Nutri3M

Nutri3M Марија Матовска,
м-р нутриционист
e-mail: nutri3m23@gmail.com

✨ Бесплатен вебинар за родители и деца: Заедно градиме здрави навики✨Драги родители и драги дечиња, ве покануваме на еде...
05/11/2025

✨ Бесплатен вебинар за родители и деца: Заедно градиме здрави навики✨

Драги родители и драги дечиња, ве покануваме на еден весел, едукативен вебинар, каде ќе имате можност да дознаете многу повеќе за правилниот и здрав начин на исхрана. 🍎💛

Ќе ви откриеме како да изградите здрави навики уште од најмали нозе, кои ужинки навистина го хранат телото, и како заедно, родителите со децата, да создадете мали ритуали за подобро секојдневие.

👨‍👩‍👧 Родителите ќе добијат практични совети, идеи за лесни оброци и начини како да поттикнете љубов кон здравата храна. Бидете вистинскиот пример за вашите најмили!
🧒 И децата покрај вас ќе бидат мотивирани да се хранат здраво, бидејќи тие прават се онака како што правите и вие.

🎁 Сите учесници добиваат ГРАТИС брошура со брзи рецепти за здрави ужинки + специјални интерактивни шаблони за децата за следење на нивните здрави навики!

Пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/bANpdwP4gPcPpNd48

Драги родители и драги дечиња, ве покануваме на еден весел, едукативен вебинар, каде ќе имате можност да дознаете многу повеќе за правилниот и здрав начин на исхран....

✨Дневна мотивација✨🥗Со конзумирање на вистинските намирници, ќе се чувствувате свежо и енергично дури и во овие тмурни е...
29/10/2025

✨Дневна мотивација✨

🥗Со конзумирање на вистинските намирници, ќе се чувствувате свежо и енергично дури и во овие тмурни есенски денови. 🤸🏻‍♀️🍂🍃

💁🏻‍♀️Внесувањето на вистинската храна, навистина прави разлика. 🙌🏻

#здраваисхрана #здравје #здравјетопредсѐ
#здравинавики #мотивација #среќа #грижазасебе #нутриционист #нутриционистмк #диететичар

📌На 16.10., ја имав таа чест и задоволство да одржам предавање во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола, по повод Светскиот ден н...
18/10/2025

📌На 16.10., ја имав таа чест и задоволство да одржам предавање во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола, по повод Светскиот ден на храната.💚✨
👧👦Децата ја имаа таа можност да дознаат нешто повеќе за Светскиот ден на храната и неговата значајност, како и да постават прашања за сѐ што ги интересира во однос на правилниот и здрав начин на исхрана.
😊Благодарам до колективот на ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола за идејата и иницијативата за ваков настан. 🤝
#СветскиДенНаХраната #презентација #учимезаедно #здравјетопредсѐ #нутриционист #нутриционистмк #здравинавики #здравахрана #здравахраназадеца #факти

📌💁Овој ден не потсетува дека храната е многу повеќе од нешто што го ставаме во чинија , таа е темел на здравјето, култур...
16/10/2025

📌💁Овој ден не потсетува дека храната е многу повеќе од нешто што го ставаме во чинија , таа е темел на здравјето, културата и животната средина. Иако глобално се произведува доволно храна за сите, една третина од неа завршува како отпад, додека милиони луѓе се соочуваат со глад секој ден.

