ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци

  • Home
  • Macedonia
  • Kavadarci
  • ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци

ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци Официјална фејсбук страна на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци

01/05/2026

Почитувани граѓани,

Во име на ЈЗУ Општа болница Кавадарци ви го честитаме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Овој ден е симбол на вредноста на трудот, посветеноста и грижата што секојдневно ја вложуваме во подобро утре. Особено сме горди на здравствените работници и сите вработени кои со својата хуманост, одговорност и професионалност се грижат за здравјето и добросостојбата на граѓаните.

Нека овој празник биде потсетник дека со заеднички труд, солидарност и почит можеме да изградиме посилна и похумана заедница.

Ви посакуваме убав и спокоен празничен ден, исполнет со здравје, гордост и благодарност за се што правите.

30/04/2026
Изразуваме голема благодарност за донацијата од Лајонс Клуб ,,Тиквеш'' 👇Со оваа донација, нашите капацитети се збогатија...
29/04/2026

Изразуваме голема благодарност за донацијата од Лајонс Клуб ,,Тиквеш'' 👇
Со оваа донација, нашите капацитети се збогатија со неопходни пулсиоксиметри, кои во моментот беа приоритетна потреба, но и со нови ноќници за трудниците, како и комплет болнички масички.

Како и минатата година, така и оваа по повод Неделата на имунизацијата, ЈЗУ Општа Болница упатува силна порака за важнос...
24/04/2026

Како и минатата година, така и оваа по повод Неделата на имунизацијата, ЈЗУ Општа Болница упатува силна порака за важноста на вакцинацијата како една од најефикасните мерки за заштита на здравјето на децата и целата популација. Вакцините спасуваат животи, обезбедуваат заштита од сериозни заразни болести, спречуваат компликации и придонесуваат за создавање колективен имунитет, со што се штитат и најранливите категории на население.

Ги охрабруваме родителите редовно да го следат календарот за имунизација и навремено да ги вакцинираат своите деца. Со тоа не го штитат само здравјето на своето дете, туку придонесуваат и за здравјето на целата заедница.

📍 Во рамки на оваа недела, нашите тимови ќе бидат присутни пред градинките во периодот од 14:00 до 15:00 часот, каде ќе даваат информации, стручни објаснувања и ќе одговараат на прашања поврзани со вакцините и календарот за имунизација.

Имунизацијата е безбедна, проверена и ефикасна мерка која претставува заедничка одговорност на сите нас. Да покажеме грижа, доверба и одговорност – да избереме заштита преку вакцинација.

💙 Со вакцинација до здраво детство и здрава иднина за сите!

11/04/2026

По повод најголемиот христијански празник Велигден, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци Ви упатува најискрени честитки.

Нека овој светол празник донесе мир, радост и благосостојба во вашите домови, здравје и сила во секојдневните предизвици, како и надеж за подобро утре.

Ви посакуваме празничните денови да ги поминете во спокој, љубов и заедништво со Вашите најблиски.

Христос Воскресе 🙏

07/04/2026

🥼По повод Светскиот ден на здравјето, во име на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, упатуваме искрени честитки до сите здравствени работници и граѓани.

🙏Овој ден претставува силен потсетник за значењето на здравјето како највисока вредност, но и за одговорноста што ја носиме како здравствена установа во обезбедувањето квалитетна, навремена и достапна здравствена заштита. Изразуваме искрена благодарност до целиот медицински за нивната посветеност, професионалност и хуман пристап во секојдневната грижа за пациентите.

ЈЗУ Општа болница Кавадарци ќе продолжи со својата мисија за унапредување на здравствените услуги и заштита на здравјето на населението.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и оваа година активно се вклучува во кампањата по повод Светски ден на ...
06/04/2026

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и оваа година активно се вклучува во кампањата по повод Светски ден на здравјето, во организација на Општина Кавадарци.

