13/02/2026
✨Пред. м-р Денис Арсовски од ВМШ меѓу 100 највлијателни гласови во високото образование за 2026 година според Vevox
🌍 Меѓу номинираните носители на меѓународното признание Top 100 Voices in Higher Education 2026 е академски кадар од УКЛО – пред. м-р Денис Арсовски од Висока медицинска школа - Битола, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Тој е вклучен во Top 100 Voices in Higher Education to Follow in 2026, во рамките на глобалната селекција организирана од Vevox – меѓународна иницијатива која секоја година ги издвојува највлијателните гласови во високото образование: лидери, истражувачи, иноватори и носители на промени кои активно придонесуваат кон иднината на наставата, учењето и студентското искуство.
📚 За 2026 година биле доставени илјадници номинации од целиот свет – од универзитети и институции од Канада, САД, Нов Зеланд, Австралија, Обединетото Кралство, Европа, Азија и Јужна Америка. Поради силната конкуренција, процесот на селекција бил високо компетитивен и спроведен од надворешна експертска комисија составена од истакнати академски лидери.
💯 Од сите пристигнати номинации биле селектирани 100 имиња во финалната кратка листа (Top 100 Shortlist), а 50 од нив се вклучени во официјалната финална листа. „Моето име е дел од Top 100 Shortlist, што претставува значајно меѓународно признание и потврда за влијанието и придонесот во областа на високото образование“, посочува Денис Арсовски.
🎓 Во официјалната објава се наведува дека оваа селекција ги препознава поединците кои споделуваат практични и применливи знаења, поддржуваат професионална заедница, ги прават сложените идеи достапни и разбирливи, иницираат промени наместо само да ги коментираат, придонесуваат за инклузивност, еднаквост и пристапност и иновираат во и надвор од училницата – а Денис Арсовски е еден од 100-те највлијателни гласови во високото образование за 2026 година според Vevox.
#укло