Јаворка Постоловска - Психолог и гешталт психотерапевт

  • Home
  • Macedonia
  • Berovo
  • Јаворка Постоловска - Психолог и гешталт психотерапевт

Јаворка Постоловска - Психолог и гешталт психотерапевт ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР ,,МЛАДЕН КОСТИЌ“ - АСПЕКТИ
Подружница А?

Јаворка Постоловска е дипломиран психолог на Катедрата за психологија на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1995 година работи како психолог и професор по психологија во ОСУ „Ацо Русковски“ во Берово. Од 2015 год. е сертифициран Гешталт-психотерапевт од Гешталт-центарот „Младен Костиќ“ - Аспекти во Скопје.

Гешталт терапијата е една од широко прифатените нови психотераписки правци. Ос

новната цел на гешталт терапијата е да и помогне на личноста да постигне интегрираност и целовитост.
Проблемите се составен дел на животот и како такви не можеме да ги избегнеме, но можеме да се соочиме со нив.
Дали некогаш сте се почувствувале беспомошни да се справите со своите проблеми?
Ако е така вие не сте единствени, но некогаш не сме свесни колку ние самите сме вистински проблем.
Кога имаме проблем, потребна ни е промена!
,,Промените се случуваат кога некој ќе стане свесен за тоа што е, а не кога се обидува да стане тоа што не е“.
Дали и вие сакате да се уверите во оваа парадоксална мудрост на животот?
Доколку сакате да се уверите, тоа можете да го постигнете со ПСИХОТЕРАПИЈА која ќе Ви овозможи полесно разрешување и надминување на одредени психолошки состојби:
 Ако се доживувате СЕБЕ СИ како неуспешни, несигурни, неодлучни, неефикасни или со чувство на помала вредност
 Нарушена комуникација со средината (семејството, родителите, на работното место, со пријателите)
 Траума, стрес и стресни ситуации со кои тешко се справувате
 Анксиозност и стравови
 Депресивност и осаменост
 Пореметување на спиењето, несоница, кошмарни сонови
 Психосоматски пореметувања
 Животни кризи
Гешталт психотерапијата ги третира проблемите на животот како составен дел на секојдневието.
Наменета е за здрави луѓе со потешкотии
(деца, млади, возрасни, стари, болни) и лица во рехабилитација за психичко зајакнување.

Минатото е минато преку кое сме стекнале искуство, иднината не сме ја спознале, а сегашноста е тука и да ја искористиме, зашто секој момент може да премине во минато.....Отварајќи го богатството на своето внатрешно битие, се менуваме, а нашиот живот станува поквалитетен, побогат, посмислен....
Направете го првиот чекор по патот кој води до личен раст и развој, со што добивате можност да научите како сами да се справувате со животните проблеми.

31/01/2023

Со години Македонците се едни од најнесреќните народи на Балканот и во Европа, додека Финците веќе петта година по ред се лидери на листата на најсреќни нации.

Зачекоривме во новата година, во ново поле на можности, нови хоризонти, нови очекувања! Поставете си јасни цели, не прег...
10/01/2023

Зачекоривме во новата година, во ново поле на можности, нови хоризонти, нови очекувања! Поставете си јасни цели, не преголеми амбиции, но и не премали, бидејќи и едните и другите ве оптоваруваат. Вооружете се со љубов за себе, но и за другите, поставете си граници за себе, но и за другите, особено оние „токсичните“ за вас. Бидете горди на успехот, но прифатете го и неуспехот, радувајте им се на малите убави нешта кои ја одржуваат позитивната енергија во вас. Посветете се на себе, дајте им шанса на промените во вас, на вашиот личен раст и развој. Направете го вашиот живот интересен, за да не ви биде туѓиот поинтересен. Во животот внесете живот, а не само грижа за животот, бидејќи ниеден ден во годината, ниеден момент од денот немаат реприза!

