ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

  • Home
  • Macedonia
  • Gevgelija
  • ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија, Doctor, Слободан Митров Данко бр. 38, Gevgelija.

Европска недела на имунизацијаЗаштитуваме генерации, градиме здрава иднина. Вакцинацијата штити – денес, утре и за сите ...
24/04/2026

Европска недела на имунизација
Заштитуваме генерации, градиме здрава иднина.

Вакцинацијата штити – денес, утре и за сите нас.

Да се грижиме за здравјето на децата и на целата заедница.

09/04/2026

9 април – Светски ден на психоонкологијата 2026
Во рамки на глобалната иницијатива World Psycho-Oncology Day 2026, иницирана од International Psycho-Oncology Society, нашата болница учествуваше во реализација на активности посветени на подигнување на свеста за важноста на психолошката поддршка кај онколошките пациенти.
На Факултетот по психологија на Меѓународен Славјански Универзитет психологот м-р. Розита Андовова од ЈЗУ Општа болница Гевгелија одржа стручно предавање на тема Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања, наменето за студенти по психологија, психолози и здравствени професионалци, со цел унапредување на знаењата и поттикнување на интегриран пристап во грижата за пациентите. Изразуваме благодарност до факултетот за соработката и поддршката, како и за препознавањето на значењето на поврзувањето на теоријата со практиката, што претставува клучен чекор во развојот на идните професионалци.
Како дел од оваа иницијатива и како дел од сеопфатната грижа која ја применуваме во нашата установа, дополнително воведуваме отворен ден за онколошки пациенти во психолошкото советувалиште, секоја среда од 11:30 до 14:30 часот, а во чекалните пред ординациите ќе бидат достапни и летоци со мотивирачки пораки кои ги охрабруваат пациентите да побараат психолошка поддршка.
Психолошката грижа е суштински дел од лекувањето. Зад секоја дијагноза стои човек кој има потреба да биде слушнат, разбран и поддржан.
Благодарност до сите кои беа дел од организацијата и реализацијата на оваа иницијатива.

07/04/2026

Почитувани , упатуваме искрени честитки и благодарност до сите здравствени работници за нивната пожртвуваност, хуманост и несебична грижа за здравјето на граѓаните. 👩‍⚕️👨‍⚕️

Вашата посветеност, професионалност и грижа секојдневно спасуваат животи и носат надеж. Ви благодариме за сè што правите!

Ви посакуваме многу здравје, сила и успех во благородната професија.
Со почит, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

01/01/2026

Со голема радост ја информираме јавноста дека во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија се роди првото бебе во новата година! 🎉👶

На денешниот радосен ден, точно во 14:00 часот, мајката Мартина Илиевска на свет донесе женско бебе, со тежина од 3050 грама и должина од 49 сантиметри.

Раѓањето помина успешно, а мајката и бебето се во одлична здравствена состојба.

Овој среќен настан е резултат на посветеноста и професионалноста на нашиот медицински тим:
Д-р мед. науки Анита Морарцалиева Чочкова Специјалист по гинекологија и акушерство , акушерки Нада Данаилова и Маја Танчевска,Д-р Рената Трајкова Специјалист по педијатрија и мед . сестра Павлинка Глигорова.

Им честитаме од срце на семејството Илиевски и им посакуваме многу здравје, љубов и радосни моменти со нивната принцеза.
Нека ова ново раѓање биде симбол на надеж, радост и убав почеток на новата година! 🌸✨

21/10/2025

Почитувани,
Ве известуваме дека вакцинацијата против сезонски грип на стари и неподвижни лица, како и на лица со попреченост, ќе се спроведува теренски, од страна на тимови од нашата установа.

Телефон за контакт 071/966-999 - Служба за вакцинации, секој работен ден од 07:00 - 15:00 часот.

Со почит,
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

Одбележување Европска недела на имунизација 2025 година под мотото ''Имунизација-придобивка за сите''👩‍🔬
02/05/2025

Одбележување Европска недела на имунизација 2025 година под мотото ''Имунизација-придобивка за сите''👩‍🔬

07/04/2025

🍀Ден на здравјето — 10 Април 2025 година
Локација: Амбулантна станица Богданци
Време: 08:30 до 11:30 часот
Мото: „Здравје за сите!"
👩‍⚕️👨‍⚕️
Организираме акција со бесплатни превентивни прегледи, совети за здрава исхрана и физичка активност.
Придружи ни се и дознај како да го унапредиш своето здравје!
✅️Контрола на крвен притисок
✅️Одредување на шеќер во крвта
✅️Совети за здрав живот

Голема благодарност до дечињата од ЈОУДГ,,Детска радост''Гевгелија, кои и оваа година беа со нас на Денот на здравството...
07/04/2025

Голема благодарност до дечињата од ЈОУДГ,,Детска радост''Гевгелија, кои и оваа година беа со нас на Денот на здравството!

Драги колеги , Ви го честитаме 7-ми Април , Светскиот ден на здравјето .Со почит,ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ...
07/04/2025

Драги колеги ,

Ви го честитаме 7-ми Април , Светскиот ден на здравјето .

Со почит,

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

Бутикот Вили со нас и во Новата 2023 год. Голема благодарност од персоналот  на Одделот за гинекологија и акушерство со ...
18/01/2023

Бутикот Вили со нас и во Новата 2023 год. Голема благодарност од персоналот на Одделот за гинекологија и акушерство со неонатологија .

Голема благодарност до фирмите донатори за предновогодишната забава на ПЗЗ Вакцинација -Гевгелија : Casino Flamingo -Hot...
17/01/2023

Голема благодарност до фирмите донатори за предновогодишната забава на ПЗЗ Вакцинација -Гевгелија : Casino Flamingo -Hotel, Princess Casino, Paint it Black Hotel, Cake and Bake, Сага грос, Ние Пром, Дон Андон , Маниви ,Аџико, Солун 53, Гранд маркет, Баламов Компани, пицерија Уно, Житко маркет и Димитар Новаков .

Address

Слободан Митров Данко бр. 38
Gevgelija

Telephone

+38934213710

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category