Мрежа за младинско зајакнување и здравје - Битола

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Мрежа за младинско зајакнување и здравје - Битола

Мрежа за младинско зајакнување и здравје - Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Мрежа за младинско зајакнување и здравје - Битола, Medical and health, Bitola.

Организација која има за цел поддршка и развој на младите и подобрување на здравјето за сите генерации. Нашата работа е поделена на два сектори – еден кој се фокусира на младите и нивното зајакнување, и друг кој се занимава со здравјето.

ММЗА Битола ви ја честита Нова година со искрени желби за здравје, мир и благосостојба. Нека новата година донесе нови м...
31/12/2025

ММЗА Битола ви ја честита Нова година со искрени желби за здравје, мир и благосостојба. Нека новата година донесе нови можности, успешни проекти и заеднички достигнувања, а соработката и меѓусебната поддршка нека бидат водилка кон уште посилна и поуспешна иднина.

14/12/2025
11/12/2025

🥗Дијабетесот најчесто се поврзува со нездрава исхрана, преголем внес на шеќери и недоволна физичка активност. Го прашавме д-р Иле Кузманоски како да ја превенираме појавата на ова заболување. Балансираната исхрана како и редовната физичка активност значат постабилни вредности на шеќерот во крвта како и повеќе енергија. 🍏✨
Ова видео е дел од проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од Мрежа за младинско зајакнување и здравје, во соработка со Општина Битола, и логистички поддржан од Europe House Bitola

02/12/2025
🥖🥗Дијабетот најчесто се поврзува со нездрава исхрана, преголем внес на шеќери и недоволна физичка активност, но со мали,...
02/12/2025

🥖🥗Дијабетот најчесто се поврзува со нездрава исхрана, преголем внес на шеќери и недоволна физичка активност, но со мали, секојдневни промени ризикот може значително да се намали. Балансираната исхрана како и редовната физичка активност значат постабилни вредности на шеќерот во крвта како и повеќе енергија. 🍏✨

*Изработено како дел од проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од страна на Мрежа за младинско зајакнување и здравје, во соработка со Општина Битола

🚭💨Пушењето ја иритира слузницата и често предизвикува хронична кашлица, дури и кај млади лица. Откажувањето од цигари ил...
29/11/2025

🚭💨Пушењето ја иритира слузницата и често предизвикува хронична кашлица, дури и кај млади лица. Откажувањето од цигари или нивно намалување значително ја намалува кашлицата и го подобрува дишењето за многу кратко време. 🚬

*Изработено како дел од проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од страна на Мрежа за младинско зајакнување и здравје, во соработка со Општина Битола.

🚦🌶 Улкусната болест често се поврзува со стрес, нередовна исхрана и H. pylori, а најчести знаци се печење и болка во жел...
27/11/2025

🚦🌶 Улкусната болест често се поврзува со стрес, нередовна исхрана и H. pylori, а најчести знаци се печење и болка во желудникот. Со навремена проверка и мали промени во навиките, желудникот брзо може да се смири и да остане здрав.

Изработено како дел од проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од страна на Мрежа за младинско зајакнување и здравје, во соработка со Општина Битола.

🫀Одржувањето на добро срцево здравје започнува уште во младоста — преку физичка активност, балансирана исхрана и помалку...
25/11/2025

🫀Одржувањето на добро срцево здравје започнува уште во младоста — преку физичка активност, балансирана исхрана и помалку стрес можеш да направиш многу за себе. Малите навики секој ден создаваат силно и здраво срце ✨

*Изработено како дел од проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од страна на Мрежа за младинско зајакнување и здравје, во соработка со Општина Битола.

❄️ Со доаѓањето на студените денови, настинките стануваат почести.Затоа споделуваме кратки и практични совети за зајакну...
21/11/2025

❄️ Со доаѓањето на студените денови, настинките стануваат почести.
Затоа споделуваме кратки и практични совети за зајакнување на имунитетот и подобра зимска заштита. Грижата за себе е најдобрата превенција. 💜

* Изработено како дел од проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од страна на Мрежа за младинско зајакнување и здравје, во соработка со Општина Битола.

Почитувани, овој прашалник е наменет за млади на возраст од 14 до 20 години и е изработен во рамките на проектот „Здрави...
18/11/2025

Почитувани, овој прашалник е наменет за млади на возраст од 14 до 20 години и е изработен во рамките на проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од страна на Здружението за младинско зајакнување, младинска поддршка и унапредување на здравје – Мрежа за Младинско Зајакнување и Здравје – Битола, со поддршка од Општина Битола.

Целта на прашалникот е да ги испита здравствените навики на младите, нивото на информираност за превенција на најчестите заболувања и потребите за едукација во областа на физичко, ментално и општо здравје.

Вашите одговори се целосно анонимни и ќе бидат користени само за подобрување на активностите во рамките на проектот.
Би ни значело доколку одвоите неколку минути од вашето време за да го пополните прашалникот.

Ви благодариме!

Овој прашалник е наменет за млади на возраст од 14 до 20 години и е изработен во рамките на проектот „Здрави навики за поздрава иднина“, имплементиран од страна на Зд...

✨ 17 Ноември – Ден на предвремено родени деца ✨Денес им оддаваме чест на малите борци кои ја започнаа својата животна пр...
17/11/2025

✨ 17 Ноември – Ден на предвремено родени деца ✨
Денес им оддаваме чест на малите борци кои ја започнаа својата животна приказна малку порано, но со огромна сила.
Да ја шириме свеста за нивните предизвици и победите што секојдневно ги освојуваат.
Предвремено родените деца не се мали – тие се огромни во својата борба.💜

🧠 29 октомври – Светски ден на мозочниот ударМозочниот удар е една од водечките причини за смртност и инвалидитет во све...
29/10/2025

🧠 29 октомври – Светски ден на мозочниот удар
Мозочниот удар е една од водечките причини за смртност и инвалидитет во светот, но и состојба што може да се спречи и успешно лекува ако се реагира навреме.
Запомнете ги симптомите на мозочен удар:

🗣️ Ненадејна тешкотија во говорот

😊 Асиметрија на лицето

💪 Слабост или вкочанетост на рака или нога, најчесто од една страна на телото

Еден момент може да го промени целиот живот – затоа секоја секунда е важна.
Проверувајте го своето здравје, слушајте го вашето тело и не го игнорирајте предупредувачките знаци.
⏰ Ако забележите некој од овие знаци, веднаш консултирајте се со лекар.

🍀Превенцијата започнува со здрав живот: редовна физичка активност, здрава исхрана, контрола на крвниот притисок, шеќерот и холестероло

Address

Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мрежа за младинско зајакнување и здравје - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share