Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола

Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола Вежби за здрав, хармоничен и исполнет живот.

Внимателно одбрани и искомбинирани вежби, техники и методи за негување и унапредување на севкупното здравје на човекот. Релаксација, зголемување на еластичноста и подвижноста на телото.

08/03/2026

🎯Ова е нашата "женска сила".

🧘 Се грижам за себе за да бидам добра прво кон себе, а потоа и за сите, во концентрични кругови, околу мене. Не се ставам на последно место, туку на прво. Тоа е мојата должност и право. Моите деца учат од мојот пример и одговорноста станува уште поголема.
👥 Драги жени, ова нека стане вашиот нов устав!
Честит празник🌷

🎯 Простувањето не ја брише историјата. Тоа ја враќа силата.🌿 Вчера, во просториите на нашиот јога - центар се одржа трет...
05/03/2026

🎯 Простувањето не ја брише историјата. Тоа ја враќа силата.

🌿 Вчера, во просториите на нашиот јога - центар се одржа третата од низата работилници посветени личен раст и развој наречена Авенија на љубовта.
👥 Работевме на темата: Простување.
🌿 Преку практични вежби, споделување и разговор допревме една многу важна тема што директно е поврзана со љубовта кон себе, поставувањето на здрави граници и свесноста за себе. Тоа се всушност и темите на нашите претходни работилници. Дали успеавме да одговориме на претходно поставените прашања?
🌀 Мислам дека да. Но, да имаме на ум дека авантурата наречена "Патот до себе" воопшто не е лесна. Бара труд, посветеност и свесна одлука дека сме подготвени за промени. Голема благодарност до Елизабета Томска за патоказите по кои не водеше. И да не заборавиме, ПРОСТУВАЊЕТО Е ПРОЦЕС, А НЕ ОДЛУКА!
Се гледаме за скоро! ⏰

Ве поканувам на уште една работилница на тема: ПРОСТУВАЊЕПроцес на емоционално ослободување и затворање на стари циклуси...
16/02/2026

Ве поканувам на уште една работилница на тема: ПРОСТУВАЊЕ
Процес на емоционално ослободување и затворање на стари циклуси
Простувањето не значи оправдување нити заборавање.
Тоа претставува свесен процес на ослободување од емоционален товар кој го ограничува нашето секојдневно функционирање и односите со другите.
Задржаната лутина, вина, разочарување или болка остануваат активни во нашето тело и управуваат со многу наши потсвесни реакции. Оваа работилница е дизајнирана да понуди структуриран и безбеден процес за нивно препознавање и трансформација.
На работилницата ќе работиме на:
• Препознавање на емоционални блокади
• Разбирање на сопствената одговорност во процесот
• Тахники за емоционално ослободување
• Работа со "празна простирка"
Методологијата вклучува комбинација од психолошки пристап, водени вежби и работа со телесна свесност.
Работилницата е наменета за сите кои:
- чувствуваат дека носат неразрешена повреда;
- имаат потреба од затворање на однос или ситуација;
- сакаат да ја вратат сопствената енергија и стабилност.
👥 На оваа тема ќе најдеме одговори работејќи во група под водство на Елизабета Томска, спец. по медицинска психологија - психотерапевт со над 30 годишно искуство и Оливера Вељковиќ, јога инструктор и основач на Јога центарот “Здравје и Хармонија“- Битола.
📍 Мала сала во ООУ „Климент Охридски“- Битола
📅 Во среда, на 04. 03. 2026 г. од 18:00 ч.
⏳ 2 часа
📩 Пријави во порака / контакт тел. 077 873 448
Простувањето е процес на лична слобода.

👉Пред да тргнеме напред, да застанеме и да се поклониме пред сѐ на она што 2025 година ни донесе – радости, предизвици, ...
31/12/2025

👉Пред да тргнеме напред, да застанеме и да се поклониме пред сѐ на она што 2025 година ни донесе – радости, предизвици, лекции, раст и развој. И потоа да дозволиме да си поставиме јасна намера за тоа каква бираме да ни биде новата 2026 година.

🍀Ништо не беше залудно. Сѐ си имаше свое место.

"Што сакам да оставам зад себе?“
„Што сакам да понесам со себе?“

„Со каква намера, со каква енергија сакам да ја живеам 2026 година?“

🙏Не заборавајте да заблагодарите на сите години досега зашто она што сте денес се акумулирало низ годините.

♥️Нека Новата донесе нова свест, будност, радост и пред сѐ здравје!

🌿 Колку повеќе сме свесни, толку подобро ги разбираме своите потреби, граници и желби. Тогаш создаваме повеќе рамнотежа,...
11/12/2025

🌿 Колку повеќе сме свесни, толку подобро ги разбираме своите потреби, граници и желби. Тогаш создаваме повеќе рамнотежа, јасност и присутност во секој ден. Тогаш можеме да избереме наместо да реагираме. Патот до свесноста е пат до подобри односи, подобар фокус и помирен ум.
🎯 На синоќешната работилница загребивме малку под површината на свесноста и ја откривме нејзината важност во нашиот живот.
🌀 Успешно го инициравме почетокот на процесот наречен "Патот до себе". Работевме мајндфулнес вежби, водена фантазија, споделување во група и разговори. Работилницата помина како за миг, а траеше цели два часа.
Се гледаме за скоро со нова интересна тема🍀

👉 Свесноста во нашето секојдневие - патување, а не дестинација.                                                         ...
02/12/2025

👉 Свесноста во нашето секојдневие - патување, а не дестинација.

⏰ Во брзината на денот најчестиот начин на функционирање е „на автопилот“. Мислите, обврските, емоциите - сѐ поминува брзо, а ние ретко застануваме да се чуеме себеси.

🌿 А свесноста започнува со мали чекори:

🍁 еден свесен здив,
🍁 еден момент внимание,
🍁 едно „како сум сега?“

🌿 Патот до свесноста е всушност патување кон себе.
Тоа е процес на враќање дома - во сопственото тело, во сопствениот мир, во сопствената вистина.

🌿 Колку повеќе сме свесни, толку подобро ги разбираме своите потреби, граници и желби. Тогаш создаваме повеќе рамнотежа, јасност и присутност во секој ден. Тогаш можеме да избереме наместо да реагираме. Патот до свесноста е пат до подобри односи, подобар фокус и помирен ум.

👉 Што значи да бидеме свесни?

✅ Да можеме да ги забележиме мислите без да не однесат;
✅ Да ги слушнеме емоциите без да не преплават;
✅ Да го почувствуваме телото како наш сојузник.

Свесноста е алатка за подобар живот, патување кое се гради чекор по чекор, момент по момент.
🎯 Продолжуваме со втората работилница посветена на Свесноста во нашето секојдневие и патот до неа.
👥 На оваа тема ќе најдеме одговори работејќи во група под водство на Елизабета Томска, спец. по медицинска психологија - психотерапевт со над 30 годишно искуство и Оливера Вељковиќ, јога инструктор и основач на Јога центарот “Здравје и Хармонија“- Битола.

⏰ 10 декември, среда од 18:00 ч.
👉 Мала сала во ООУ "Климент Охридски" - Битола.
👉 Местата се ограничени-повеќе инфо во порака!

🌿 Вчера, во просториите на нашиот јога - центар се одржа првата од низата работилници посветени личен раст и развој наре...
13/11/2025

🌿 Вчера, во просториите на нашиот јога - центар се одржа првата од низата работилници посветени личен раст и развој наречена Авенија на љубовта.

👥 Работевме на темата Лични граници.
🌿 Преку практични вежби, споделување и разговор допревме една многу важна тема што директно е поврзана со љубовта кон себе. Дали успеавме да одговориме на претходно поставените прашања?

🌀 Мислам дека да. Но, да имаме на ум дека авантурата наречена "Патот до себе" воопшто не е лесна. Бара труд, посветеност и свесна одлука дека сме подготвени за промени. Голема благодарност до Елизабета Томска за патоказите по кои не водеше. Се гледаме за скоро! ⏰

⏰Бројот на учесници за работилница е пополнет! 🍀
05/11/2025

⏰Бројот на учесници за работилница е пополнет! 🍀

⏰Секој човек во некој период од животот се соочува со внатрешно будење, потреба за подлабока смисла, самоприфаќање и поврзување со духовното. Доаѓаат прашања, дилеми, преиспитување.

🤝 Работењето во група, во доверлива и поддржувачка средина може многу да не поттикне полесно да ги поминеме тие внатрешни промени, а сознанието дека не сме сами и дека и другите поминуваат низ слични фази носи олеснување и утеха.

🎯 Затоа со радост ве поканувам на серијата работилници посветени на личен раст и развој, популарно наречена Авенија на љубовта.