По тој повод, утре 7 Април од 10.00 до 14.00 часот ќе бидат спроведени бесплатни превентивни здравствени прегледи за граѓаните, кои опфаќаат:
– мерење на крвен притисок
– мерење на вредности на гликемија
– мерење на висина и тежина и пресметка на индекс на телесна маса (BMI)
– скрининг на очен притисок (само во период од 13:00 до 14:00 часот)

Активноста има за цел подигнување на јавната свест за значењето на превенцијата, раното откривање на ризик-фактори и промоција на здрави животни навики, со посебен акцент на справување со гојазноста.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се вклучат и да го проверат своето здравје.

Светски ден на аутизмот 💙 2 АприлДенес го одбележуваме Светскиот ден на аутизмот – ден посветен на подигнување на свеста...
02/04/2026

Светски ден на аутизмот 💙 2 Април

Денес го одбележуваме Светскиот ден на аутизмот – ден посветен на подигнување на свеста, поттикнување на разбирањето и унапредување на прифаќањето на лицата со аутистичен спектар.

Аутизмот не е болест, туку состојба која влијае на начинот на комуникација, однесување и перцепција на светот. Секоја личност е уникатна, со свои способности, предизвици и потенцијали кои заслужуваат поддршка и почит. Раното препознавање, навремената дијагноза и континуираната стручна поддршка се од исклучително значење за подобрување на квалитетот на живот и за поттикнување на развојот на секое дете и возрасен со аутизам.

Како ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, апелираме до сите граѓани да покажат разбирање, трпение и емпатија. Инклузијата започнува од секој од нас преку прифаќање, поддршка и создавање еднакви можности за сите.

Да градиме заедно општество во кое различностите се вреднуваат, а секој поединец се чувствува прифатен и почитуван.

26/03/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ НА ПРВАЧИЊА

Почитувани,

ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци ги известува родителите на идните првачиња на територија на Општина Кавадарци дека при уписот за прво одделение покрај регуларните документи потребно е да се добие и извештај за реализиран стоматолошки преглед.
За спроведување на истиот, потребно е претходно закажување на следниот телефонски број: 078/236-349. Прегледите ќе започнат да се реализираат од 01.04.2026 година
Со почит,
ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.

24 Март – Светски ден на туберкулозата.Туберкулозата е сериозна, но излечива болест доколку се открие навреме. И покрај ...
24/03/2026

24 Март – Светски ден на туберкулозата.

Туберкулозата е сериозна, но излечива болест доколку се открие навреме. И покрај напредокот на медицината, таа се уште претставува значаен јавно-здравствен предизвик кој бара постојана едукација, превенција и навремена реакција.

Како здравствена установа, апелираме до сите граѓани да водат грижа за своето здравје преку редовни превентивни прегледи и навремено јавување кај лекар при појава на симптоми како долготрајна кашлица, замор, губење на телесна тежина или покачена температура.

Раната дијагноза и правилниот третман спасуваат животи и го спречуваат ширењето на болеста. Навременото лекување не е важно само за поединецот, туку и за заштита на семејството и заедницата.

Да покажеме одговорност, кон себе, кон најблиските и кон општеството. Со подигнување на свеста, со поддршка и без стигма, можеме да придонесеме кон рано откривање и успешно лекување.

Заедно можеме да ја спречиме туберкулозата и да изградиме поздраво општество за сите.

19/03/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ НА ПРВАЧИЊА

Почитувани,

ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци ги известува родителите на идните првачиња на територија на Општина Кавадарци дека при уписот за прво одделение покрај регуларните документи потребно е да се добие и документ за офталмолошки преглед.
Во интерес на навремени прегледи офталмолошката амбуланта има објавено термини само за првачиња и тоа, почнувајќи од 15.04.2026 година, секоја среда, во текот на месеците април, мај и јуни.

Со почит,
ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.

Address

Shishka Bb
Kavadarci
1430

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци:

Share

Category

ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци

Општа Болница Кавадарци се наоѓа на улица Шишка бб и е јавна здравствена установа од секундарното здравство. ЈЗУ Општа Болница Кавадарци е регионална болница и ги опслужува Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.