Aloe Vera Jadranka

Aloe Vera Jadranka Aloe Vera proizvodi & Forever

13/03/2023
Aloe Ever-Shield Deodorant StickСув алое дезодорансОПИС И СВОЈСТВАДезодоранс кој ја зголемува самодовербата и го задржув...
21/12/2021

Aloe Ever-Shield Deodorant Stick
Сув алое дезодоранс

ОПИС И СВОЈСТВА
Дезодоранс кој ја зголемува самодовербата и го задржува чувството на свежина преку целиот ден. Aloe Ever-Shield Deodorant Stick ви обезбедува ефикасна целодневна заштита од непријатниот мирис, а може да се нанесе веднаш откако сте се истуширале или сте завршиле со депилација, без да ја иритира кожата. Производот максимално ги користи дезодорирачките својства на алоето и ги комбинира со други одлични состојки.
Оваа нежна формула со стабилизиран гел од алое вера не содржи штетни соли на алуминиум, кои го потиснуваат потењето, а ги среќаваме во многу дезодоранси на пазарот. Алуминиумот е токсичен метал. Се смета дека неговото натрупување во организмот го оштетува нервниот систем, а некои научници ја поврзуваат презаситеноста со алуминиум со Алцхајмеровата болест. Алуминиумот може да го наруши калциумовиот баланс во организмот поради влијанието врз активноста на паратироидната жлезда. Преголемото количество паратироидни хормони води до високо ниво на калциум во крвта што се поврзува со болки во коските, психијатриски симптоми и констипација. Се гордееме што можеме да ви претставиме производ кај кој сите тие опасности се избегнати, без тоа да се одрази на квалитетот.
Погодната форма на дезодорансот овозможува нанесување само таму каде што вие сакате. Специјалната формула се лизга непречено и не остава траги врз облеката, дури и по долготрајна употреба.

СОСТАВ
Пропилен гликол, вода, натриум стеарат, стабилизиран алое вера гел, мирис, триклосан.

ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Секојдневно нанесувајте Aloe Ever-Shield под пазувите и уживајте во чувството на свежина и чистота во текот на целиот ден.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Не содржи алуминумски соли.
Не остава траги на облеката.
Можете да го користите непосредно после бричење или депилација под пазувите.
Погодната форма на дезодорансот го прави исклучително економичен.

Aloe FirstСмирувачки спреј за кожа со АлоеОПИС И СВОЈСТВАAloe First е прекрасен додаток за секоја аптека за прва помош. ...
21/12/2021

Aloe First
Смирувачки спреј за кожа со Алое

ОПИС И СВОЈСТВА
Aloe First е прекрасен додаток за секоја аптека за прва помош. Оваа исклучителна формула за кожата е првиот заштитен слој против кожни инфекции и воспаленија. Создаден со висок процент на стабилизиран Алое Вера Гел, Aloe First содржи и други одбрани состојки, поради што е незаменлив производ за разни кожни проблеми.
Пчелниот прополис ги зголемува природните антибиотски својства на Алое Вера Гелот.
Алантоинот е материја што ја заштитува кожата и се среќава во мноштвото растенија, вклучувајќи ја и надворешната кора на листовите на Алоето.
Единаесет внимателно избрани растителни екстракти, познати по своите благотворни својства, се додадени за уште поголем ефект.
Алоето и билките се спојуваат во еден природен смирувачки спреј, кој е погоден за употреба кај кожни инфекции како што, се црвенило, плускавци, рани од исекувања и контузии. Лесен е за употреба дури и кога допирот со кожата е многу болен, Aloe First лекува лесни исекувања и изгореници од сонце. Aloe First е со балансиран pH и има смирувачко дејство дури и кај најчувствителната кожа. Смирува и кај тропски лишаи.
Aloe First може да се прска и врз косата, со цел да ја заштити од штетните ултравиолетови зраци на сонцето. Се користи во фризерски салони пред да се прави трајна фризура, со цел да се спречи сушењето на косата како резултат на нејзиното третирање со разни препарати. Во козметичките салони Aloe First дејствува особено смирувачки после депилација на нозете.
Aloe First е посебен производ кој по своето делување е ненадминлив во својата категорија.

