Логопед

Логопед Логопедски третмани на сите јазични и говорни патологии

Развојна скала на говорот кај детето📍Уште во 2от месец од животот на детето се јавува гугање, односно тоа е кога детето ...
21/12/2022

Развојна скала на говорот кај детето

📍Уште во 2от месец од животот на детето се јавува гугање, односно тоа е кога детето испушта различни звуци, со кои покажува некакво задоволство. Таа фаза на гугање трае се до 4ти месец.
📍 Следува фаза на баблинг, која трае од 4ти па се до 6ти месец, во таа фаза детето почнува да брбори по два слога ( ма-ма, ба-ба, та-та ).
📍 Од 8-9 месеци, детето веќе почнува да реагира на своето име.
📍 На 1 година, треба да има минимум едно зборче со значење.
📍 На 1г. и 5 месеци, фондот на зборчиња треба да е некаде околу 30.
📍 На 2 години, почнува да го кажува своето име, да извршува налози ( дај ми ја топката, донеси ми го палтото ), поврзува од 2-3 зборчиња во целина.
📍 Од 3-4 години, говорот на детето е разбирлив, реченицата е составена од 3-4 збора. Самата комуникација со детето е полесна, умее да постави прашање и да даде одговор на прашањето.
📍 Од 4-5 години, реченицата е богата со 4-5 збора, умее да опиши некоја играчка, да раскажува по слика, користи некои од предлозите ( под, пред, над, позади ), умее да брои до 10 и ги знае основните бои.
📍 Од 5-6 години, речникот на зборови е богат со 2000-2500 зборови, ги разликува поимите утро и пладне, ги именува деновите од неделата и се забележува прсвилна артикулација на сите гласови.

Штетното  влијание на цуцлата и цицањето палец врз детскиот загриз и развојот на говорот. Оваа малформација на забалото ...
13/12/2022

Штетното влијание на цуцлата и цицањето палец врз детскиот загриз и развојот на говорот.

Оваа малформација на забалото (отворен загриз) значително влијае на изговорот на многу гласови, особено на С, З, Ц, Ш, Ж, Ч, Ќ, Ѓ, Џ.

Показен гестЕден од најраните облици на гестикулацијата е покажувањето. Гестовите кај децата се јавуваат пред првите збо...
13/12/2022

Показен гест

Еден од најраните облици на гестикулацијата е покажувањето. Гестовите кај децата се јавуваат пред првите зборови и покажуваат движења на телото со кои се пренесуваат одредени пораки.
Формирањето и употребата на показниот гест се поврзани со фината моторика, визиомоторната координација, аудитивно и визуелно внимание. За детето да го употреби показниот гест, потребно е мускулите на дланката да диференцираат (разликуваат). На тој начин детето може своеволно да го движи показалецот. Со показниот гест детето ги изразува и своите потреби и желби додека е развие говор, на тој начин го користи показалецот како би ја израазило потребата.

*Показниот гест е важен и за совладување на телесната шема. Со прстот ќе покаже каде е главата, окото, носот, устата.

Address

Кичево
Kicevo
6250

Telephone

+38971341874

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Логопед posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Логопед:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram