ОО Црвен Крст- Битола

ОО Црвен Крст- Битола Red Cross Local Branch Bitola

Идејата за хуманост се родила во 1859 год. од страна на швајцарскиот трговец Анри Динан, кој бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, Италија. Тој со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен Комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак Црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија). Тогаш била донесена Конвенција од

10 члена и била прокламирана мисијата на движењето.

Денес меѓународното движење на Црвен крст го сочинуваат три сегменти:
1. Меѓународен Комитет на Црвен крст е со основни задачи:
- Помош на жртвите во вооружени судири;
- Евакуација и медицинска помош.

2. Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина формирана во 1919 година од повеќе Национални друштва со основни задачи:
- Помош на жртвите во катастрофи;
- Грижа за бегалците во други земји;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.

3. Национални друштва – Црвен Крст на Република Македонија со основни задачи наведени во членот 19 од Законот за Црвен крст на РМ.
- Црвен Крст на РМ е формиран 17 Март 1945 година, а како самостојно друштво делува од 21 Мај 1992 година;
- Црвен Крст на РМ од Меѓународниот Комитет на Црвен крст епризнат на 01 Ноември 1995 година, а во Меѓународната федераци ја на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 Ноември 1995 година како 169 членка;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва

27/04/2026
📚 ШКОЛСКИ ГЕНИЈАЛЕЦ - СРЕДНОШКОЛЦИ 📚✨ Во рамки на ПХВ Циклусот, групата „Bene facta“ организира натпревар „Школски гениј...
11/04/2026

📚 ШКОЛСКИ ГЕНИЈАЛЕЦ - СРЕДНОШКОЛЦИ 📚

✨ Во рамки на ПХВ Циклусот, групата „Bene facta“ организира натпревар „Школски генијалец“.
Овој натпревар претставува едукативен квиз наменет за ученици од I (прва) до IV (четврта) година средно образование.
Учениците се натпреваруваат индивидуално во соодветна категорија според нивната
возраст преку прашања од наставната програма, а воедно натпреварот ќе биде спроведен во форма на квиз преку онлајн платформа.
Натпреварот е од хуманитарен карактер така што котизација за учество е 100 денари и исто од награден карактер, така што најдобрите три ученика од секоја категорија ќе добијат награда.

📍 Квизот ќе се одвива во просториите на „Хотел Театар“ ул. „Стив Наумов“ бр.35.
💰 Котизацијата за учество изнесува 100 денари по ученик, а сите собрани средства ќе
бидат донирани на семејства од социјално-загрозен тип.
📧 Може да го пријавите вашето учество најдоцна до 13.04.2026 до 13:00 часот на e-mail адресата: shkolskigenijalecckbt@gmail.com
‼️ Пријавата треба да ги содржи следните податоци: име, презиме и одделение/година на ученикот.

📆 На 15.04.2026 се натпреваруваат ученици од средно образование во две категории и тоа:
Од 10:00 часот ученици од 1-ва и 2-ра година;
Од 11:00 часот ученици од 3-та и 4-та година.

🤗 Ве поттикнуваме сите заедно да ја поддржиме оваа хуманитарна иницијативна и на интересен и едукаивен начин да помогнеме онаму каде што е најпотребно.

#цкмлади #црвенкрст #црвенкрстбитола

11/04/2026
📚 ШКОЛСКИ ГЕНИЈАЛЕЦ 📚✨ Во рамки на ПХВ Циклусот, групата „Bene facta“ организира натпревар „Школски генијалец“. Овој нат...
10/04/2026

📚 ШКОЛСКИ ГЕНИЈАЛЕЦ 📚

✨ Во рамки на ПХВ Циклусот, групата „Bene facta“ организира натпревар „Школски генијалец“.
Овој натпревар претставува едукативен квиз наменет за ученици од IV (четврто) до IX (деветто) одделение.
Учениците се натпреваруваат индивидулно во соодветна категорија според нивната
возраст преку прашања од наставата програма, а воедно натпреварот ќе биде спроведен во форма на квиз преку онлајн платформа.
Натпреварот е од хуманитарен карактер така што котизација за учество е 100 денари и исто од награден карактер
така што најдобрите три ученика од секоја категорија ќе добијат награда.

📍 Квизот ќе се одвива во просториите на „Хотел Театар“ ул. „Стив Наумов“ бр.35.
💰 Котизацијата за учество изнесува 100 денари по ученик, а сите собрани средства ќе
бидат донирани на семејства од социјално-загрозен тип.
📧 Може да го пријавите вашето учество најдоцна до 13.4.2026 до 13:00 на e-mail адресата: shkolskigenijalecckbt@gmail.com
‼️ Пријавата треба да ги содржи следните податоци: име, презиме и година на ученикот.

📆 На 14.4.2026 година се нетпреваруваат ученици од основните училишта во три категории и тоа:
Од 10:00 часот ученици од 4-то и 5-то одделение;
Од 11:00 часот ученици од 6-то и 7-мо одделение;
Од 12:00 часот ученици од 8-мо и 9-то одделение.

🤗 Ве поттикнуваме сите заедно да ја поддржиме оваа хуманитарна иницијативна и на
интересен и едукаивен начин да помогнеме онаму каде што е најпотребно.

📌 На ден 24.03.2026 спроведена екрводарителска акција во СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито " - Битола. На акцијата беа соб...
26/03/2026

📌 На ден 24.03.2026 спроведена е
крводарителска акција во СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито " - Битола. На акцијата беа собрани 50 крвни единици од учениците и вработените.

Со овој хуман чин исите покажаа високо ниво на опшествена одговорност и желба да се поможи онаму каде што е најпотребно 🩸❤️

На ден 23.3.2026 година, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, членови на групата „Заедничка земја“, во рамки на ПХВ...
23/03/2026

На ден 23.3.2026 година, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, членови на групата „Заедничка земја“, во рамки на ПХВ проектот, реализираа посета во духот на меѓусебна почит и соработка.

ООЦК БИТОЛА изразува голема благодарност за топлиот прием и укажаната чест за оваа средба.

Во духот на празникот, се делеше баклава 🧁 како симбол на споделување, почит и љубов – вредности што нè обединуваат сите. ✨

Мали чекори, големи промени. 🌍

#црвенкрст #цкмлади #црвенкрстбитола

На ден 23.03.2026 годин по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, претставници од Општинската организација на Црвен крст...
23/03/2026

На ден 23.03.2026 годин по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, претставници од Општинската организација на Црвен крст Битола извршија посета на Муфтиство на ИВЗ - Битола. ООЦК Битола изразува голема благодарност до Муфтијата Хаџи Ефенди Амид Расими за организираниот прием.

18/03/2026

📌 Што претставува Црвениот крст? - Разговор со Лина Чашитовска, Лидер на Клуб на млади при ООЦК - Битола

📸 Благодарност до Ивана Новачевска за снимање и едитирање на видеото.

#ЦрвенКрст #ЦКмлади #црвенкрстбитола

17/03/2026

📌 17 МАРТ - ОСНОВАЊЕ НА ЦРВЕН КРСТ ВО МАКЕДОНИЈА

👉 По повод 17 Март, основање на Црвен крст во Македонија и светски ден на крводарителството, младите на Општинската Организација на Црвен крст Битола организираа изработка на сложувалка под тема “Нацртај го херојот”, а херојот сме сите ние, волонтерите.
👉 На платото на Офицерски дом Битола, во саботата, 14.3.2026, заедно со ученици од сите основни и средни училишта од нашата Општина, ја изработивме оваа сложувалка која преку една слика искажува илјада зборови.
👉 Црвениот крст е симбол на хуманост и неговата мисија треба да ја шириме меѓу сите!
👉 Исто така изразуваме голема благодарност до нашиот Александар Василевски за прекрасното видео!

❤️ Драги волонтери, честит 17 Март!

#црвенкрст #цкмлади #црвенкрстбитола

Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Муфтиство на ИВЗ - Битола и Муфтијата Хаџи Ефенди Амид Рас...
17/03/2026

Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Муфтиство на ИВЗ - Битола и Муфтијата Хаџи Ефенди Амид Расими , по повод верскиот празник Рамазан Бајрам и 17 Март - Ден на основање на Црвениот крст на РСМ, изврши донација на хуманитарна помош која ќе биде поделена на социјално-загрозени семејства од исламска вероисповед.

17/03/2026

Жарко Пешевски - Ракометар во РК Еурофарм Пелистер и Македонската машка Ракометна репрезентација 💚🤍❤️💛

#СекојМожеДаБидеХерој

17/03/2026

Никола Митревски - Повеќекратен крводарител, Голман на РК Еурофарм Пелистер и Голман на Македонската машка Ракометна репрезентација 💚🤍❤️💛

#СекојМожеДаБидеХерој

Address

Филип Втори Македонски 54
Bitola
7106

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО Црвен Крст- Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ОО Црвен Крст- Битола:

Share