СОСТАВ
Стабилизиран Алое Вера Гел, дестилирана вода, алантоин, пропилен гликол, токоферол (природен витамин Е), полисорбат 20, имидазолидинил карбамид, метилпарабен, натриум цитрат, пчелен прополис, екстракт од невен, екстракт од бела ајдучка трева, екстракт од мајчина душица, екстракт од камилица, екстракт од глуварче, екстракт од еукалиптус, екстракт од божја круна (Passionflower), екстракт од жалфија, екстракт од ѓумбир, екстракт од боражина (Borage),екстракт од сандалово дрво.

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Рамномерно нанесете врз кожата за да ја смирите и навлажните.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Потребно е да биде присутен во секој дом.
Смирува при изгореници, црвенило, убоди од инсекти и плускавци.
Ја штити косата од сончевите зраци и од штетното влијание на хлорот.
Смирува тропски лишаи.
Ја заштитува косата пред правење на трајна фризура.

Forever Absorbent-CДодаток во исхраната со витамин Ц и овесни трициОПИС И СВОЈСТВАДневното внесување на витамин Ц од ода...
19/12/2021

Forever Absorbent-C
Додаток во исхраната со витамин Ц и овесни трици

ОПИС И СВОЈСТВА
Дневното внесување на витамин Ц од одамна се поврзува со добрата состојба на здравјето – уште од времето кога морнарите го откриле моќниот ефект на цитрусовите овошја против заканата од скорбут за време на долгите морски патувања. Во денешно време науката не снабдила со огромна листа од благодети кои што ни ги овозможува овој најпопуларен витамин.
Тој е моќен антиоксидант, којшто делумно го формира заштитниот систем на организмот против штетното влијание на слободните радикали.
Продолжуваат испитувањата за улогата на витаминот Ц при спречување на срцеви заболувања и карцином.
Витаминот Ц е корисен додаток за кожата, бидејќи тој го стимулира создавањето на меѓуклеточен колаген.
Витаминот Ц е неопходен за одржување на здраво сврзно ткиво.
Тој се раствора во вода и се отстранува од организмот. Бидејќи луѓето се вбројуваат меѓу малкуте живи организми кои не можат самите да произведуваат витамин Ц, тие мораат да го внесуваат со храната, пијалоците и другите додатоци.
Неопходноста од доволни количини на витамин Ц е очигледна. Научниците сметаат дека една цигара уништува 25 мг од количеството витамин Ц во организмот. Стресот, лекарствата и различните фактори од околната средина сериозно ги намалуваат расположливите количества на овој витамин во организмот. Недостатокот од овој витамин предизвикува крварење, особено на малите поткожни крвни садови (капилари) и на непцата, а исто така раните побавно зараснуваат.
Овесните трици претставуваат растворливи растителни влакна кои се наоѓаат во нерафинираниот овес. Дејствуваат како сунѓер, бидејќи ја апсорбираат водата од стомакот и тенкото црево и на тој начин го успоруваат процесот на варење и даваат чувство на ситост. Испитувањата покажуваат дека растворливите растителни влакна можат да го намалат нивото на холестерол во крвните садови.
Мајките мошне мудро постапуваат кога на своите деца за појадок им спремаат чинија со овесна каша и чаша сок од портокал. Форевер Ливинг Продуктс дава можност на секого да ја конзумира оваа комбинација во зависност од желбите и потребите. Absorbent-C со овесни трици е исклучителен додаток во исхраната. Ова е комбинација на две хранливи состојки кои се од витално значење во еден погоден производ за конзумирање. Сврзаноста во матричен состав, разработен по уникатен патентиран процес, му дозволува на организмот целосно да ги апсорбира 60 мг витамин Ц кои се наоѓаат во секоја таблета. Ако сакате да бидете здрави, внесувајте секојдневно Absorbent-C.

