Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ

Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ АСМЛ е невладина, неполитичка и непрофитабилна организација која ги обединува младите лекари и лекарите на специјализација во РМ

Наша визија е доктор на специјализација образован по највисоките Европски и светски стандарди за медицинска едукација – лекар сериозно одговорен пред медицинските етички принципи, со цврсто изграден морал кон својата професија и кон колегите,но пред се млад општ лекар или лекар на специјализација задоволен од својот статус, необременет со грижа за основни егзистенцијални прашања.

Почитувани колеги,БЦКП „Солуција“ со задоволство ве поканува на панел дискусијата „Ни наши, ни ваши - реформа за фер вра...
19/11/2025

Почитувани колеги,

БЦКП „Солуција“ со задоволство ве поканува на панел дискусијата „Ни наши, ни ваши - реформа за фер вработувања во здравството“
што ќе се одржи во Јавна соба, Скопје, на 25.11.2025, вторник, 15.00 ч.

Панел дискусијата ќе биде за текот на реформите во процесот на вработување во јавното здравство, а во прилог ви ја објавуваме и агендата за настанот.

Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 24 ноември (понеделник) преку следниов линк:

https://forms.gle/1YyFscF9BtJufr4F8

За било какви прашања во врска со настанот ви стоиме на располагање.

Бројката во реалност е за жал поголема!  🥹Повикуваме на итна долгорочна стратегија која ќе биде преточена во законско ре...
10/11/2025

Бројката во реалност е за жал поголема! 🥹
Повикуваме на итна долгорочна стратегија која ќе биде преточена во законско решение кое ќе гарантира поголема сигурност на колегите особено на колегите приватни специјализанти!

Сите колеги дел од здравствениот систем треба да имаат соодветни бенефиции согласно нивната изложеност и ризиците со кои...
31/10/2025

Сите колеги дел од здравствениот систем треба да имаат соодветни бенефиции согласно нивната изложеност и ризиците со кои се соочуваат при работењето!

Ве молиме да се обединиме и да помогнеме на нашиот млад колега! 🙏🙏🙏
30/09/2025

Ве молиме да се обединиме и да помогнеме на нашиот млад колега! 🙏🙏🙏

🙏💙 Да го спасиме Спасение!

Нашиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје се соочува со најтешката битка – акутна миелоидна леукемија (АМЛ). 😔

➡️ Првата хемотерапија во Македонија не даде резултати. Сега неговата надеж е лекување во Загреб 🇭🇷, каде што постојат поголеми шанси за закрепнување.
https://ecrowd.mk/projects/0f60f701-de12-470e-8440-2dd5f1da4470

⏳ Времето е клучно – потребна е финансиска помош за да продолжи со третманот.

✨ Секој ваш придонес значи чекор поблиску до животот што Спасение го заслужува.
Да бидеме заедно, да подадеме рака и да му дадеме сила! 🤝💙

Промената на ова законско решение е нешто што Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ  го бара повеќе од 10 го...
21/09/2025

Промената на ова законско решение е нешто што Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го бара повеќе од 10 години, промена која ќе донесе реална разлика во конкурсите за вработување!

biznisvesti.mk - Конечно: Крај за законски даденото право директорите на болници да си примаат доктори од партиски список!

Случај вреден за секоја пофалба! 🙏                           Браво колеги! 🙏🧡
20/09/2025

Случај вреден за секоја пофалба! 🙏 Браво колеги! 🙏🧡

Почина Д-р Виктор Исјановски! 😥Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите.Почивај во мир...
30/08/2025

Почина Д-р Виктор Исјановски! 😥
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите.
Почивај во мир докторе! 🙏

Голема пофалба за овој потег на нашите колеги од Клиниката за урологија! 👏👏👏
12/08/2025

Голема пофалба за овој потег на нашите колеги од Клиниката за урологија! 👏👏👏

26/07/2025

Д-р Бојан Трајковски во име на Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ имаше можност во централните вести на Сител ТВ да даде свое излагање за нашите ставови во однос на младите лекари и нивното заминување од државата!

Address

Ulica Bojmija Br. 4/27
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram