New Nutritionism

New Nutritionism Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from New Nutritionism, Nutritionist, Ulica Makedonija Luj Paster br. 5, North.

Центар за здрав начин на исхрана!

• Изработка на индивидуални програми за здраво намалување на телесна маса
• превенција и поддршка при разни видови заболувања
• поддршка и третман при зголемена телесна маса кај деца
• закажете консултација на 078/308816

Да се посветиме на сопственото здравје и духовен мир пред да биде доцна за тоа. Да превенираме и спречиме пред да има по...
15/11/2025

Да се посветиме на сопственото здравје и духовен мир пред да биде доцна за тоа.
Да превенираме и спречиме пред да има потреба од третман и лекување.

Инвестицијата во себе е бесценета!
Единствено таа е вистински вредна и враќа со бенефит.

Темата која ќе ја разработувам периодов дојде спонтано.
Поттикната од пациенти кои се соочуваат со неплодност од различни причини.

Да се поддржиме и си помогнеме.

Не се двоумете и не ја одложувајте средбата со нутриционист.
Ќе научите зошто ДА или зошто НЕ за многу нешта.
Ќе научите КАКО и КОГА.
Ќе си заминете побогати со знаење и нови навики кои не се менуваат.

Кога личната сила се сретнува со јавната политика: зошто сега е време за здрави промени?ВоведВо Македонија, како и во мн...
19/10/2025

Кога личната сила се сретнува со јавната политика: зошто сега е време за здрави промени?

Вовед
Во Македонија, како и во многу други земји, бројките на луѓе со прекумерна телесна маса и со здравствени проблеми како замастен црн дроб, дијабетес и други хронични болести, се во пораст. Според Global Nutrition Report, околу 24 % од жените и 25 % од мажите се со прекумерна телесна маса или дебелина.
Ситуацијата не е само прашање на поединец, туку и на систем: исхраната, животниот стил, пристапот до здравствена грижа, законодавството и јавните политики - сите играат значајна улога.

Што се случува сега
• Политиките кои се насочени кон борба против дебелината и подобрување на исхраната се сѐ повеќе приоритет. Една таква акција е документот на WHO: Nutrition, physical activity and obesity in North Macedonia: from data to policy action, кој ги истражува сегашните состојби и потенцијалните интервенции.
• Македонија има водич за исхрана од Институтот за јавно здравје, усвоен од Министерството за здравство, со препораки како: избор на интегрални житарици, повеќе свеж зеленчук и овошје, намалување на консумација на преработена храна и шеќери, користење помалку сол и масти.
• Исто така, има зголемено интересирање и побарувачка за активна нутриција (sports nutrition, functional foods, dietary supplements) — луѓето сѐ повеќе сакаат продукти кои помагаат за подобро здравје, енергија, и поддршка на телото, не само краткорочно слабеење.

Зошто е ова важно сега
• Кога бројот на луѓе со прекумерна телесна маса расте, здравствените системи се оптоварени: лечење на хронични болести, лекови, хоспитализации.
Превенција преку здрава исхрана и нормална тежина може да ги намали овие трошоци, и да го подобри квалитетот на живот.
• За поединецот, промените не мора да се радикални: постепено намалување на преработена храна, повеќе влакна и протеини, повеќе вода, редовно движење — овие се избори што носат резултати ако се зачуваат на подолг рок.
• Политиките можат да помогнат со создавање на поддршка: регулирање на реклами за нездрава храна, подобрување на училишни оброци, промоција на здрави и локални производи, субвенции за здрава храна, едукација на јавноста.

Продолжува во коментар.

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето? Во Македонија, секојдневно се  среќаваме со хра...
18/10/2025

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето?

Во Македонија, секојдневно се среќаваме со храна како: паштети, виршли, салами, бели пецива, грицки, индустриски добиени колачи, слатки и газирани пијалоци.
Сите овие спаѓаат во категоријата ултра-обработена храна (UPF) – вкусна, практична, но полна со скриени шеќери, нездрави масти и адитиви.

👉 Најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои главно се хранат со ваква храна потешко слабат, иако внесуваат иста количина калории како оние што јадат свежи, минимално обработени намирници.
Причината?
Недостаток на влакна, побрзо варење и чувство на глад, како и складирање масти, особено во црниот дроб.

✔ Што можеш да направиш?