СОСТАВ
Овесни трици, сорбитол, пчелен мед, аскорбинска киселина (витамин Ц), стеаринска киселина, природна арома на портокал, цитрусови биофлавоноиди, плод од папаја и силициум двооксид.

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
По една таблета три пати на ден.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Помага во апсорбирањето на витаминот Ц во организмот.
Моќен антиоксидант.
Природен антихистамин.
Има благотворно влијание врз кожата и зглобовите, кај дишни проблеми и катаракта.
Forever Absorbent-C не содржи шеќер, конзерванси, скроб и вештачки бои.

Forever Aloe Bits n’ PeachesНектар од алое вера и праскаОПИС И СВОЈСТВАForever Aloe Bits N’ Peaches ви нуди уште еден од...
17/12/2021

Forever Aloe Bits n’ Peaches
Нектар од алое вера и праска

ОПИС И СВОЈСТВА
Forever Aloe Bits N’ Peaches ви нуди уште еден одличен вкус, при што вистински ќе уживате во 100% стабилизиран гел од алое вера во кој е додадено природна арома и концентриран сок од праски. Задоволството е неверојатно! Во овој пијалак ќе откриете и цели парчиња од алое вера напоени со арома на зрели праски, а 91,5% од содржината е чист алое гел.
Со векови луѓето од цел свет го користат алоето поради неговите здравствени придобивки. Додадовме во него праски со што го претворивме во извор на каротиноиди кои се драгоцени антиоксиданти. Тие исто така се извор на витамин А, лутеин и ликопен кои имаат важна улога за видот, како и за одржување на имунолошкиот систем во оптимална состојба. Праската содржи и калиум, фолна киселина, флавоноиди и природни овошни шеќери. Forever Aloe Bits N’ Peaches® ви нуди здрав коктел со неверојатен вкус. За да ја почувствувате вистински оваа уникатна арома, ставете мраз во нектарот и уживајте со Forever Aloe Bits N’ Peaches® во секое време од денот.

СОСТАВ
Стабилизиран гел од алое вера (со парченца од пулпата), фруктоза, природна арома на праска, лимонска киселина, концентриран природен сок од праска, калиум сорбат, натриум бензоат, аскорбинска киселина, токоферол (витамин Е).

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Протресете добро. Консумирајте од 60-120 мл секој ден.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Сите корисни својства на гелот од алое вера плус праски.
Цели парченца од алое вера.
Освежителен овошен вкус на природен сок од праски.
Идеален е за деца.

Aloe LipsБалсам за усни со алое и jојобаПо нанесувањето на вашите усни ќе почувствувате пријатно чувство.Длабо хидрира, ...
13/12/2021

Aloe Lips
Балсам за усни со алое и jојоба

По нанесувањето на вашите усни ќе почувствувате пријатно чувство.Длабо хидрира, ја обновува сувата и испукана кожа, исто така дава и волумен.
Што содржи?
Стабилизиран Алое Вера Гел, масло од јојоба (Buxus Chinensis), вазелин, октил хидроксистеарат, пчелен восок, восок од Candelilla (Euphorbia Cerifera), миристил миристрат, Copernica Cerofera, озокерит, арома, алантоин, пропилпарабен.
Кога ќе ги собереме придобивките од сите состојки овој Алое балзам за усни, претставува универзално средство кое може да го аплицирате за речиси секој проблем со кожата со видлив позитивен ефект.