03/12/2022

"Ако му се потсмеваш на дете кое е поинакво, тоа ќе се смее заедно со тебе, бидејќи неговата невиност е поголема од твојата ароганција."

Przemek Kossakowski

Повод: 3 декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост

„Се плашам како ќе биде“„Многу сум нервозна“„Се плашам дека полудувам“Анксиозност, панични напади, отсуство на желба, гн...
10/10/2022

„Се плашам како ќе биде“
„Многу сум нервозна“
„Се плашам дека полудувам“
Анксиозност, панични напади, отсуство на желба, гнев, „старо нормално“, „ново нормално“ и што ќе биде утре - измачувачки прашања, констатации, сѐ почесто.
Сме се запрашале ли колку сме среќни?
Среќата не е нешто што доаѓа случајно - треба да се направи нешто.
Зголемете ја свесноста за вашето ментално здравје! Грижете се за него!

02/06/2022

Бранот поскапувања кој ја зафати Македонија ќе се одрази и на психолошката состојба на граѓаните, посебно на оние кои и претходно едвај врзувале крај со крај.

Денес е Светски ден на менталното здравје! За да си помогнете себе и на своите најблиски, побарајте стручна помош! Не по...
10/10/2021

Денес е Светски ден на менталното здравје!
За да си помогнете себе и на своите најблиски, побарајте стручна помош! Не потиснувајте ги емоциите, соочете се со стресот, стравовите и анксиозноста! Менталното здравје повеќе не е табу-тема!

11/08/2021

Ќе извлечеме ли поука?

Секое време/период има своја боја. И ова лето има своја боја и доминантна тема – шумски пожари. Некаде најстрашното помина, некаде сè уште трае, сè уште неизвесност и прашање до кога и до каде? Зелената боја се претопи во црна, сива, чистиот воздух измешан со облаци од чад, мирис на изгорено. Звук на сирени, хеликоптери, биење на камбани. Тажни приказни, неконтролирани емоции. Дразби кои доаѓаат до нашите сетила сакале ние или не, се случија во нашето опкружување. Тука сме сите, возрасни, стари и деца. За уште повеќе да бидеме информирани на дофат ни е мобилниот телефон и интернет. Како да не е доволно она што ни е пред очи, преплавени сме со застрашувачки видеа од пожари, панични изјави на луѓе за она што доживуваат во овие моменти.

Тоа е отприлика приказната во кратки црти, но поводот и мотивот е личната и колективната одговорност спрема менталното здравје во вакви ситуации. Какви ли се ментални слики се врежаа кај луѓето, колку ќе траат, ќе има ли последици? Менталното здравје е битна алка за функционирање на секоја личност, за кое се чини дека малку правиме, ретко зборуваме, а придаваме важност кога ќе се појават проблемите. Во овој контекст има многу да се зборува, но тргнувајќи од сознанието дека знаеме повеќе да бидеме критички настроени, а поретко самокритични, поентата е проценка и самопроценка на зрелоста да се носиме со вакви ситуации, а воедно и поттик да размислиме за надминување на слабостите. А слабости и грешки правиме сите, но дали извлекуваме поука после тоа?

Уште од мали нозе учиме колку е важна природата за нас - шумите, водите, почвата. И покрај тоа што ,,знаеме“, се однесуваме како да не сме ја научиле таа лекција. Сме учеле и за природни, еколошки катастрофи, но ова што се случува не е природна катастрофа. Трагајќи по одговори за нашата одговорност и зрелост за справување со вакви ситуации, наидуваме на уште и уште прашања кои можеби ќе ги најдат своите одговори на друго место и во друго време. Ако сега, после неколку денови кога ,,балонот на тензија “ почна да дише, се обидеме да направиме пресек и увид во она што се случуваше на полето на информирањето, особено преку социјалните мрежи, какви ефекти направија одредени информации, ќе видиме дека се отворија нови прашања за тоа како комуницираме, кои мотиви нè водат, која е целта, колку мислиме на оние кои ги примаат информациите.

Ако во изминатата година и половина бевме преплавени со информации за пандемијата со Ковид-19, црни статистики на заболени и починати, во овој период се соочуваме со статистика на пожари, направени штети, сцени на ,,панични напади“ на луѓе кои се на работ на контрола на своите емоции. Колку сме се запрашале дали и колку сето ова има одраз на менталното здравје на децата, старите, на сите нас? Недоречени пораки и повици за помош, неточни информации прават поголема штета од корист, не информираат туку вознемируваат, прават простор за претпоставки, нереални слики (,,горат куќи, плевни, се евакуираат луѓе“, именување локации зафатени со пожари што всушност е неточно). Кога ,,балонот на тензија“ почна да се дува со преголема брзина за среќа се појавија реакции на ,,лошото“ информирање, смирувачки коментари и информации од ,,очевидци на случувањата“. Секоја чест на исклучоците!

Како одминуваше времето се појавија информации за заслугата на ,,ние“ и ,,тие“, обиди за поделби на единството кое беше сосема спонтано и на високо ниво на почетокот. Не е случајна изреката ,,во секоја лоша работа има и нешто добро“. Катастрофата со шумските пожари од друга страна беше и тест на личност, тест на вредности, доказ на пожртвуваност, организираност, дисциплина и почит на најпрофесионалните во вакви ситуации - војска, полиција, пожарникари (домашни и странски), шумски работници и сите други институции и поединци, како и локалното население, кои на разни начини се вклучија како помагатели.

Сите велат дека досега вакво нешто немаат доживеано и посакуваат никогаш да не се повтори. Но искрено посакувам да не останеме само на констатации, споделување импресии, критики на ,,едни“, одушевеност и величање на ,,други“. Навистина има и моменти за одушевеност и токму тие светли точки во оваа трагедија нека бидат мотив за промена прво кај поединецот. Не може некој друг да нè промени. ,,Големите луѓе“ за себе мислат дека се сосема ,,обични “ кои само си ја вршат работата одговорно и доследно, не очекуваат другите да ги прогласуваат ,,херои“.

Анализите на актуелните случувања треба да придонесат за поголема свесност дека треба да се менуваме. За промена на некои работи ќе биде потребно многу време и ресурси, но да не чекаме предолго да се менуваме и како личности. Како социјални битија зависни од информации и комуникација да почнеме од тука. И овој текст нека се сфати како поглед од страна и апел за поголема грижа за менталното здравје, сопственото и на другите, за тоа како комуницираме, информираме. Да не забораваме дека информациите се лесно достапни за сите категории на луѓе и во зависност од нивната форма и содржина можат да произведат спротивни ефекти. Негативните информации поттикнуваат негативни емоции кои блокираат, не мотивираат. Секој има потреба да комуницира, да дава и прима информации, но да не забораваме дека само со позитивна комуникација ќе постигнеме позитивни ефекти. Преку информацијата не кажуваме нешто за другите и на другите, кажуваме нешто повеќе и за самите нас!

Секое ново искуство е нов тест, но и нова можност за промена. И од најтешките моменти да го извлечеме позитивното, а за среќа имаше и многу позитивни моменти, и како идеја и на дело.

(Текстот е инспириран од случувањата со шумските пожари во Малешевијата)

05/01/2021
Денес е Светски ден на менталното здравје! Годинава, овој ден добива нова димензија, бидејќи нашите животи значително се...
10/10/2020

Денес е Светски ден на менталното здравје!

Годинава, овој ден добива нова димензија, бидејќи нашите животи значително се променија поради пандемијата со КОВИД-19. Изминатите неколку месеци донесоа многу проблеми и предизвици: за здравствените работници кои несебично се вложуваат во борбата против вирусот, за учениците и наставниците кои се приспособуваат на нови начини на работа, за работниците чијашто егзистенција е загрозена, за луѓето затекнати во сиромаштија со минимални услови за живот и заштита од вирусот, како и за луѓето кои веќе се борат со психолошки проблеми и за кои новиот начин на живот уште повеќе ја влошува состојбата.