• Наместо салама, избери месо или риба.
• Наместо бело лепче, избери интегрален или леб без брашно, овесен, 'ржан или спелтин леб.
• Наместо чипс, земи јатки или свежо овошје.
• Наместо индустриски сок, испиј чаша вода или домашна лимонада.

Едноставни замени, но со големо влијание врз тежината, енергијата и здравјето.

✨ Македонија има богатство од свеж зеленчук, овошје и традиционални јадења што можат да бидат многу поздрава верзија од фабричките алтернативи.
Само треба да избереме свесно.
Свесноста е патот кон добро здравје!

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето? Во Македонија, секојдневно се  среќаваме со хра...
18/10/2025

Зошто преработената храна е тивок непријател за килограмите и здравјето?

Во Македонија, секојдневно се  среќаваме со храна како: паштети, виршли, салами, бели пецива, грицки, индустриски добиени колачи, слатки и газирани пијалоци.
Сите овие спаѓаат во категоријата ултра-обработена храна (UPF) – вкусна, практична, но полна со скриени шеќери, нездрави масти и адитиви.

👉 Најновите истражувања покажуваат дека луѓето кои главно се хранат со ваква храна потешко слабат, иако внесуваат иста количина калории како оние што јадат свежи, минимално обработени намирници.
Причината?
Недостаток на влакна, побрзо варење и чувство на глад, како и складирање масти, особено во црниот дроб.

✔ Што можеш да направиш?

• Наместо салама, избери месо или риба.
• Наместо бело лепче, избери интегрален или леб без брашно,  овесен, 'ржан или спелтин леб.
• Наместо чипс, земи јатки или свежо овошје.
• Наместо индустриски сок, испиј чаша вода или домашна лимонада.

Едноставни замени, но со големо влијание врз тежината, енергијата и здравјето.

✨ Македонија има богатство од свеж зеленчук, овошје и традиционални јадења што можат да бидат многу поздрава верзија од фабричките алтернативи.
Само треба да избереме свесно.
Свесноста е патот кон добро здравје!

Среќа е да си среќен кога работиш. Среќа е да ги правиш другите луѓе среќни.Среќа е да си живСреќа е да си здрав. Превзе...
30/09/2025

Среќа е да си среќен кога работиш.
Среќа е да ги правиш другите луѓе среќни.
Среќа е да си жив
Среќа е да си здрав.

Превземи чекор додека не е доцна.

Среќата е во секој од нас.
Не и вртете грб - смело погледнете и во очи!

А за сите оние кои имаат минутка плус, линкот во прилог.

Голем поздрав и благодарам до сите мои досегашни пациенти.
Заради вас сум јас - јас.

Велат, човек учи додека е жив - ви благодарам што ми ја дадовте и давате таа можност
Заедно да учиме и се поддржуваме.
Секогаш за и кон подобро.♥️🙏💕🍀

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.faktor.mk%2Fmrzlivi-sme---posegnuvame-po-suplementi-bidejkji-toa-e-polesniot-nachin-da-vneseme-nekoj-marko-ili-mikro-element-razgovor-so-nutricionistkata-biljana-risteska-&h=AT1tmFZPt7khdzxrNrmCFOvTjERabAq3e7AKsTK2W-JidYzYzZalimPuvjA8518osdhoTfOTTmPlgrX-iBqYds3A2baPEtdBMc9IcDOnlkp1VbbJYF7pHY4Tqd09QDk&s=1

🍂 Есен– време на нов почеток-  направете позитивни промени за телото и духот Есента не е само промена во природата, туку...
23/09/2025

🍂 Есен– време на нов почеток-  направете позитивни промени за телото и духот

Есента не е само промена во природата, туку и во нас.
Со секое жолто ливче што паѓа, само се потсетуваме дека и нашето тело заслужува нов циклус на грижа и обновување. Овој период носи богата палета на сезонски плодови – тиква, грозје јаболка, круши, мушмули, дренки, дуњи, костени, ореви – кои не само што се вкусни, туку и совршено превенираат заболувања на црниот дроб, срцето и го зајакнуваат имунитетот.
Во свежите утрински прошетки, додека воздухот носи мирис на дожд и земја, вреди да се сетиме дека есента е идеално време да направиме мал "пресврт" во исхраната.
Наместо рафинирани шеќери и "тешка" храна, да му подариме здрави протеини, здрави масти и влакна кои ќе ја одржат енергијата стабилна и ќе помогнат во одржување на добога здравје, но и намалување на некој килограм доколку има потреба.

Започнете го денот со солен појадок – омлет од белки со зеленчук или топол тост од интегрална тортиља со авокадо.

За ужина изберете јаболко со неколку ореви, а ручекот нека биде лесен, но хранлив – телешко месо или риба со сезонска салата.

Есента е тука за да нè научи дека секоја промена е шанса. Како што природата се подготвува за ново раѓање, така и ние можеме да ја искористиме оваа сезона за да изградиме поздрави навики и да ја зајакнеме својата внатрешна рамнотежа.

✨ Оваа есен, нека вашиот избор биде здравје.

Гојазност кај деца – доаѓа тивко , но остава сериозни последици  Детското тело расте. Но кога расте и телесната маса над...
18/08/2025

Гојазност кај деца – доаѓа тивко , но остава сериозни последици

Детското тело расте.
Но кога расте и телесната маса над здравите и дозволени граници – тоа не е „само фаза“.

👀 Сѐ повеќе деца денес имаат зголемен холестерол, покачен крвен притисок, инсулинска резистенција, па дури и замастен црн дроб – пред да наполнат 10 години.

❗ Гојазноста не е само визуелен проблем – туку и сериозен ризик за:
• 🫀 Кардиоваскуларни болести во млада возраст
• 🧠 Ниска самодоверба, анксиозност, депресија
• 🍬 Дијабет тип 2 – сѐ почест кај деца
• 🦴 Оштетување на зглобови и кичма поради прекумерна телесна маса
• 🧬 Хормонални пореметувања и рана пубертетска фаза

💡 Но има надеж – и почнува од дома.
Не со забрани, туку со пример.

👨‍👩‍👧‍👦  На детето не му треба „диета“. Му треба водство, поддршка и вистински избор – на трпезата, во маркет, во секојдневието.

📩 Работам со деца и родители – со реален пристап, разновидни и здрави менија, и психолошки грижа без осуда.

Ако и ти сакаш твоето дете да расте здраво, силно и среќно –💬 Пиши ми.
Вистинската промена е најубавиот подарок што можете да му го подарите на своето дете.
За здрава и силна иднина.
За една цела здрава генерација.

#ДетскоЗдравје #ГојазностКајДеца #ЈадиИграјРасти #СвесноРодителство #НеДиетаТукуЉубовИподдршка

✨ Богородичниот пост – време за духовна и телесна чистота ✨ Денес започнува Богородичниот пост – две недели посветени на...
14/08/2025

✨ Богородичниот пост – време за духовна и телесна чистота ✨

Денес започнува Богородичниот пост – две недели посветени на духовна тишина, смирение и подготовка за големиот празник Успение на Пресвета Богородица (28 август).

Овој пост е посебен – не е само воздржување од храна, туку и начин да го исчистиме срцето, мислите и делата.

🌿 Постот ни нуди можност:
• Да се вратиме кон внатрешниот мир
• Да се оддалечиме од непотребниот метеж и хаос кој владее насекаде околу нас
• Да ја зајакнеме вербата и љубовта
• Да се посветиме на молитва, добри дела и благодарност

Храната што ја јадеме во овие денови не е само физичка потреба – таа е дел од нашата духовна дисциплина.
Со едноставна и растителна исхрана му даваме одмор на телото, а со молитвата – сила на душата.

🙏 Да ги поминеме овие денови со тивка радост, простување и љубов кон ближните.
Нека Пресвета Богородица ни биде закрилница и утеха, а нашиот пост – мост кон повеќе светлина во животот.

📿 „Со пост, молитва и љубов – срцето станува поблиску до Бога.“

❤️ Исхраната како најдобра поддршка за срцето ❤️ Кардиоваскуларните болести станаа дел од нашето секојдневие. Се почесто...
11/08/2025

❤️ Исхраната како најдобра поддршка за срцето ❤️

Кардиоваскуларните болести станаа дел од нашето секојдневие.
Се почесто се дијагностицираат и третираат пациенти со кардиоваскуларни проблеми и заболувања.

Но, не очајувајте.
Храната има многу што "гласно" да каже во поглед на овие состојби.

Дали знаеш дека малите промени во чинијата носат големи резултати за срцето?
Еве што значи вистински „супер“ оброк:

🥦 Повеќе растително, помалку преработено
– Бојата на чинијата е бојата на животот!
Зеленчукот е твој најдобар сојузник.