🧚 Започнуваме со темата Поставување и одржување лични граници.
👥 Границите се невидливи линии што ја одредуваат разликата меѓу јас и другите.
Тие покажуваат каде завршувам јас и каде почнува другиот човек - во мислите, емоциите, телото и енергијата.
📌 Успеваме ли да ги поставиме личните граници така што тоа ќе биде добро за нас?
📌 Дали сме себични ако ги имаме?
📌 Која е вистинската доза?

🌿На овие и многу други прашања ќе најдеме одговори работејќи во група под водство на Елизабета Томска, спец. по медицинска психологија - психотерапевт со над 30 годишно искуство и Оливера Вељковиќ, јога инструктор и основач на Јога центарот “Здравје и Хармонија“- Битола.

📅 12 ноември, среда од 18:00 ч.
📍Мала сала во ООУ “Климент Охридски“- Битола
👉 Местата се ограничени- повеќе инфо во порака!

⏰Секој човек во некој период од животот се соочува со внатрешно будење, потреба за подлабока смисла, самоприфаќање и пов...
02/11/2025

⏰Секој човек во некој период од животот се соочува со внатрешно будење, потреба за подлабока смисла, самоприфаќање и поврзување со духовното. Доаѓаат прашања, дилеми, преиспитување.

🤝 Работењето во група, во доверлива и поддржувачка средина може многу да не поттикне полесно да ги поминеме тие внатрешни промени, а сознанието дека не сме сами и дека и другите поминуваат низ слични фази носи олеснување и утеха.

🎯 Затоа со радост ве поканувам на серијата работилници посветени на личен раст и развој, популарно наречена Авенија на љубовта.

🧚 Започнуваме со темата Поставување и одржување лични граници.
👥 Границите се невидливи линии што ја одредуваат разликата меѓу јас и другите.
Тие покажуваат каде завршувам јас и каде почнува другиот човек - во мислите, емоциите, телото и енергијата.
📌 Успеваме ли да ги поставиме личните граници така што тоа ќе биде добро за нас?
📌 Дали сме себични ако ги имаме?
📌 Која е вистинската доза?

🌿На овие и многу други прашања ќе најдеме одговори работејќи во група под водство на Елизабета Томска, спец. по медицинска психологија - психотерапевт со над 30 годишно искуство и Оливера Вељковиќ, јога инструктор и основач на Јога центарот “Здравје и Хармонија“- Битола.

📅 12 ноември, среда од 18:00 ч.
📍Мала сала во ООУ “Климент Охридски“- Битола
👉 Местата се ограничени- повеќе инфо во порака!

На часовите одржани на 23 и 24 септември нашиот јога центар го одбележа Националниот фитнес ден 🍀🌳🧘
24/09/2025

На часовите одржани на 23 и 24 септември нашиот јога центар го одбележа Националниот фитнес ден 🍀🌳🧘

И оваа година сме учесници на
23/09/2025

И оваа година сме учесници на

🥳🏋‍♂️⛹️‍♂️ Над 100 BeActive Day настани во 18 општини!

🗓 На 23 септември, излезете, приклучете се и станете дел од иницијативата која годинава се фокусира на превенција на хронични незаразни болести преку физичка активност и здрави навики!

💪 Вежбај за твоето здравје.
🏃 Движи се за подобро утре.
🤝 Биди дел од BeActive Day семејството!

✨ Иницијативата е организирана во соработка со North Macedonia Active и EuropeActive

🔗 Повеќе информации на 👉 beactiveday.mk

✨ 3 придобивки од јога вежбите:🌿 Помал стрес🌿 Повеќе флексибилност🌿 Внатрешен мир👉 И ти можеш да почнеш да се движиш со ...
06/09/2025

✨ 3 придобивки од јога вежбите:

🌿 Помал стрес
🌿 Повеќе флексибилност
🌿 Внатрешен мир

👉 И ти можеш да почнеш да се движиш со леснотија и да го почувствуваш сето ова!
📅 Новиот курс започна од 2 септември, но има уште некое слободно место!
⏰Часови во вторник и петок од 19:00 ч.
👉 Приклучи се!
Инфо во порака или на 077873448

Address

Димче Лахчански бб
Bitola
7105

Opening Hours

Monday 18:00 - 21:00
Tuesday 18:00 - 21:00
Wednesday 18:00 - 21:00
Thursday 18:00 - 21:00
Friday 18:00 - 21:00

Telephone

077873448

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Центар за вежби Здравје и Хармонија- Битола:

Share