Natural Beauty_N

  • Home
  • Natural Beauty_N

Natural Beauty_N Zdravje Ubavina Soveti

24/06/2025

ТЕМНИ ДАМКИ НА ДЛАНКИТЕ-КАКО ДА ГИ ОДСТРАНИМЕ

КУРКУМА И МЛЕКО

Потребно е да измешате една лажичка куркума со малку млеко додека не добиете густа смеса. Добиената маска тријте ја на лактите и оставете ја да отстои 5 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

МАСЛИНОВО МАСЛО

За овој проблем може да ви помогне и маслиновото масло. Измешајте лажичка маслиново масло со лажичка шеќер и направете пилинг. По 5 минути темелно исплакнете и намачкајте со крема.

ПОРТОКАЛ

Може да помешате и сок од малку портокал со 1 лажичка сончогледово масло и со оваа мешавина да ги масирате лактите околу 5 минути.

Сите рецепти се на природна база, затоа уживајте и разубавувајте се.

24/06/2025

НЕГА НА КОЖАТА НА ЛАКТИТЕ

ИЗБЕЛУВАЊЕ И ЕКСФОЛИЈАЦИЈА СО ЛИМОН

Ексфолијацијата е клучен елемент во негата на рапавата кожа на лактите, бидејќи го отстранува слојот од мртви клетки кој освен што не е пријатен на допир, може и да придонесе за појава на темни флеки.

НЕГА СО ЛИМОН

Пресечете еден лимон и исцедете го сокот од едната половина. Во сокот додајте една голема лажица шеќер и половина мала лажичка маслиново масло за да добиете смеса која потсетува на влажен песок. Земете од смесата и со кружни движења масирајте ги лактите 2-3 минути. Измијте ја кожата со топла вода.

Со другата половина од лимонот истријте ги лактите. Доколку врз кожата има парчиња од пулпата, тргнете ги, но немојте да се миете. Оставете ја кожата да се исуши и измијте ја дури по 3-4 часа. Лимонот е природен „избелувач“.

ОМЕКНУВАЊЕ НА КОЖАТА СО ВАЗЕЛИН

Сувата кожа на лактите ќе стане минато за вас доколку редовно користите вазелин. Непосредно по туширањето, премачкајте подебел слој вазелин врз лактите и на рацете навлечете чорапи на кои сте им го отсекле делот кај прстите. Поставете ги чорапите така што „петицата“ да биде поставена на лактите. Оставете го вазелинот да ја негува вашата кожа во текот на ноќта.

Доколку не сакате да спиете со вазелин и чорапи на рацете, можете да се намачкате со вазелин и да ги замотате лактите со најлонска фолија. Откако ќе помине еден час, извадете ја фолијата и со салфетка избришете го вишокот вазелин, но не измивајте.

Средете ги стапалатаИ на крајот немојте да заборавите на стапалата кои долго време биле во затворени обувки. По секое ту...
06/06/2025

Средете ги стапалата

И на крајот немојте да заборавите на стапалата кои долго време биле во затворени обувки. По секое туширање истријте ги петиците со специјален камен, а потоа на стапалата нанесете подебел слој хидратантна крема и облечете памучни чорапи.

Маска за нега на стапалаОваа маска се нанесува на вашите стапала во текот на ноќта. Во мал сад помешајте четири лажици б...
06/06/2025

Маска за нега на стапала

Оваа маска се нанесува на вашите стапала во текот на ноќта. Во мал сад помешајте четири лажици бадемово или маслиново масло, две лажици путер од какао, две лажици мед и четири капсули богати со витамин Е. Нанесете ја маската на нозе, облечете памучни чорапи и оставете да делува во текот на ноќта . Наутро отстранете ги чорапите и измијте ги нозете со топла вода.

Пудер

За да направите мирисен пудер за стапала, ви треба една лажица сода бикарбона и 5-10 капки од вашето омилено етерично масло. Во пластична вреќичка помешајте ја содата и маслото и добро протресете. После секое миење на стапалата нанесувајте ја смесата. Содата делува како антибактериски агенс и го спречува прекумерното потење на стапалата, а маслото спречува да се прошират одредени инфекции и бактерии по должината на стапалото.

Припремете ги вашите стапала за летоОвесна кашаВо еден сад со средна големина помешајте три чашки овесни снегулки со три...
06/06/2025

Припремете ги вашите стапала за лето

Овесна каша

Во еден сад со средна големина помешајте три чашки овесни снегулки со три лажици маслиново масло. Масирајте ги нежно стапалата со оваа смеса пет минути, а потоа измијте ги нозете и оставете ги да се одморат.