Затоа, денес е момент да размислиме како можеме секојдневно да придонесеме за поодржлив систем на здрава исхрана: со внимателен избор на производи, со почит кон храната и со намалување на отпадот. Малите промени во нашите навики можат да имаат големо влијание. 🌱✨
#нутриционист #здравинавики #диететичар #здраваисхрана #факти #здравахрана

📌Мисла на денот 💚  #мисланаденот  #здравјетопредсѐ  #здравје  #здравјенапрвоместо  #најважна  #инвестиција  #инвестиција...
06/10/2025

📌Мисла на денот 💚
#мисланаденот #здравјетопредсѐ #здравје #здравјенапрвоместо #најважна #инвестиција #инвестицијавосебе #грижазасебе #совети #нутриционист #нутриционистмк #факти #здравинавики #диететичар

📌Многу често, во моето секојдневие, ги слушам овие митови поврзани со исхраната, па дојде време да ги разбиеме. 💁‍♀️💚При...
04/10/2025

📌Многу често, во моето секојдневие, ги слушам овие митови поврзани со исхраната, па дојде време да ги разбиеме. 💁‍♀️
💚Приложените факти нека бидат вашиот поттик конечно да се ставите себе си на прво место и да изберете здрав и персонализиран начин на исхрана. 🥗
#баланс #енергија #персонализиранплан #живејздраво #свеснаисхрана #исхранаеталек #здравјепредсè #нутриционистмк #интереснифакти #персонализиранаисхрана #здравживот #нутриционист #диететичар

🌿 Вашето тело заслужува план за исхрана кој го слуша. 🌱👩‍⚕Секој организам има свој ритам, свои предизвици и свои потреби...
23/09/2025

🌿 Вашето тело заслужува план за исхрана кој го слуша. 🌱

👩‍⚕Секој организам има свој ритам, свои предизвици и свои потреби, затоа и не постои универзална формула за здрава исхрана. Она што е вистинско решение за еден човек, може да претставува пречка за друг.

Токму тука доаѓа важноста на персонализираниот план:
✨ ја зема предвид вашата здравствена состојба,
✨ се прилагодува на вашиот начин на живот,
✨ ги следи вашите цели и желби.

📝Персонализираната исхрана не е тренд, таа е основа на здравјето, превенцијата и подобрувањето на квалитетот на живот. Без разлика дали сакате да чувствувате повеќе енергија, подобра рамнотежа или поддршка при конкретна состојба, вистинскиот план за исхрана е вашиот патоказ.

📩 Пријавете се денес и откријте колку правилниот начин на исхрана може да ги подобри вашето здравје и благосостојба!

#исхрана #здравживот #персонализиранплан #нутриционист #баланс #енергија #здравјепредсè #свеснаисхрана #подоброздравје #исхранаеталек #живејздраво #здравјетоесила #здраваисхрана #диететичар #персонализиранаисхрана

📌Намирници кои ја поддржуваат тироидната жлезда: Бразилски оревиДали знаевте дека? 👉Селенот кој го содржат бразилските о...
17/09/2025

📌Намирници кои ја поддржуваат тироидната жлезда: Бразилски ореви
Дали знаевте дека?

👉Селенот кој го содржат бразилските ореви е есенцијален минерал кој влијае на когнитивната функција, имунолошкиот систем, штити од оксидативен стрес и потребен е за нормална функцијата на тироидната жлезда.

❗️Напомена: Не се препорачува прекумерна суплементација, бидејќи селенот во високи дози е токсичен.

#дализнаевтедека #бразилскиорев #тироиднажлезда #здравјетопредсè #факти #интереснифакти #нутриционист #нутриционистмк #диететичар

✨ Персонализиран план за исхрана за поддршка на тироидната жлезда ✨Тироидната жлезда е исклучително важна жлезда: таа е ...
15/09/2025

✨ Персонализиран план за исхрана за поддршка на тироидната жлезда ✨

Тироидната жлезда е исклучително важна жлезда: таа е диригентот на метаболизмот, енергијата, расположението и целокупната хормонална рамнотежа. 🧩

📌Кога нејзината работа е нарушена, многу процеси во телото се забавуваат или забрзуваат, а тоа често носи симптоми како замор, промени во тежината, проблеми со концентрацијата, па дури и промени во расположението.

🥗Токму затоа исхраната игра огромна улога. Правилниот избор на намирници може да помогне да се поддржи работата на тироидната жлезда, да се намалат воспалителните процеси и да ѝ се обезбедат клучните хранливи материи кои ѝ се потребни. 🌱

📝Персонализираниот план што го изработувам е направен само за вас, и ги зема предвид:
✅ вашата здравствена состојба и лабораториски резултати🔬🧬,
✅ вашите навики и ритам на живот🏃‍♀️,
✅ вашите цели, желби и потреби🤝.

📩 Ако се соочувате со предизвици со тироидната жлезда и сакате исхрана прилагодена само на вашите потреби – исконтактирај ме за консултација. Малите промени во исхраната можат да направат голема разлика во вашето секојдневие.
#здраваисхрана #персонализиранплан #нутриционист #здравјенапрвоместо #баланс #тироиднажлезда #исхраназатироидна #здравјетопредсè #диететичар #здравоживеење

👩‍⚕️ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА  - и сè што треба да знаете за неа💁‍♀️📌Тироидната жлезда е ендокрин орган сместен во предниот дел ...
12/09/2025

👩‍⚕️ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА - и сè што треба да знаете за неа💁‍♀️

📌Тироидната жлезда е ендокрин орган сместен во предниот дел на вратот кој има навистина огромна улога: таа е одговорна за функционирањето на метаболизмот.

👉Низ оваа објава ќе може да се запознаете подобро со функцијата на тироидната жлезда, што се случува кога нешто не е во ред со неа и како исхраната влијае врз состојбите на тироидната жлезда.

📝Податоците кои се наведени во оваа објава се извадоци од мојот магистерски труд, со наслов: ,, Медицинска и нутритивна терапија кај пациенти со дисфункција на тироидната жлезда – хипотироидизам’’ , Технолошко-технички факултет-Велес, 2023 (http://bit.ly/3V9ohWu)

Паметниот избор на грицки може да направи огромна разлика: и на твоето расположение и на твоето здравје. 💪🥒📌 Еве неколку...
30/07/2025

Паметниот избор на грицки може да направи огромна разлика: и на твоето расположение и на твоето здравје. 💪🥒
📌 Еве неколку идеи за здрави грицки што се совршени за патување – без вишок шеќер, без празни калории:
🍎свежо овошје,
🥜јаткасти плодови и сушено овошје,
🥕исечкан зеленчук со хумус,
🌯тортиља со зеленчук,
🍫здрави бомбици или црно чоколадо,
🥪сендвич со зеленчук.

📘 Краток водич: Како да останам во форма додека патувам? ✈️🏖️👩‍⚕️Инспирирана од клиентите и од едно од најчесто поставен...
25/07/2025

📘 Краток водич: Како да останам во форма додека патувам? ✈️🏖️

👩‍⚕️Инспирирана од клиентите и од едно од најчесто поставените прашања 🤔, а тоа е како да го прилагодам начинот на исхрана додека патувам, се решив да ви дадам неколку корисни совети ✅ за тоа како да останете во форма додека сте на одмор.

🍎 Следењето на овие совети ќе ви помогне да се задржите на вистинскиот пат ➡️ и се надевам ќе ве мотивира ✨ да продолжите, или дури и да започнете со правилен начин на исхрана.

💬 Имајте на ум дека постојано сум тука за сите вас кои сте заинтересирани да си го подобрите 🧘‍♀️ квалитетот на животот.

❗Па дури и да направите некоја грешка, не дозволувајте та а да ја обликува вашата личност 🙅‍♂️, и да ви стане препрека 🚫 на патот кон поздрав, посреќен и поисполнет живот 🌞.

🔑 Запомнете: здравјето е вашата најважна инвестиција 💚, нешто без коешто сè е залудно.
🔥 Ова лето, ставете се себе си на прво место! 🥇🌿

#нутриционист #диететичар #здравинавики #водич #кориснисовети #лето #патување #здравје #здравјетопредсѐ

Address

Bitola

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nutri3M posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Nutri3M:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category