Како функционира:
• како филтер за сончање
• длабоко ја хидрира кожата
• болни повреди и модринки
• регенерација на клетките
• ја заштитува кожата од надворешни надразнувачи за да формира заштитна фолија
• Стимулира производство на колаген
• ги чисти и ги отстранува мртвите клетки
• ја храни кожата
• антибактериско дејство
• антиинфламаторно
• Витамините А, Ц, Е и Б во составот имаат моќен антиоксидативен ефект
• Хипоалергично и смирувачко

ПРЕПОРАЧАНО КОРИСТЕЊЕ
• за брчки околу очите
• Ги отстранува темните кругови и ќеси под очите
• за третман на осип и егзема
• за кутикулите околу ноктите
• изгореници на кожата (од која било природа)
• каснувања
• акни
Псоријаза
• дамки
• дерматитис
• розацеа
• смирува иритација, горење и чешање
• помага да се спречи затнувањето на порите и формирањето на комедони, бидејќи ја нормализира активноста на лојните жлезди
• одлично за прва помош

Sonya Aloe Deep Moisturizing CreamКрем за длабока хидратација на кожатаОПИС И СВОЈСТВАКремот за длабока хидратација со а...
11/12/2021

Sonya Aloe Deep Moisturizing Cream
Крем за длабока хидратација на кожата

ОПИС И СВОЈСТВА
Кремот за длабока хидратација со алое и екстракт од кора од бор е најновото дополнување во нашата исклучителна колекција од производи за нега на кожата „Соња“. Тој ќе ја задоволи жедта на вашата кожа на еден неповторлив начин. Екстрактот од кора од бор содржи природни состојки, наречени олигомерни проантоцианидини, кои имаат едни од најсилните антиоксидантни својства откриени во природата. Ете затоа овој дел се бори со слободните радикали, за да допринесе во зачувувањето и појачувањето на колагенот во кожата-протеинот, кој е присутен во човечкиот огранизмот во најголеми количини. Според научниците борбата со слободните радикали е еден од најдобрите начини да се дејствува против знаците на стареење. Екстрактот од кора на бор е искомбиниран со чист , стабилизиран гел од алое вера, серамиди и овлажнувачки состојки од најновата генерација. Сите тие допринесуваат во доставувањето и задржувањето на влагата длабоко во внатрешните слоеви на кожата, за да се регенерира и зачува нејзиниот младешки сјај.

СОСТАВ
Стабилизиран гел од алое вера, вода, пропанедиол, бутилен гликол, масло од семе на макадамија, Ц12-15 алкил бензонат, глицерин стеарат, лаурил, сорбитол, диметикон, масло од сончоглед, цетил алкохол, метил глуцет-20, изостеарил хидроксистеарат, аргинин, РEG-100 стеарат, карбомер, екстракт од кора на бор, глицерин, палмитоил трипептид-5, серамид 3, серамид 6 II, серамид 1, фитосфингозин, холестерол, натриум лауроил лактилат, ксантан, натриум хиалуронат, феноксиетанол, метилизотиазолинон, арома.

ПРЕПОРАКА ЗА УПОТРЕБА
За интезивна, длабока хидратација, користете го навечер по употребата на потхранувачкиот серум со алое. Извадете ја пластичната лажичка и заштитното капаче на кремот. Со лажичето извадете мала количина од кремот и поставете ја врз заштитното капаче. Со врвовите на прстите нанесете крем од капачето по лицето и вратот. Втријте го со масажни движења. Внимателно измијте ја лажичката и заштитното капаче со топла вода по секоја употреба и потсушете ги со чиста крпа, пред повторно да ги поставите во кутијата со крем.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Многу навлажнувачки-погоден и за најсувата кожа.
Содржи екстракт од кора на бор за борба против слободните радикали.
Допринесува за регенерирање и зачувување на младешкиот сјај на кожата.

Додаток во исхраната со лук и мајчина душицаОПИС И СВОЈСТВАУпотребата на лукот и мајчината душица во исхраната датира од...
09/12/2021

