14/11/2025
ОТВОРЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Tvoj Doktor Doma Halkmed и Homecaredoula
Ординација Халкмед, сервисот „Твој Доктор Дома“ и здружението HomeCareDoula (нега на стари лица) имаат константна потреба од креирање на база податоци од персонал за различни позиции .
Инклузивност и почитување на различности
Во Халкмед, „Твој Доктор Дома“ и HomeCareDoula, цениме инклузивност и хармонија во тимот:
Нашата цел е да формираме тим кој функционира професионално и хармонично, каде различностите (Пол,Вера религија) се вредност, а не пречка, и каде секој вработен се оценува според својот професионализам, посветеност и грижа за пациентите.
1. Доктор на медицина (ДМ)
Работа во ординација и терен („Твој Доктор Дома“)
Флексибилни локации: Бит Пазар, Чаир, Топанско и терен низ Скопје
Дежурства
Проценка на состојба, И.В. и мускулна терапија
Возачка дозвола и сопствено возило – предност
Можност за пријавување само за терен преглед дома и дежурства
2. Медицинска сестра / техничар
Работа во ординација и на терен
И.В. терапија, мускулна апликација, грижа за пациенти
Флексибилно работно време
Возачка дозвола и возило – предност
Можат да се пријават само за терен и дежурства
3. Негуватели / негувателки (HomeCareDoula)
Теренска работа и грижа за стари лица
Помош при лична хигиена и лекови
Возачка дозвола/возило – предност
4. Координатор за HomeCareDoula / Doula
Организација на теренските тимови
Контакт со пациенти и семејства
Следење на квалитетот на услугите
Искусни кандидати во домашна нега или Doula услуги – предност
---
Филозофија и очекувања од персоналот
Работното време е граница, но здравјето на пациентите не познава време – персоналот е емпатичен и одговорен
Почитува надлежност и граници, но покажува внимание и грижа кон пациентите
Прави тријажа и знае што е приоритет, а што може да се одложи
Не покажува ароганција – напротив, понизност, трпение и внимание се клучни
Гледа во очи и почитува, создавајќи доверба кај пациентите
Пациентите не тњ бараат случајно – тие веруваат во тебе, знаат дека твоето знаење и искуство се уникатни и можеби нема на кого друг да се обратат...а штом те побарале насвор од твоето работно време значи им требаш...
Вредноста на твојата работа се мери со влијанието и довербата што ја градиш
Вредности, лојалност и професионален развој
Персоналот создава вредност која е повеќе од плата
Лојалноста на пациентите значи напредок на институцијата, стабилност и можност за подобри плати и услови за персоналот
Работењето со внимание, емпатија и трпение ја зголемува довербата на пациентите и гради лична и професионална вредност
Вработените го следат здружениот визионерски пристап: да се развие сервис во кој коегзистираат медицинскиот аспект преку услугата „Твој Доктор Дома - Халкмед“ и социјален аспект со HomeCareDoula, создавајќи заедничка вредност – грижа за животот и здравјето на пациентите
Нудиме
Професионална, инклузивна и поддржувачка работна средина чиј креатори сте лично🫵вие... Односите вредностите атмосверата, културата во заедницата се правопропорционални со нивото на културата воспитувањето и знаењето кои ја сочинуваат сите чинители.
Коректна редовна плата
Обука, поддршка и стабилност
Работни локации
Бит Пазар • Чаир • Топанско Поле • Терен низ цело Скопје
Аплицирање
📧 dr.jovanoska@halkmed.mk
📞 077 706 601
Политика на транспарентност – Халкмед
Халкмед верува во доверба изградена преку транспарентност.
За целите на информирање и маркетинг, име, презиме и фотографија на докторите, медицинските сестри и персоналот може да се користат на веб-страницата и на официјалните објави, за пациентите да го запознаат тимот кој се грижи за нив.
За секое работно место услов е да поседувате соодветна лиценца за работа и положени државни испити за сестрите.