Затоа, потребно е да се инвестира во менталното здравје, да се зголемува свесноста за важноста на менталното здравје и грижата за себе.

За да си помогнете себе и на своите најблиски, побарајте стручна помош! Не потиснувајте ги емоциите, соочете се со стресот, стравовите и анксиозноста! Менталното здравје повеќе не е табу-тема!

18/03/2020

Да бидеме силни!

Својата сила ќе ја препознаеме во моментите кои ни се тешки, долги, страшни. Својата сила ќе ја препознаеме по тоа колку можеме да ја издржиме „самотијата“, колку можеме да најдеме „смисла“ во тешките моменти на животот. Во животот попатно се соочуваме со предизвици кои ни прават да се чувствуваме лошо. Доколку во животот не би постоеле тие моменти на страв, загриженост, напнатост, неизвесност, не би ги ценеле успесите и убавите моменти што ни се случуваат.
Наместо очајување во тешките моменти потребно е токму нив да ги искористиме за да научиме нешто и да ,,пораснеме“. Можеби нашиот личен раст во вакви моменти е и единственото позитивно нешто во мноштвото негативности со кои се соочуваме. Секој ден живееме со нашите планови, очекувања, исполнувања или неисполнувања. Очекувањата ни се насочени кон другите луѓе, самите нас, кон животот.
Деновиве, додека се носиме со предизвиците на животот, во главата ни се вртат безброј прашања: како ќе биде, до кога ќе потрае, каков ќе биде исходот? Сигурно кон тоа ни се надоврзуваат очекувањата што треба другите да направат (државата, лекарите, локалните власти, вработените во маркетите, аптеките, родителите итн.). Но, едно е сигурно неопходно. Мораме да се запрашаме: Што очекува животот од мене, сега, во овој миг? Очекувано е да се биде и тажен и лут и гневен. Целото тоа доживување е логично, има смисла, но тоа не е доволна утеха за нашата вознемиреност. Не е добар одговор на прашањето. Да ги потиснуваме чувствата и да ги негираме е нереално, не сме ги победиле, а тоа значи не сме мирни, не сме си помогнале ни на себе, ниту на другите. Да ги препознаеме и признаеме е добро, но и тоа не значи дека сме се справиле со нив. Потребно е време да ги прифатиме како реалност, да се адаптираме на нив и затоа е логично што првин реагираме емоционално (со страв, лутина, гнев, отпор), а не рационално. Но, важно е да бидеме свесни за своите емоции, за да ги разбереме и туѓите. На сите ни треба различно време за тоа.За тоа време да не брзаме со заклучоци, одлуки, каква поддршка ни е потребна од се она што ни стои на располагање (особено младите и неискусни личности притиснати од неискуството и стравот да прифатат поддршка која може да им наштети отколку да им помогне). Притоа да не заборавиме да размислиме каква поддршка им е потребна на другите околу нас и што од тоа можеме ние да им понудиме.
Знаеме дека емоционалните реакции најчесто се под влијание на моделите на однесување во нашата околина. Затоа треба да внимаваме на однесувањето, на тоа како разговараме во зависност и од возраста на оние со кои разговараме, што правиме со вознемиреноста, искреноста, емпатијата меѓу нас. Можеби е време за полагање на испитот на зрелоста. Тинејџерите често си го поставуваат прашањето кога е тоа време и што всушност значи зрелоста. Ваквите моменти се предизвик на зрелоста и шанса за оние кои поодамна влегле во тој период и за оние кои тукушто навлегле. Од тој исход ќе учат и најмладите кои сигурно мечтаат за тој момент или период. Ајде сите да се соочиме со предизвикот и да бидеме силни!

Address

Берово
Berovo
2330

Telephone

+38972211258

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Јаворка Постоловска - Психолог и гешталт психотерапевт posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Јаворка Постоловска - Психолог и гешталт психотерапевт:

Share