04/01/2026
ГРИП‼️
❓Што е грип ?- заразно заболување предизвикано од вируси (Orthomyxoviridae) кое се шири по аерокапков пат- со кашлање кивање. Единствен извор на зараза е болен човек. Трите главни типа се А, Б и Ц.
👉Период на инкубација и симптоми - Период на инкубација е 1 до 3 дена.Пациентот од здрав станува наеднаш болен со висока температура , кашлица, главоболка и миалгии (болки во мускулите). 🌡️Температурата е многу висока до 40' C. Истовремено се појавува и токсоинфекциозен синдром: болните се многу омалаксани со пулсирачка главоболка, болка во очните јаболка при движење на очите, болки во вратот, половината, едноставно болка во сите мускули. Истовремено се јавува сува упорна надразнителна кашлица со болка зад градната коска. Грлото е болно, црвено без наслаги и за разлика од другите тонзилофарингити кај грипот нема зголемени лимфни јазли‼️ Кашлицата останува непродуктивна т.е сува и може да трае до две недели.
👉Особености кај различни возрасти: 👧🧒Деца - кај децата почесто има гадење , повраќање и дијареа. Дијареата е почеста кај грип тип Б. Кај доенчиња 👶 и мали деца може од високата температура да настанат фебрилни грчеви.
Возрасните над 60 години и хронично болните имаат потешка форма.
👉Лекување - терапијата е симптоматска како и кај сите вирусни заболувања. ❌Антибиотици не се препорачуваат бидејќи на вируси тие не делуваат, делуваат на бактерии. 🌡️За високата температура се даваат средства за намалување на телесната температура така наречени антипиретици 💊 како парацетамол или бруфен( дозирани правилно особено кај децата по мг на кг телесна тежина). ✅Задолжителен прием на многу течности , одмор лежење во кревет.
Трпение грипот трае, не постои магичен лек кој ќе го излечи за 24 часа
Профилакса
👉Најдобрата заштита останува вакцинацијата 💉за сезонски грип.
👉Никако групирање во затворен простор будејќи многу брзо се шири од човек на човек. ❌
👉Повеќе престој на отворено.
👉Лична хигиена.