Шеќер

За следниот третман кој што можете да го користите за да ги разбудите вашите стапала од зимскиот сон ви се потребни: три лажици кафеав шеќер, една лажица мед, една лажичка сок од свеж исцеден лимон и една лажичка бадемово или маслиново масло. Измешајте ги состојките додека смесата не се соедини. Потоа со кружни движења масирајте ги вашите стапала и на крај измијте ги нозете со топла вода.

Сол

Опуштен пилинг за освежување на вашите стапала можете да направите доколку во еден сад помешате една чаша морска сол, една чаша и половина ладна вода и две капки етерично масло од лаванда. Кога смесата ќе се изедначи, почнете со лесна масажа на вашите стапала неколку минути, а потоа измијте ги нозете и оставете ги да се одморат.

Лаванда

Следниот третман се однесува на комплетно опуштање на вашите стапала. Во сад наполнете пет литри вода, ставете неколку капки етерично масло од лаванда и 1 чаша морска сол. Потопете ги нозете во садот и останете така 10-15 минути, а потоа избришете ги.

ЛЕТНА НЕГАВратете и ја влагата на кожатаНеопходната влажност на кожата ќе и ја врати маслото или млекото за тело со вита...
06/06/2025

ЛЕТНА НЕГА

Вратете и ја влагата на кожата

Неопходната влажност на кожата ќе и ја врати маслото или млекото за тело со витамин Е или алое вера. Огрубената кожа на лактите и колената повторно ќе биде мазна ако редовно правите механички пилинг.

Спречете го перутањето

На високи температури кожата на лицето е изложена на разни иритации, па не ретко се јавуваат алергиски реакции, перутање или црвенило. Поради тоа, пред да излезете на сонце користете креми кои што содржат каротен и витамин Е, а ако кожата на лицето ви е премногу сува, пијте повеќе вода.

31/05/2025

ПАКОВАЊЕ ОД МАЛИНКИ
Се пасираат една рака малинки,се додава малку свежа павлака и 1 лажиче мед.Маската стои 15 минути и се мие со млака вода.

31/05/2025

БОРОВИНКА И ЈОГУРТ

Боровинките имаат одлични особини за подобрување на имунитетот, кои можат да помогнат на вашата кожа да сјае.

Потребно е:

-Неколку свежи боровинки
-½ чаша обичен јогурт

Изгмечете ги боровинките и промешајте ги со јогуртот да се добие смеса.
Добро измешајте и нанесете ја маската на лицето.
Оставете 15 минути, а потоа измијте со топла вода.

31/05/2025

ЗА ПОМЛАДА КОЖА

Потребни состојки:

-грст боровинки
-грст малини
-грст капини

Начин на подготовка:

Маската е готова кога ќе ги измешате сите состојки и ќе добиете хомогена смеса.

Начин на употреба:

Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да стои 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Се препорачува да ја користите маската двапати неделно.

31/05/2025

БОРОВИНКИ ЗА НЕГУВАНА И СЈАЈНА КОЖА

Витаминот Е кој се наоѓа во ова овошје ѝ помага на кожата да се брани од надворешните влијанија и ѝ овозможува таа секогаш да биде хидрирана. Иако ни се чини дека во летниот период внесуваме доволно вода, зголеменото потење влијае на нејзиното губење и затоа нашата кожа често изгледа изморено и дехидрирано. Затоа е потребно да го внесуваме витаминот Е кој на нашата кожа ќе ѝ ја обезбеди потребната влажност.

Маската од боровинки може да ја направите сами и доволно е да ја практикувате само еднаш неделно за да ја хидрирате кожата. Во блендер ставете една рака боровинки, сок од еден лимон, рака исечкани бадеми, лажичка полномасен јогурт и лажичка мед. Мешајте сè додека не добиете изедначена смеса и оставете ја малку во фрижидер за да се стегне. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и врат и оставете ја 20 минути. После тоа измасирајте ја кожата, за да направете благ пилинг, па потоа измијте ја.

23/05/2025

ЗА НОРМАЛНА КОЖА ЈАГОДИ СО МЕД ИЛИ ЈОГУРТ

Помешајте 50 грама изгмечени јагоди со лажица природен мед и/или 3 лажици кисело млеко (јогурт). Нанесете ја маската на чисто лице, оставете ја да делува 15 минути. Маската ќе ја затегне кожата и ќе го врати младешкиот изглед.

23/05/2025

Address


Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Natural Beauty_N posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram