17/11/2025
Викендов се реализираше уште еден успешен курс организиран од Промедика Стоматологија, во едукативниот центар на Промедика.
Курсот за Basic Exocad е идеален почеток за сите кои немаат или имаат малку искуство со Exocad, но сакаат да се впуштат во светот на дигиталниот дентален дизајн.
Во видеото, нашата менторка Александра Симоновска – забен техничар со 20 години искуство и Exocad експерт, објаснува дека едукацијата се одвива преку теоретски и практичен дел, овозможувајќи им на учесниците веднаш да го применат стекнатото знаење.
🎙️ Од Промедика Стоматологија се обрати Д-р. Ана, која потенцира дека овој курс е само еден од многуте кои ги организираме со цел да им ја подобриме, олесниме и унапредиме работата на професионалците во стоматологијата и заботехничките лаборатории.
Нашата мисија е постојано да создадаваме вредност и поддршка за стручната заедница.
📘 Со курсот учесниците се здобиваат со:
✅ Практична обука со експертско водство, чекор по чекор
✅ Пристап и директна комуникација со инструкторот
✅ Материјали за користење во иднина
✅ Сертификат за завршување