Life academy

Life academy Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Life academy, Yoga studio, Улица Никола Тесла бр. 68, Bitola.

Да го промениме она што можеме да го промениме и да го прифатиме она што не можеме да го промениме.
Место за мотивација и инспирација.
Заедница каде секој е поддржан и информиран за настани и содржини што нè прават подобра верзија од себе. Добредојдовте на Facebook страната на Life academy.

Тука ќе Ве информираме за нашите редовни часови, настани, јин курсеви и работилници.

Формулар за запишување https://bit.ly/Life_academy

24/04/2026

Мај е месец за нов почеток. 🌱

•Флексибилност - за лесно движење и насмевки;
•Функционална јога - за твојата стабилност;
•Deep reset - за смирување на нервниот систем;
•Јин јога - за истражување на длабочината;
•Работилница за рамнотежа.

✉️Пријава во био
📞076 437 212

На последниот час од овој курс, избираме тишина.Во свет во кој постојано сме насочени кон надвор и преплавени со стимула...
23/04/2026

На последниот час од овој курс, избираме тишина.

Во свет во кој постојано сме насочени кон надвор и преплавени со стимулации, еден час тишина не е празен простор. Напротив, тоа е најгласниот и најважниот разговор што можеме да го водиме со самите себе.

Кога вежбаме без музика, учиме самите да ги регулираме нашите внатрешни состојби. Низ положбите на јин јогата, ќе забележиме дека звуците се секогаш тука, во просторот околу нас и внатре во нас. Прашањето е само дали сме доволно тивки за да ги слушнеме?

И можеби ќе откриеме многу интересни и нови нешта за себе.🤫

🗓 26.4.2026 г. | 🚫19:15 – 20:15 ч. (терминот е пополнет)
📍Life Academy, Битола

#звукотнатишината #јинјога #тишина #внатрешенмир #свесност #Битола #нада

Што ќе правиме на последниот јин час од овој циклус?Физиолошки, ова ќе биде пракса фокусирана на колковите. Темата е мит...
22/04/2026

Што ќе правиме на последниот јин час од овој циклус?

Физиолошки, ова ќе биде пракса фокусирана на колковите. Темата е митови — со надеж дека ќе се инспирираме и ќе прифатиме дека нема подобар учител од својот внатрешен учител.

🗓 26.4.2026 г. | 18:00 – 19:00ч.
📍Life Academy, Битола

Дали знаете што ќе правиме во мај? 🌿Ќе уживаме, ќе бидеме опуштени и ќе бидеме среќни. Така решивме!А ако и вие сакате т...
20/04/2026

Дали знаете што ќе правиме во мај? 🌿

Ќе уживаме, ќе бидеме опуштени и ќе бидеме среќни. Така решивме!

А ако и вие сакате така – јавете се, дојдете и можеби и вие ќе бидете опуштени, среќни и вистински ќе уживате.

✨ НОВО ВО МАЈ: Deep Reset ✨
Нашата специјална станица за оние кои немаат многу време, а им треба целосен рестарт на нервниот систем за само 30 минути.

На располагање ги имаме и:
• Флексибилност (за движење и насмевки)
• Функционална јога (за стабилност)
• Јин јога (за истражување на длабочината)
• Рамнотежа (работилница)

📢 Бидете дел од нашата заедница на Viber! Ако планирате да ни се придружите и сакате први да бидете информирани за сите настани, приклучете се на нашиот Viber канал https://shorturl.at/cz6ps

🚀 МАЈСКИ ПРЕДИЗВИК: НОВИ ШАБЛОНИ Од мај, ексклузивно на нашиот Viber канал започнуваме со предизвик! Секој ден ќе имаме по една мала задача за заедно да изградиме нови шаблони за грижа, сила и внатрешен мир.

💌 Резервирајте го вашето место во ДМ, пополнете ја пријавата https://bit.ly/Life_academy или пишете ми на Вибер ако имате прашања.

Ајде да го направиме мај месец за уживање и нови почетоци! ✨

#НовиШаблони #Битола #јинјога #јогамакедонија #Рамнотежа

Не премалку. Не премногу. Точно колку што треба.Дали некогаш сте почувствувале дека телото ви е како за’рѓано по неколку...
17/04/2026

Не премалку. Не премногу. Точно колку што треба.

Дали некогаш сте почувствувале дека телото ви е како за’рѓано по неколку дена лежење, или пак дека сте претерале со вежбање па секој мускул ве боли со денови? Сите сме биле таму. Тајната на виталноста не е во постојаниот одмор, туку во два магични концепти: хормезис и некршливост.

Што е хормезис?
Замислете го хормезисот како „вистинската доза“. Ако не вежбате воопшто, телото слабее. Ако вежбате премногу агресивно, ткивата страдаат. Хормезисот е оној сладок простор во средината каде што стресот (притисокот врз мускулите) всушност ве зајакнува. Нашите коски и тетиви се живи и реагираат на товарот – без него, тие едноставно „забораваат“ како да бидат цврсти.

Знаеме, дозата е таа што го прави лекот или отровот.

Станете „некршливи“
Ако нешто е кревко, лесно се крши под притисок. Ако е само отпорно, тоа едвај го преживува притисокот. Но, ако сте во баланс, вие станувате подобри токму поради стресот. Јогата не нè учи само да се релаксираме; таа нè тренира да бидеме некршливи. Со секое истегнување и балансирање, вашите зглобови учат да толерираат повеќе, а нервниот систем се регулира побрзо.

Како да знаете кога е „премногу“?
Учителот може да ве води, но само вие знаете што се случува внатре. Заборавете на онаа опасна изрека „без болка нема добивка“. Болката е аларм, а не медал за успех.

Слушајте го телото:

• Лоши знаци: oстра болка, пецкање, бодежи или чувство на „струја“. Ова е знакот дека лекот станува отров. Веднаш застанете!

• Добри знаци: чувство на притисок, „здраво“ затегнување или пријатно истегнување. Ова се сензациите кои ги бараме – тоа е „товарот“ кој ве менува на подобро.

Променете го погледот
Зборот „стрес“ звучи страшно, но во јогата тоа е само позитивен стимул. Гледајте на вежбањето како на интелигентен предизвик. Стресот не е негативецот во приказната; проблем е само кога не знаеме кога е доволно.

Ако е премалку, си го трошиме времето. Ако е премногу, се повредуваме. Научете да бидете како Златка – секогаш барајте ја златната средина!

#јога #здравје #виталност #хормезис #златнасредина #слушајготелото

Дали некогаш сте забележале како дишете кога сте под стрес? Плитко, брзо, само во горниот дел од градите. Но, дали знаев...
16/04/2026

Дали некогаш сте забележале како дишете кога сте под стрес? Плитко, брзо, само во горниот дел од градите. Но, дали знаевте дека важи и обратното? Можете самите да си создадете стрес ако дишете плитко.

Тоа е тој затворен круг: умот влијае на здивот, но и здивот му диктира на умот. Дишењето е тајната врата или „далечинскиот управувач“ за нервниот систем.

Со соодветни техники на дишење, можеме да ја смениме програмата од прва: „се емитува стрес“, на втора: „се емитува одмор“.

Оваа недела ќе научиме како да го користиме здивот за да ја создадеме состојбата во која сакаме да бидеме.

⚠️ Терминот од 19:15 е веќе пополнет. Имаме уште неколку слободни места во терминот од 18:00 часот.

📅 19.4.2026
🕕 19:15 – 20:15 ч.
📍 Life Academy

#Јога #Дишење #Смиреност #Парасимпатикус #јинјога #Битола

Дали некогаш сте се запрашале колку од она што го гледате е вистина, а колку е само предвидување на вашиот ум? 🧐Мозокот ...
16/04/2026

Дали некогаш сте се запрашале колку од она што го гледате е вистина, а колку е само предвидување на вашиот ум? 🧐

Мозокот не е само пасивен примател на информации. Тој е мајстор за симулации. Тој создава внатрешен модел (мапа) на светот врз основа на минатото искуство. Кога реалноста не се совпаѓа со таа мапа, се појавуваат т.н. „грешки во предвидувањето“.

Оваа недела имаме намера да ги препознаеме разликите, каде што нашиот внатрешен модел не одговара со реалната состојба во моментот, да ги ажурираме податоците и да ја подобриме симулацијата.

Ајде заедно да ја прецртаме мапата и да создадеме попрецизен модел за себе и за светот околу нас.

📅 19.4.2026
🕕 18:00 – 19:00 ч.
📍 Life Academy

#јинјога #МенталнаМапа #Невропластичност #Свесност

Денес е убав ден да се погрижам за себе.Ако можам да одговорам на овие прашања, тоа е знак дека живеам свесно.Целта е да...
14/04/2026

Денес е убав ден да се погрижам за себе.

Ако можам да одговорам на овие прашања, тоа е знак дека живеам свесно.

Целта е да ги препознаеме внатрешните сигнали пред да преземеме одредени акции.

• Ја заменуваме физичката напнатост со физичка регенерација.
• Го набљудуваме емотивниот пејзаж (бидејќи чувствата се променливи) и создаваме простор за нивно процесирање.
• Преминуваме од ментален хаос кон ментална јасност.
• Наместо автоматски да реагираме без граници, избираме свесна самоподдршка.

Поставете ја сликата на заклучен екран (wallpaper) и проверувајте се. 📱
Се надевам дека ова ќе ви биде од корист.💛

#личенразвој #мотивација #инспирација #саморефлексија

На јогата најчесто се гледа како на активност за флексибилност и раздвижување, но тоа е само површината. Покрај положбит...
10/04/2026

На јогата најчесто се гледа како на активност за флексибилност и раздвижување, но тоа е само површината.

Покрај положбите, кои нудат многубројни физички придобивки, со редовно практикување постепено сфаќаме дека се стекнуваме со поголема сила, баланс и свесност. Учиме како да бидеме во моментот — тука и сега.

Секоја пракса означува обновување, дисциплина и внатрешен мир. Не постои слика која може целосно да го долови сето она што се случува внатре во телото.

#јога #внатрешенмир #присутност #здравје #дисциплина #свесност

Дали чувствувате дека обврските немаат крај, а вие никогаш не сте вистински одморени? 🌿Дали често се соочувате со внатре...
07/04/2026

Дали чувствувате дека обврските немаат крај, а вие никогаш не сте вистински одморени? 🌿

Дали често се соочувате со внатрешен немир, дури и кога немате конкретна причина за тоа? Дали ја чувствувате онаа карактеристична тежина во градите и напнатост во рамената која никако не поминува?

Во Life Academy создадовме нов простор посветен на вашето целосно обновување.

„Deep Reset“ е специјализирана пракса која се одржува секоја недела — време за регенерација кое ќе ви даде многу повеќе од само 30 минути мир. Оваа сесија ќе ве подготви за претстојната седмица, да бидете опуштени и задоволни.

Што вклучува „Deep Reset“?

Заедно ќе поминуваме низ достапни ресторативни положби кои допираат до најдлабоките слоеви на сврзното ткиво. Преку оваа пракса:

• ќе го балансираме нервниот систем и ќе го ослободиме наталожениот стрес;
• ќе ја зголемиме флексибилноста на телото без притисок и напор;
• ќе го подготвиме организмот за длабок и квалитетен одмор;
• Ќе го пронајдеме оној суштински внатрешен мир — да бидеме во ред со тоа што сме.

За кого е наменет овој курс?
Поканата е отворена за сите вас кои:

• Се соочувате со постојан внатрешен немир или анксиозност;
• Имате хронично затегнати мускули и физичка напнатост;
• Страдате од несоница или висок крвен притисок;
• Сакате значително да го подобрите квалитетот на својот живот преку свесна грижа за себе.

Термини и детали:
⏳ Траење на курсот: 2 месеци
📅 Почеток: 10.05.2026
⏰ Време: Секоја недела од 18:30 до 19:00 часот
💳 Месечна членарина: 800 денари (важи за тековниот месец)
📍 Единечен час: 400 денари
🔗Линк за пријава: bit.ly/Life_academy

Подарете си го мирот што го заслужувате. Ве очекуваме во нашиот заеднички простор за мотивација и инспирација.


#Битола #јинјога #ЕмоционалноЗдравје #ДаБидемеВоРедСоТоаШтоСме #ВнатрешенМир

Тоа е една од одлуките што го менуваат животот. Кога ќе научиме зошто реагираме на начинот на кој реагираме, од што се ш...
07/04/2026

Тоа е една од одлуките што го менуваат животот. Кога ќе научиме зошто реагираме на начинот на кој реагираме, од што се штитиме и што повторуваме, веќе нема да живееме на „автопилот“. Самосознанието станува слобода.

Затоа, на часовите по јин јога моментите понекогаш се исполнети со тишина – за да имаме време да си бидеме друштво на самите себе.

#јинјога #самосознание #грижазасебе #менталноздравје #внатрешенмир #тишина #присутност #личенразвој

Address

Улица Никола Тесла бр. 68
Bitola
7000

Opening Hours

18:00 - 21:00

Telephone

+38976437212

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Life academy posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Life academy:

Share

Category