25/11/2025
Цел живот мислев дека живеам нормално, а всушност живеев во еден нереален свет. Не гледав како што гледам денес, не чувствував како што чувствувам сега. Како да бев отсутен од сопственото постоење. Сè што можев да препознаам беше она што можев да го допрам и почувствувам во моментот — и дури тогаш верував дека е вистинско. Но почна да се случува нешто чудно. Полека, тешкото, мрачните мисли, старите грешки и товарот што со години го влечев – почнаа да исчезнуваат. Како да се распаѓаат. И за првпат почувствував нешто што одамна го немав почувствувано: присутност. Сега гледам поинаку. Кога ги гледам старите работи, гледам нова форма, нова боја, ново значење. Како да ми се враќа способноста да гледам нормално, да бидам тука, да не сум заглавен во минатото и болките што ги носев со себе. Сфатив дека најголем дел од страдањето не беше во реалноста, туку во мене. Во стравовите, во навиките, во негативната енергија што ја држев затворена. И кога таа почна да се чисти, почна да се менува сè. Одеднаш, она што порано ме влечеше надолу престана да ме допира. Товарот што не можев да го носам , исчезна. И за првпат, наместо да реагирам, почнав да гледам. Да разберам. Да чувствувам. Kога ќе престанеш да се бориш со минатото, почнуваш да живееш во сегашноста.
И тоа е најчудниот, најубавиот дел од сè – кога ќе сфатиш дека конечно си тука, присутен, стабилен… и дека животот што го гледаш пред себе е сосема нов и уживаш во истиот!!
Благодарност до тимот на Нарконон Балкан што ми дадоа шанса за подобар живот.
Б.А. Студент во Нарконон Балкан