🫒 Масти – но само оние добрите
– Маслиново масло, авокадо, ореви и семки – не се твои непријатели, туку храна за артериите.

🧂 Внимавај на солта – не на вкусот!
– Природни зачини, лимон и лук се одлични природни засилувачи без да ја оптоварат срцевата работа.

🐟 Одбери риба барем 2 пати неделно
– Омега-3 масните киселини се благодет за срцевиот ритам.

🥖 Цели зрна, не бели брашна
– Интегралниот леб, киноа, овесна каша – ја балансираат енергијата и го чуваат крвниот притисок.

🚶‍♂️ И запомни: Храната "работи" најдобро кога се движиме, правилно дишеме и живееме со свесност.

💡 Твоето срце заслужува поддршка секој ден – не само кога нешто ќе тргне наопаку.

🫶 Ако ти или твоите блиски се соочуваат со висок притисок, холестерол или други срцеви предизвици –
📩 Пиши ми, подготвив специјална програма за исхрана што штити, храни и не одзема – туку само додава живот 👌

#ЗдравоСрце #ИсхранаЗаЖивот #Кардиоздравје #ЈадиПаметноЖивејДолго

☀️ Лето е време за себе! 🌴 Оваа сезона не е само за плажа и сонце – туку и за обновување на телото и умот! Летото ни нос...
01/08/2025

☀️ Лето е време за себе! 🌴

Оваа сезона не е само за плажа и сонце – туку и за обновување на телото и умот!

Летото ни носи многу повеќе од бронзен тен.
Тоа е природен детокс за телото, прилика за повеќе движење, свежа храна и време за уживање без вина.

Еве неколку летни тајни кои можат да го променат твоето здравје и расположение:

🍉 Јади храна во различна боја – Секој оброк нека биде во боите на летото: лубеница, боровинки, праски, кајсии, грозје, малини, капини, пиперки, краставици, домати...
Полн погодок за силен имунитет, здрава кожа и многу енергија!

💦 Хидрирај се паметно – Не чекај да ожеднеш.
Почни го денот со вода со лимон, додади нане, ѓумбир или краставица за вкус и свежина.

🚶‍♀️ Диши и движи се – Искористи ги раните утрински или доцните вечерни часови за прошетка или лесно вежбање. Телото ќе ти биде благодарно.

🧘‍♀️ Пушти го стресот на одмор – "Медитирај" 5 минути на балкон или под сенка со омилена музика. Да, и ова е дел од здравиот начин на живот.

🧴 Чувај ја кожата, не само фигурата – SPF не е луксуз, туку навика.
А вистинскиот сјај доаѓа однатре – од храна, вода и мир во умот.

🔔 Не заборавај: Летото не трае вечно – но твоето здравје може да се одржува во добра благосостојба низ сите годишни времиња.

💬 Сподели во коментари – како ти се грижиш за себе во лето?

☀️ Летото е тука – време е да си кажеш: Јас сум приоритет! 🌿💛Ова не е само сезона на сонце, туку сезона на нови навики, ...
31/07/2025

☀️ Летото е тука – време е да си кажеш: Јас сум приоритет! 🌿💛

Ова не е само сезона на сонце, туку сезона на нови навики, нова енергија и ново ТИ.

✨ Наместо диети и притисоци – избери љубов и трпение кон телото,
✨ Наместо "по викендот почнувам" – почни со едноставен утрински ритуал,
✨ Наместо вина за сладолед – избери балансирани, умерени и свежи, "вистински" и квалитетни оброци.

Ова лето те повикува да:

🍑 Јадеш паметно, без компромиси
💧 Пиеш вода со цел, не само по потреба или од навика
🚶‍♀️ Се движиш и кога не си на плажа,
🫶 Го слушаш телото, не вагата

Ако сакаш професионално водство, мотивација и инспирација –тука сум за тебе преку моите програми за исхрана полни со вкус, едноставност и реален пристап.

И што е уште поважно - секоја програма е персонализирана и точно подготвена само за тебе!
Индивидуалноста на прво место.

📩 Пиши ми – закажи го твојот термин за здрава и позитивна промена!
-
-
#енергијапрекуисхрана #здравахрана

Address

Ulica Makedonija Luj Paster Br. 5
North
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when New Nutritionism posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to New Nutritionism:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category