БОЖИЛАК - советување и психотерапија

БОЖИЛАК - советување и психотерапија Psiholosko sovetuvanje, psihoterapija, psihodijagnostika i edukacija.

Прекрасна порака/поука:
22/04/2026

Прекрасна порака/поука:

Психотерапевтот Владимир Ѓуриќ се обиде да им помогне на неговите следбеници да ги сфатат луѓето со различни проблеми и на вистински начин да се постават во комуни...

22/04/2026

Често мислиме дека анксиозноста доаѓа одеднаш и „без причина“.

Но вистината некогаш е подлабока.

Позади неа стои тивок механизам кој се активирал многу одамна.

Како?

Преку трауматичните искуства во минатото.

Ако сме растеле со постојано казнување, занемарување или терор— тие искуства не остануваат само лоши спомени.

Туку нов начин на гледање на светот и себеси.

После такви искуства почнуваме:

- Да го гледаме светот како опасно место,
- Да живееме во постојан страв дека нешто лошо ќе се случи
- Да веруваме дека нешто не е во ред со нас

Постојано се плашиме:

Да се доближиме до другите

Да згрешиме

Да се изразиме

Да бидеме напуштени

Да бидеме понижени

Да се разболиме

Да патуваме

Кога излегуваме надвор не забележуваме дека сме нереално исплашени, туку мислиме дека се околу нас е опасно.

Кога ќе добиеме критика не ја гледаме како сугестија за подобрување, туку како уште еден доказ дека не вредиме.

Но, ова може да се промени.

Со само-рефлексија и поддршка од психотерапевт можеме да станеме скептични за ваквите погледи на светот и себеси.

Да ги ставиме на тапет токму во сегашниот момент.

Да истражиме дали се целосна вистина или повеќегодишен товар што го носиме од минатото?

А надминувањето на овој товар почнува со еден мал чекор.

Со сомнеж дека можеби:

- не сме безвредни
- не секој не мрази
- светот не е опасно место за живеење

Доколку сакаш можеш да прочиташ како да се справиш со постојаниот страв дека нешто лошо ќе се случи:

https://www.gestaltmacedonia.com/post/kako-segashniot-moment-ja-namaluva-anksioznosta

22/04/2026

💔 Зошто остануваме во врски што нè повредуваат?

Како психолог и психотерапевт, често гледам дека останувањето во болна врска не е прашање на слабост —туку на длабоко вградени емоционални обрасци.

Остануваме кога:
▪️ стравот од осаменост е посилен од болката
▪️ љубовта ја поврзуваме со трпење (научен модел од рани искуства)
▪️ се активира стравот од напуштање
▪️ вложувањето (емоционално, временско) ни создава чувство дека „мора да издржиме“, посебно кога тоа траело подолг временски период, тука често се појавува коментарот " Зарем толку години да ги фрлам залудно?"
▪️ се врзуваме за потенцијалот, наместо за реалноста

Во терапевтска работа, често се појавува една важна тема:
👉 познатото, дури и кога боли, може да се доживува како побезбедно од непознатото.
Овие врски неретко го активираат нашиот внатрешен систем на приврзаност —
особено ако во минатото љубовта била поврзана со несигурност, отфрлање или недостапност.
Затоа, не се работи само за „зошто не си заминал/а“, туку за тоа:

Што во тебе се активира кога помислуваш да си заминеш?

Обично не е само одлука —
туку цел внатрешен свет што се буди:

▪️ Страв од осаменост
„Ќе останам сам/а… никој нема да ме сака вака.“
▪️ Страв од напуштање (од минатото)
„Повторно ќе бидам оставен/а… како тогаш.“
▪️ Вина
„Можеби јас не се потрудив доволно…“
„Ќе го/ја повредам ако заминам.“
▪️ Сомнеж во себе
„Можеби претерувам… не е толку страшно…“
▪️ Надеж (врзана за потенцијалот)
„Ако издржам уште малку – ќе стане подобро.“
▪️ Навика и емоционална зависност
„Не знам како да функционирам без него/неа.“
▪️ Страв од непознатото
„Што ако надвор е уште полошо?“
▪️ Внатрешен критичар
„Не си доволно добар/а за подобра врска.“

✨ Овие реакции не се случајни.
Тие често се поврзани со нашите рани искуства, начинот на кој сме учеле што е љубови како да бидеме во однос со друг.

👉 Затоа прашањето не е само „дали да заминам“,туку:
дали сум подготвен/а да се соочам со тоа што ќе се појави во мене кога ќе го направам тој чекор?

Размислете: 💬 Која од овие мисли најмногу ве задржува?

Од гешталт перспектива, ова е покана за истражување и работа на себе за:
-зголемување на свесноста
-препознавање на сопствените потреби
-преземање одговорност за изборите што ги правиме денес.

Здравата врска не е онаа без конфликти,
туку онаа во која постои:
✔️ емоционална безбедност
✔️ почит
✔️ простор да бидеш тоа што си

👉 Понекогаш, најважниот чекор во терапевтскиот процес не е да ја „поправиме“ врската, туку личноста да се врати кон себе, да биде во контакт со сопствените потреби и автентичност.

💬 Прашање за размислување:
Што ти станува потешко да изгубиш – врската или себе?
@истакнато #психотерапија

17/04/2026

#ПсихоФизичкоЗдравје
#Одговорност #ГрижаЗаСебе
#ХолистичкиПристап
🕚Сабота, 18.04.2026г
🧭Новаци МКЦ

03/04/2026

Се' повеќе можности за КОМУНИКАЦИЈА, а многу помалку КОНЕКЦИЈА.

СВЕСНОСТ Live Sessions нудат одлично поле за дискурс!
Благодарам Свесност Центар За Психотерапија

29/03/2026
https://www.facebook.com/share/17AJbuMZgG/
18/12/2025

https://www.facebook.com/share/17AJbuMZgG/

Психологијата и психијатријата по многу нешта ја поминуваат границата на она што се нарекува РАБОТА. Тие не се само професии, туку длабоко човечки повици во кои личноста на терапевтот неизбежно е вклучена. Разговорите со клиентот подразбираат емпатија, сочувство, внимателно слушање и тивко присуство, но и заедничко преживување на болката и страдањето на лицето кое стои пред нас.
Во тој процес, терапевтот не е само набљудувач, туку сведок на најранливите моменти од човечкиот живот: стравови, загуби, трауми, вина, срам, надеж... Секоја приказна допира, остава трага и бара внатрешна сила за да се одржи рамнотежата помеѓу професионалната дистанца и човечката блискост.
Токму тука се појавува и тивката тежина на оваа работа, способноста да се носи туѓата болка без да се преземе како сопствена, а сепак да не се изгуби чувствителноста. Да се биде присутен без да се изгориш, да се разбере без да се осуди, да се води без да се наметнува.

Психологијата и психијатријата бараат постојано самопреиспитување, грижа за сопственото ментално здравје и свесност за сопствените граници.

Затоа, тие не се само збир од техники и дијагнози, туку однос меѓу двајца луѓе, во кој довербата, автентичноста и човечноста се подеднакво важни како и знаењето.

17/12/2025

• Престани!!! Не можам да живеам нормално од тебе! Анксиозноста: Но, нешто не е во ред. Ова срцебиење е опасно. • Престани! Сите медицински се нормални. Не можам да се ф...

04/12/2025

Што би и одговорил/а на блиска личност ако ти каже: • “Морам да сум продуктивна, инаку се чувствувам недоволно.” • “Треба да имам кариера и брак на 30, инаку заостан....

Address

Vlatko Milenkoski 39 , Nikola Tesla 29
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38975608111

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when БОЖИЛАК - советување и психотерапија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to БОЖИЛАК - советување и психотерапија:

Share

Category