25/04/2026
Честит Светски ден на ветеринарите!
Денес оддаваме признание на сите ветеринари – клучни чувари на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје. Вашата посветеност, стручност и секојдневна работа се темел на здраво општество и сигурен агро-прехранбен систем.
Во услови на сериозни предизвици со кои се соочува ветеринарната професија, вашата улога станува уште поважна и поодговорна.
По повод овој значаен ден, вчера Ветеринарната комора на Република Македонија организираше координативен состанок на кој присуствуваа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, д-р Оливер Миланов, како и Националната координаторка за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика д-р Верче Мицевска.
Преку отворена и конструктивна дискусија со членовите на Комората, беа разгледани сите актуелни прашања и сериозната состојба во која се наоѓа теренската ветеринарна служба.
Претставниците на државните институции изразија подготвеност за засилена соработка со Ветеринарната комора, со цел заедничко надминување на предизвиците и обезбедување стабилен и одржлив систем.
Ветеринарната комора останува посветена на заштита на професијата и подобрување на условите за работа, во интерес на сите граѓани.
Со почит и благодарност,
Честит празник на сите ветеринари!