РЕ&КБТ психотерапија и психолошко советување за деца, адолесценти и возрасни
Психолошка едукација
Психолошко тестирање
23/01/2026
Филозофија која непроменета трае повеќе од 2000 години, а истакната, корисна и применлива е и ден денес. Отсликана и темел на Рационално-емотивната теорија и терапија, а исто така и применува во психотераписка работа.
Нарушените емоционални состојби во најголема мера се резултат на нашите ставови кон надворешните лоши настани, отколку што се директно резултат на истите.
Во РЕБТ психотерапијата особено време посветуваме на преиспитување/оспорување на нашите искривени мисли и ирационални ставови, и учиме како полесно да ја прифатиме актуелната ситуација и да се прилагодиме без целосно да ја изгубиме нашата автентичност.
#Стоицизам
#ребт
#Психотерапија
11/08/2025
04/08/2025
Бесплатно предавање како вовед и поттик за соочување и решавање на проблемите на еден рационален, логичен, прагматичен и стоички начин.
Марко Аурелиј со неговата стоичка идеологија не верувам дека би биле прифатени од голем број денешни размислувања и ставови, особено за материјалното.
Но, самосвеста и разумот може да се развиваат и да го доведат човекот во поголем контакт со себеси и она што го поседува сега и овде, без притоа да има ирационална потреба за трагање по нешто „повозвишено“ со надеж дека тоа духовно и емоционално ќе го исполни.
Со идејата „внимавај да не го прецениш“, еден РЕ&КБТ терапевт препознава еден од основните постулатите на истоимената теорија и терапија, а тоа е да научиме на работите да им даваме вистинско значење, без пренагласување, било тоа во негативната или позитвната крајност. Тоа би нѝ помогнало емоционално полесно да се носиме со нештата доколку ги изгубиме или повеќе ги немаме во истата форма и суштина.
Во психотерапијата клиентот учи како да се откаже од ирационалните барања и недостижните цели како би го зачувал внатрешниот мир и би живеел прагматично.
#психотерапевт
#психотерапија
#ребт
#кбт
14/05/2025
Преиспитување на (претераната) грижата како централен сегмент на голем број анксиозни нарушувања, е една од главните точки во Когнитивно-бихејвиоралната терапија кога доаѓа време за нејзино менување во здрава (умерена, нормална) грижа, проследена со прифаќање на неизвесноста и соочување со непријатните ситуации, односно преземање ризик заради стекнување искуство.
#психотерапија
06/05/2025
Повеќе од пет години работам како советник и РЕ&КБТ психотерапевт, помагајќи им на клиенти од различни старосни групи, и работејќи со широк спектар на психолошки и емоционални проблеми. Со текот на времето, уште посилно ја разбирам важноста на одговорното и посветено работење, емпатијата и безусловното прифаќање, како и учењето од искуствата (личните и оние на клиентите) – принципи што остануваат темел на мојата работа.
#психотерапија
#ребт
#кбт
11/03/2025
Добро кажано, со уште подобро визуелно восприемање :)
Уште во античко време кај Стоиците стои идејата дека начинот на кој размислуваме влијае на тоа како се чувствуваме. Благодарение на когнитивно-бихејвиоралната парадигма и нејзините поддржувачи Арон Бек и Алберт Елис, кон средината на 20 век се случува револуција во психологијата и психотерапијата. Токму таа парадигма нѝ помогна да разбериме каков терет нѝ создаваат мислите - кога стравуваме за нешто што не е толку страшно во реалноста, кога паничиме за нешто од што не можеме вистински да настрадаме, кога сме бесни и агресивни кон некој за што знаеме дека нанесената неправда не е најужасното и најнеподносливото што може да нѝ се случи.
Нека статуата биде поттик за охрабрување и започнување со когнитивно-бихејвиорална терапија на која старите ирационални уверувања ги менуваме со нови и здрави рационални ставови за работите кои нѝ се случуваат.
Најтешкиот товар којшто човекот го носи се мислите во неговата глава.
17/02/2025
„Нема такви услови на кои човек не би можел да привикне, особено ако гледа дека сите околу него живеат така“, ќе напише Толстој во „Ана Каренина“.
Човекот е битие кое во најголем број ситуации може да се прилагоди, прашањето е колку е отворен кон нови искуства и флексибилен (неригиден) во своите размислувања за работите такви какви што се, особено за оние што му се важни и кои му помагаат да живее поисполнителен живот.
Send a message to learn more
14/02/2025
Во продолжение краток текст за подобро разбирање на основите на еден од водечките психотераписки правци - Рационално-емотивната бихејвиорална терапија (РЕБТ).
РЕБТ ја покажува својата ефикасност и ефективност во работата со широк спектар на психички нарушувања со индивидуалци, семејства, групи и работа со парови.
Уште во античко време, особено кај стоиците се забележува свесноста и важноста за грижата за себеси, како и начините на кои таа најдобро треба да се практикува. Една од основните и поопшти идеи е онаа на Зенон - основачот на стоицизмот. Да го парафразирам: „Добросостојбата сама по себе е значајна (не е „мала работа“), и до истата се доаѓа чекор по чекор“. Ова воедно е една од идеите на секој почеток на еден психотераписки процес. Неопходно е да се постават реални, конкретни и временски утврдени цели кои клиентот ќе се обиде да ги постигне за да дојде до повисок степен на лична добросостојба. Во спротивно, поставување премногу општи цели на почетокот кои изгледаат тешко достижни, може да делуваат демотивирачки за клиентот и без јасен увид во терапискиот процес.
Најголемиот грев направен на штета на човековиот ум е да се верува во нешто без доказ за истото.
Олдус Хаксли
Во РЕ&КБТ психотерапијата бараме аргументи кои ги поткрепуваат или не ги поткрепуваат нашите уверувања, било да се рационални или ирационални. Меѓудругото, за истите бараме докази, проверуваме дали се вистинити или не, и ги соочуваме со реалноста, логиката и корисноста кои тие ја имаат за нас.
#ребт
#кбт
#психотерапевт
#психотерапија
27/09/2024
111 години од раѓањето на Алберт Елис
Најверојатно, денеска психотерапијата немаше да биде иста и немаше да постои нов стандард во науката за тоа што е ефикасно и филозофско решавање на емоционалните проблеми да не постоеше Алберт Елис и да не ја создадеше Рационално-емотивната бихејвиорална психотерапија.
To the founder of Cognitive Behavior Therapy and our great mentor: Happy 111th Birthday, Al! Your influence will never be forgotten and our mission to globally promote REBT endures.
Be the first to know and let us send you an email when Cogitatio Rationalis posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
Здружението за психологија, советување, психодијагностика и едукација Когитацио Рационалис од Кавадарци е основано од Атанас Иваноски, магистер по психолошки науки и лиценциран психолог.
Основната задача на здружението е да ги реализира своите понудени психолошки услуги: психолошко советување и поддршка, психолошко тестирање, психодијагностика, психолошка едукација и коучинг психологија.
Основните цели кои здружението ги има поставено и на кои ќе ја темели својата работа, се следниве:
Афирмација на психологијата како наука и професија;
Афирмација и заштита на професијата психолог;
Психолошка едукација на деца, адолесценти, лица во рана, средна и доцна зрелост;
Психолошко тестирање на деца, адолесценти, лица во рана, средна и доцна зрелост;
Психолошко советување на деца, адолесценти, лица во рана, средна и доцна зрелост;
Когнитивно – бихејвиорален коучинг за лица во работни организации и поединци со практични проблеми од секојдневието;
Соработка со организации од земјава и од странство кои третираат иста и сродна проблематика;
Изработка на проекти чија цел ќе биде грижата и подигнување на свеста за менталното здравје и негово одржување;
Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението;
Соработка со професионалци од други сродни области како: педагози, социолози, социјални работници, дефектолози, логопеди, психијатри и други доктори од медицинската област;
Организирање семинари, манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето за менталното здравје;
Предлог мерки и активности до надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на менталното здравје, како и следење на нивната имплементација;
Обезбедување материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението.
Вредностите како етичност и морал стојат во суштинската реализација на професионалните психолошки услуги кои Здружението Когитацио Рационалис ги нуди секому кој има потреба од истите.
Атанас Иваноски е магистер по психолошки науки, лиценциран психолог , член на Комората на психолози на Република Северна Македонија и член на Интернационалното Здружение за Коучинг Психологија (International Society for Coaching Psychology). Дипломските и постдипломските студии ги реализира на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет – Скопје. Во текот на студирањето и постидипломските студии, интересот го насочува кон систематизирано проучување на следниве области: когнитивниот аспект на личноста, клиничката психологија, психотерапијата и советувањето. Има работено како професор по Спортска психологија во ДСУ „Спортска академија“, Скопје, како психолог во ПСУ „Св. Лука“, Скопје и како асистент на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет, Скопје. Изучува психотерапија на RE&CBT Affiliated Training Center of Albert Ellis, Belgrade, и се има стекнато со напредно ниво. Исто така, има издадено и неколку научни трудови во интернационални списанија и списанија со импакт фактор. Најголем дел од своето практично знаење го има стекнато при реализирање на задолжителната пракса на неколку психијатриски клиники каде конкретно работи во доменот на диференцијалната дијагностика и советување под надзор на своите ментори.
Биографија
РЕ&КБТ со деца и адолесценти RE&CBТ Affiliated Training Center of Albert Ellis, Belgrade, 14.05.2020 - 04.06.2020, 20 часа
Рационално-емоционална бихејвиорална терапија RE&CBТ Affiliated Training Center of Albert Ellis, Belgrade - Напредно ниво, 2018–2019
Рационално-емоционална бихејвиорална терапија RE&CBТ Affiliated Training Center of Albert Ellis, Belgrade - Примарно ниво, 2017–2018
CERTIFICATE IN COGNITIVE – BEHAVIOURAL COACHING RE&CBТ Affiliated Training Center of Albert Ellis, Belgrade - Training hours: 36, 01/2019–02/2019
Стратегии за справување со ADHD во училиштата - Македонска Асоцијација за Применета Психологија (МАПП) – Симболикум, Скопје, 12/12/2018
Справувачки стилови од системско-динамички аспект и нивната улога во системско-еклектичната психотерапија - ЦППСЕ „Совршен Круг“, 7 часа, 08/10/2017
Обука за психолошка прва помош во случај на катастрофи - Црвен Крст на Република Македонија и Црвен Крст на Република Хрватска, Струга, 03/03/2017–05/03/2017
Развој на менаџерски вештини Друштво за менаџмент и консултантски активности ГРАВИТРОН ДООЕЛ, Скопје, 16 часа, 15/09/2016–03/11/2016
Заплеткувањата во семејните констелации и нивното место во системско-еклектичната психотерапија и личен развој - ЦППСЕ „Совршен Круг“, Скопје, 7 часа, 04/12/2016
Trans-generational trauma - with Peter Haworth, Амигдала, Скопје, 16 hours Psychodrama workshop, 06/2016
Основи на системските семејни констелации и нивната примена во систематско-еклектичниот приод во психотерапијата ЦППСЕ „Совршен Круг“, Скопје, 7 часа, 05/12/2015
Асертивност, Друштво за менаџмент и консултантски активности ГРАВИТРОН ДООЕЛ, Скопје, 06/2016, 16 часа
Психолошка еклектика за здрава и целовита личност - ЦППСЕ „Совршен Круг“, Скопје, 2014–2016, 240 часа
Емоционална писменост - Друштво за менаџмент и консултантски активности ГРАВИТРОН ДООЕЛ, Скопје, 40 часа, 11/12/2013–24/02/2014
Конференции
Research Methodology in Psychodrama and Action Methods - Certificate of Attendance at FEPTO Research Committee Meeting (23.02.2017 - 26.02.2017)
Учество на 7-та Годишна Конференција на Младите Психолози на Македонија (23.04.2015 - 25.04.2015)
Учество на 6-та Годишна Конференција на Младите Психолози на Македонија (10.04.2014 - 12.04.2014
Публикации
Ivanoski, A., Pendaroski, M., & Blazhevska, V. (2017). Development tasks for people from the age of 18 to 21. Forming an identity; emotional stability; taking responsibility; establishing an intimate relationship. International Journal of Recent Research in Arts and Sciences, 7, 136 – 149. ISSN: 1857-8128
Ivanoski, A., Pendaroski, M., & Blazhevska, V. (2018). Connection between depressive state and perceived social support among people aged 40 to 65 years. International research journal, 11(77), 104-107. doi: https://doi.org/10.23670/IRJ.2018.77.11.058
Ivanoski, A. (2019). Self-esteem, life satisfaction and need for achievement among people in early adulthood. KNOWLEDGE – International Journal, 30(5), 1285-1288.