07/04/2025
Денес е 7 Април, Светски ден на здравјето, посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот. Во 1948 година СЗО го одржала првото Здравствено собрание, на кое е одлучено секоја година 7 Април да се одбележува како Светски ден здравјето, почнувајќи од 1950 година.
Им го честитам Денот на сите здравствени работници, што својот професионален живот го посветиле на грижата за здравјето и животот на сите граѓани. Вие сте столб на здравствениот систем и заштита, кои преку својот неуморен ангажман го ставате на располагање целокупниот професионален капацитет. Ви посакувам успешна работа, професионалност и трпение во секоја ситуација, како и посветеност кон пациентите. Продолжете со Вашата посветеност и пожртвуваност да докажувате дека Вашите пациенти се во вистинските раце.
Честит 7 Април на сите здравствени работници и им посакувам многу успех во нивната благородна мисија.
В.Д. директор Ана Натева