја грамче сила – е надеж.
Секој чекор напред – е чудо.

💜 Во „До бебе по патот на ИВФ“ веруваме дека секое бебе, без разлика кога пристигнува на свет, носи бесконечна љубов и моќ да промени животи.

📢 Да шириме свест.
📢 Да ги поддржиме родителите што поминале низ тешка и неизвесна борба.
📢 Да ја раскажуваме приказната за малите борци што учат цел свет што значи храброст.

За сите наши мали херои – ви благодариме што постоите и што нè потсетувате колку е силно човечкото срце. 💜✨

#ДоБебеПоПатотНаИВФ #МалиХерои #17Ноември #Свест #Поддршка #Прематурци

16/11/2025

"Movember - Заедно на патот до бебе"

Мит: Мажите немаат потреба од редовни прегледи.

Факт: Проверка кај уролог или андролог е исто толку важна како гинеколошкиот преглед кај жените.
Раната дијагноза значи подобри шанси, особено кога парот планира бременост.

15/11/2025

"Movember - Заедно на патот до бебе"

Мит: Замрзнување семен материјал е само за болни или повозрасни мажи.

Факт: Замрзнувањето на репродуктивен материјал е паметна и превентивна опција за секој што сака да го зачува своето репродуктивно здравје за иднината.

#ДоБебеПоПатотНаИВФ

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение До бебе по патот на ИВФ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Здружение До бебе по патот на ИВФ:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram