Life academy

Life academy Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Life academy, Yoga studio, Улица Никола Тесла бр. 68, Bitola.

Да го промениме она што можеме да го промениме и да го прифатиме она што не можеме да го промениме.
Место за мотивација и инспирација.
Заедница каде секој е поддржан и информиран за настани и содржини што нè прават подобра верзија од себе. Добредојдовте на Facebook страната на Life academy.

Тука ќе Ве информираме за нашите редовни часови, настани, јин курсеви и работилници.

Формулар за запишување https://bit.ly/Life_academy

03/03/2026

Кога во исто време сакате да ја зголемите флексибилноста, да ја хидрирате фасцијата, да се опуштите (т.е. да го активирате парасимпатичкиот нервен систем), да влијаете на меридијаните на бубрезите и црниот дроб преку адукторните мускули, да го зачувате вашиот Џинг (да го спречите предвременото трошење) и да ја подобрите циркулацијата во карличната зона — ја практикувате Вилинското коњче (Dragonfly).

#јинјога

Еден од најголемите предизвици е да прифатиме дека некогаш едноставно нема ништо што можеме да направиме. Но, исто така ...
02/03/2026

Еден од најголемите предизвици е да прифатиме дека некогаш едноставно нема ништо што можеме да направиме. Но, исто така тој предизвик ни носи слобода, затоа што конечно создаваме простор за работите што навистина зависат од нас.

Трошиме огромна енергија за да го контролираме она што не се контролира: што мислат другите, минатото или како завршиле некои ситуации порано. Прифаќањето не е знак на слабост, туку е чин на голема храбрoст.

Кога прифаќаме, енергијата која сме ја трошеле на грижи можеме да ја насочиме кон личен раст и кон следните чекори. Само кога ќе прифатиме дека една фаза е завршена, можеме јасно да го видиме почетокот на следната.

Да бидеме тука, сега. Да се насочиме на она што можеме да го направиме во овој момент.

🧠Вежба за денес:

Застанете за момент и затворете ги очите. Помислете на нешто кое ви создава немир денес. Запрашајте се искрено: дали ова е нешто што можам да го променам сега?

Ако одговорот е не, кажете си: „Секако нема ништо што можам да направам сега, можам да го оставам и да направам место за нешто подобро. “

Потоа, направете само една мала работа која ви носи задоволство во овој момент. Тоа е нашата моќ денес.

#мотивација #инспирација #личенразвој

25/02/2026

Ако користиме реквизити не сме „губитници“ и не сме послаби. Не сме понапредни само ако вежбаме без тули.

Во функционалната јога користиме тули/блокови затоа што:

• Ги почитуваме скелетните варијации.
• Бараме прецизни сензации на одреден дел од телото.
• Сакаме појасна асиметрија.

Тулите не ја прават положбата полесна, туку попрецизна.

А сепак, понекогаш мислам дека ќе треба вака да жонглирам за да почнат да ги користат! 😂

Напредно не значи помалку поддршка.

Напредно значи попаметна поддршка.

#функционалнајога #мотивација #инспирација

Според Даниел Канеман, имаме два системи на мислење:• Систем 1 (Интуиција / „Срце“): брз, емотивен, инстинктивен и работ...
25/02/2026

Според Даниел Канеман, имаме два системи на мислење:

• Систем 1 (Интуиција / „Срце“): брз, емотивен, инстинктивен и работи без напор.
• Систем 2 (Логика / Разум): бавен, аналитичен и бара голем ментален напор.

Сите ние постојано размислуваме. Понекогаш успешно, понекогаш не толку. Честопати упорно бараме логични решенија, дури и кога не можеме да ги најдеме. Кога тоа ќе се случи, односно кога ќе настапи когнитивен замор, нашиот Систем 2 се преоптоварува и почнува да прави грешки.

Во такви моменти, најпаметно е да му се препуштиме на „срцето“ и да влеземе во период на инкубација. Свесно го оставаме проблемот настрана. Најдобрите идеи често ни доаѓаат под туш, во прошетка или во длабока релаксација. Тогаш нашиот Систем 1 во позадина ги поврзува работите и го наоѓа одговорот што логиката претходно не можела да го види.

Затоа секој час по јога завршува со релаксација. Таа е наш период на инкубација. Свесно одлучуваме да оставиме сè и да дозволиме срцето да нè води.

#личниразвој

⏫Патот до себе не е автопат, туку лична патекаПостојано слушаме и читаме дека одредена дисциплина е „лек за сè“. Знаете ...
22/02/2026

⏫Патот до себе не е автопат, туку лична патека

Постојано слушаме и читаме дека одредена дисциплина е „лек за сè“. Знаете ли зошто на првиот час по јога ви велам дека јогата е за сите, но не се сите за јога?

Ова не е критика, туку признание на вашата уникатност. Совршенството е во автентичноста, а не во формата.

Гледам луѓе кои се присилуваат себеси да бидат тивки на простирката додека нивниот ум „врие“ од немир. Луѓе кои се исцрпуваат во теретана, на аеробик или зумба, само затоа што тоа е тренд. Кога дејствуваме спротивно на нашиот внатрешен темперамент, ние не градиме здравје – ние градиме внатрешен отпор.

Автономијата во изборот е темел на долгорочната ментална стабилност. Ако ви треба брз ритам, ако ви треба искачување на планина или слободата на велосипедизмот – тогаш тоа е вашиот начин на изразување. Јогата е состојба во која умот е смирен, но патот до таа состојба е индивидуален.

Вашата дисциплина е ваш потпис. Не постои хиерархија во движењето. Не е „попаметно“ да медитирате отколку да трчате маратони, ниту е „поздраво“ да стоите на раце отколку да освојувате планински врвови. Најздравата активност за вас е онаа што прави да го заборавите времето и да се потсетите на сопствената моќ.

Кога го правите она што вистински го сакате, вие не трошите енергија; вие ја генерирате.

Ќе добиете поголема мотивација и подлабоко чувство на задоволство од животот. Пред сè, наместо да бидете бледа копија на туѓите идеали, ќе бидете оригинални, уникатни, единствени и неповторливи.

Затоа, престанете да ги следите туѓите мапи. Пронајдете го она што ве исполнува и останете доследни. Дали тоа ќе го најдете во тишината на студиото или во бучавата на ветерот додека возите велосипед, зависи само од вашата автентична природа.

Бидете доследни на себе, а не на трендот.

#мотивација #инспирација #Битола

Дали знаете зошто по секоја јин положба ви давам избор – да направите спротивни движења со телото или воопшто да не се д...
18/02/2026

Дали знаете зошто по секоја јин положба ви давам избор – да направите спротивни движења со телото или воопшто да не се движите?

„Никогаш“ никогаш не е точно, а „секогаш“ е секогаш погрешно.

Јин јогата не е догматска пракса полна со правила и регулативи. Не постои „инспекција за јин јога“ која ќе ве критикува затоа што ја изведувате вашата пракса на начинот кој самите сте го избрале. Вашиот единствен водич треба да биде прашањето: „Дали ова функционира за мене?“

Затоа, јас ќе продолжам да ви нудам опции, како на некое богато мени. Опуштете се по секоја положба во целосна тишина, ако тоа прави да се чувствувате добро, соодветно и правилно за вас. Ако не, пробајте некоја контра-положба – на пример, ако бевте во флексија (наведнување напред), сега направете екстензија (наведнување наназад).

Едноставно слушајте по што копнее вашето тело, па спонтано и органски движете се на кој било начин на кој чувствувате дека е добар за вас во тој момент. Но, каков и да е вашиот избор, правете го тоа со свесност.

Тоа е единствениот начин да знаете дали избраниот пристап навистина функционира за вас. И ако функционира – одлично! Ако не, следниот пат пробајте нешто поинакво.

Ако секогаш претпочитате и уживате во релаксацијата и неподвижноста, или пак секогаш уживате во спротивни движења по секоја положба... тогаш едноставно препуштете се и уживајте во ехото од тоа што направивте!

А сега... што чувствувате дека треба да направите токму сега, во овој момент?

Дали знаевте дека на јога часовите ги мобилизираме и нервите?Практикувањето на јога вежбите носи многу придобивки, а еде...
16/02/2026

Дали знаевте дека на јога часовите ги мобилизираме и нервите?

Практикувањето на јога вежбите носи многу придобивки, а еден систем кој особено обожава движење е периферниот нервен систем. Благодарение на Дејвид Батлер (авторот на The Sensitive Nervous System) и Мајкл Шаклок (авторот на Clinical Neurodynamics), денес знаеме дека нервите не се статични жици, туку динамични структури кои „сакаат“ да се лизгаат.

Според нивните истражувања, вкупната промена на должината на целиот нервен пат на брахијалниот плексус може да изнесува до 15 см при специфични движења на телото. Самиот медијален нерв кај зглобот се лизга околу 10–12 милиметри (1–1.2 см) при движење на прстите и дланката, додека во пределот на подлактицата тоа движење може да достигне и до 2–4 см.

Кај луѓе кои постојано ги користат рацете — програмери, музичари, масери — нервите можат да станат „заглавени“ или иритирани од околните ткива. Тука стапува на сцена невралната мобилизација (Nerve Flossing).

Важно е да се запомни: Нервите не сакаат да бидат силно истегнати, но обожаваат да се лизгаат. Затоа, применуваме нежни и ритмични движења. Со оваа техника не ја надминуваме болката со сила, туку му овозможуваме на нервот повторно да се движи слободно низ ткивата, помагајќи му метафорично „да си го расчисти патот“ и да ја врати својата природна мобилност.

#јога #јинјога #здравје #нервенсистем #мобилност

На санскрит постојат 96 зборови за љубов, а Роберт Џонсон забележал дека на персиски постојат 80 различни зборови за љуб...
14/02/2026

На санскрит постојат 96 зборови за љубов, а Роберт Џонсон забележал дека на персиски постојат 80 различни зборови за љубов.

На македонски, зборот „љубов“ има многубројни значења и опфаќа широк спектар на емоции. Го сакаме Бог, ја сакаме својата земја, го сакаме својот сопружник или љубовник. Ги сакаме своите деца и родители, ја сакаме својата работа, па дури и чоколадото или омилената блуза.

Не е ни чудо што сме збунети!

Под истиот збор често подразбираме почит, чест, восхит, страст, романтични чувства, посветеност, сочувство или едноставна добрина. Љубовта помеѓу маж и жена е сосема различна од љубовта на синот кон неговиот татко.

А во студио, ние практично вежбаме љубов кон себе, но и платонска љубов кон другите (на растојание). Без оглед дали е:

💚 Galentine’s Day (13 февруари) – денот на пријателската љубов;
❤ Valentine’s Day (14 февруари) – денот на романтичната љубов;
💛 Family Day (оваа година на 16 февруари) – денот на семејната љубов; ...и уште многу други денови посветени на поврзувањето.

Љубовта можеме да ја славиме секој ден. Можеме да ги отвориме срцата и да ги сакаме луѓето такви какви што се, без оглед на тоа дали ни се допаѓаат или не. Да не се срамиме да ја покажеме, да ја изразиме, да се смееме и да се гушкаме.

Секој ден е добар ден за споделување љубов, затоа што кога ја даваме, таа не се намалува – таа само се зголемува.

Дали денес ја почувствувавте и, уште поважно, дали ја покажавте љубовта?

Затоа што и планини да можеме да поместиме, ако љубов немаме – ништо не сме.

#инспирација #мотивација #љубов #Битола

📝 Каков е планот за денес?Сите имаме чувство дека денот ни трае кратко, а листата со обврски е бескрајна. Но, дали сѐ шт...
11/02/2026

📝 Каков е планот за денес?

Сите имаме чувство дека денот ни трае кратко, а листата со обврски е бескрајна. Но, дали сѐ што правиме е навистина важно? Ајде да ја видиме Матрицата на Ајзенхауер.

Во јогата ова се вика свесност (mindfulness). Со неа полесно препознаваме:

🍄‍🟫Што е илузија (Maya): Често мислиме дека нешто е итно, а всушност е неважно.

🍄‍🟫Што е вистина (Satya): Сфаќаме дека вложувањето во важните, а не итни нешта е патот до вистинскиот напредок.

Тие нè водат кон исполнет живот и вистински успех!

💡 Совет: Можеби не е лоша идеја да ги ставите овие поделби на десктоп или на видливо место. Секој пат кога ќе забележите дека сте „трошачи на времето“, застанете и проверете дали може да се реорганизирате.

Времето е бесценето, трошете го паметно на работи што навистина ви значат. ⏳

#секојдневие #мотивација #инспирација #јога #Битола #личенразвој #ајзенхауер

Што е поважно: да докажеме дека сме секогаш во право или да му овозможиме на телото да лачи хормони на среќа?Сите знаеме...
04/02/2026

Што е поважно: да докажеме дека сме секогаш во право или да му овозможиме на телото да лачи хормони на среќа?

Сите знаеме дека е лесно да се биде љубезен кога сè е во ред. Предизвикот е како да се зачува тој внатрешен мир во секојдневните ситуации.

😠Замислете се себеси налутени. Што чувствувате во тој момент?
Срцето чука забрзано, а дишењето е плитко и тешко. Вилицата се стега, рамената се креваат кон ушите, максимално сте напнати и го губите фокусот за сè (освен за негативните разговори во вашата глава.)

😊Сега, замислете се себеси љубезни и исполнети со сочувство. Што се случува тогаш?
Телото веднаш се смирува. Мускулите се опуштаат, а се појавува чувство на внатрешен мир и пријатна топлина во стомакот.

Хемијата на љубезноста

Кога избираме љубезност наместо конфликт, ние буквално го менуваме нашиот внатрешен хемиски состав. Наместо да го преплавиме организмот со кортизол (хормонот на стрес), ние активираме:
• Окситоцин – познат како хормон на љубовта и поврзувањето;
• Ендорфини – природните хормони на задоволството.

Изборот е ваш
Следниот пат кога ќе се најдете во ситуација која ве предизвикува да реагирате со лутина, застанете на момент и запрашајте се: „Што му треба на моето тело во моментов? Дали сакам хормони на стрес или хормони на среќа?“

Запомнете: љубезноста е ваш личен избор за вашето здравје, а не само реакција на однесувањето на другите.

🐽ВЕЖБА:
Кога ќе почувствувате дека лутината ве преплавува, кажете: „Се чувствувам преплавено, ми требаат две минути да се смирам за да не кажам нешто што не го мислам“. Излезете од просторијата, дишете длабоко и дозволете му на кортизолот да се повлече.

➡️Ритам 4:4:8 (4 сек. вдишување | 4 сек. пауза | 8 сек. издишување)
Само 7-8 вакви дишења се доволни за целосно да ја промените хемијата во вашето тело и да го вратите мирот.

Љубезноста не е знак на слабост, туку врвна форма на самопочит. Кога сте љубезни, вие го негувате сопствениот мир и на најубав начин се грижите за себе.

#љубезност #љубов #здравје #личенразвој #мотивација #инспирација

Фактот дека секогаш се движиме во насока на она што го дефинираме како наш најдобар интерес се нарекува мотивациски меха...
01/02/2026

Фактот дека секогаш се движиме во насока на она што го дефинираме како наш најдобар интерес се нарекува мотивациски механизам.

Мотивација (именка, женски род) — севкупност од мотиви, причини, кои го обусловуваат човековото дејствување; образложение.

Ако се држиме за нешто за што велиме дека не го сакаме, тоа значи дека некаде во нас постои друго верување поврзано со таа ситуација, кое прави да ни изгледа дека е „покорисно“ да го избереме токму тоа. Честопати се плашиме да тргнеме во насока на она што нè исполнува, затоа што сме научени да чувствуваме поголем страв од непознатото. На многумина им е попознато да се држат за „безбедната“ болка, отколку за непознатата среќа.

Затоа, нема смисла да се плашиме да ги преиспитаме нашите верувања, едно по едно. Кога ќе ги идентификуваме, ќе видиме дека некои од нив се бесмислени и дека воопшто не ни припаѓаат нам. Тие често се преземени од родителите, од општеството или од средината во која сме растеле.

Да се држиме за нешто што не е наше се смета за кражба. Затоа, да не бидеме „крадци“ на туѓи верувања. Да го пуштиме она што не е наше и да си дозволиме да чекориме кон сопствената вистина.

Сфаќате ли колку е моќна оваа промена?

#небидетекрадци #мотивација #свесност #промена #инспирација #мотивација #Битола

Address

Улица Никола Тесла бр. 68
Bitola
7000

Opening Hours

18:00 - 21:00

Telephone

+38976437212

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Life academy posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Life academy:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category