Додаток во исхраната со лук и мајчина душица

ОПИС И СВОЈСТВА
Употребата на лукот и мајчината душица во исхраната датира од многу одамна. Во египетски папирус од 1500 п.н.е. се пронајдени 22 рецепти со лук кај луѓе кои имале проблеми со главоболки, болки во грлото и физичка истоштеност. Првите вистински докази за својствата на лукот пристигнуваат до нас во 1858 г. кога Луј Пастер открива дека лукот ги уништува штетните бактерии, а во денешно време ние започнуваме да сфаќаме како точно дејствува и како лекарство. Националната медицинска библиотека на Бетесда, Мериленд (САД), направила над 100 научни разработки на лукот објавени од 1983 г., па до денес.
Лукот е сложено растение. Основната активна состојка на природниот лук е алисинот. Тој му го дава на лукот специфичниот остар мирис. Алисинот е многу силен антибактериски агенс, којшто навлегува во крвниот систем и ги дезинфицира белите дробови, внатрешните органи и кожата. Алисинот е основната активна состојка во додатокот Forever Galic-Thyme. Како други активни состојки ги вклучува ажоен (којшто спречува засирување на крвта) и лецитин кој помага во отстранувањето на масните наслаги како што е холестеролот и помага во претворањето на мастите во енергија за време на размена на материите. Сулфурните соединенија во лукот се анти-габични и анти-бактериски, што му дава ефективност кај повеќе проблеми вклучувајќи го и грипот и кандида албиканс. Тие исто така му помагаат на лукот да го заштити организмот од слободните радикали, што го претвора во моќен антиоксидант. Во составот на лукот исто така влегува и германиум, минерален микроелемент за кој се смета дека помага во подобрување на имунолошкиот систем на организмот како и селен, минерален антиоксидантски микроелемент.
Мајчината душица содржи танин, фенол и тимол (сапонини) – антибактериски и антигабични материи, кои што им даваат проодност на бронхиите, го смируваат системот за варење и се моќни антиоксиданти.
Присуството на калај, калциум, магнезиум, витамин Б и витамин Ц исто така придонесуваат за балгопријатното дејство на Garlic-Thyme.

СОСТАВ
Концентрирано масло од лук (10 мг се еднакви на 1000 мг пресен лук)
Мајчина душица (50 мг од растението во прав)
Масло од репа, желатин, глицерин, пчелен восок, дестилирана вода.

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
По една гел капсула со секој оброк.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Антиоксидант.
Природен деконгестив.
Ги дезинфицира белите дробови, внатрешните органи, кожата.
Памага кај холестерол, акни, крвен притисок, настинки, грип, инфекции на градите и синуси.

07/12/2021

Forever Aloe Berry Nectar
Нектар од алое вера и брусници

ОПИС И СВОЈСТВА
Forever Aloe Berry Nectar содржи 90,3% чист стабилизиран гел од алое во совршена комбинација со брусници и јаболки.
Покрај нивната репутација како средство за чистење на уринарниот тракт, брусниците обезбедуваат висока содржина на витамин C. Тие се и природен извор на здрави проантоцијанидини.
Сокот од јаболко содржи многу флавоноиди, како и пектин.
Forever Aloe Berry Nectar можете да го консумирате со оброк или одделно. Аромите од брусница и јаболко се целосно природни, добиени од мешавина од свежи брусници и слатки, зрели јаболка. Додадената фруктоза (природен овошен шеќер) го засладува доволно за да ги задоволи и возрасните и децата.

СОСТАВ
Стабилизиран гел од алое вера, фруктоза, концентриран природен сок од брусници и јаболка, сорбитол, аскорбинска киселина, лимонска киселина, калиум сорбат, натриум бензоат, ксантанова смола, токоферол (витамин Е).

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Протресете добро. Консумирајте од 60-120 мл секој ден.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Сите корисни својства на Aloe Vera Gel во комбинација со слаткиот вкус на брусници.
Содржи фитонутриенти.
Природен извор на витамин C.

Нарачки и инфо во порака

Forever VisionДодаток во исхраната за одржување на видотОПИС И СВОЈСТВАМногу од нас видот го сметаат за дарба, особено в...
06/12/2021

Forever Vision
Додаток во исхраната за одржување на видот

ОПИС И СВОЈСТВА
Многу од нас видот го сметаат за дарба, особено во пораната возраст. Со изминувањето на годините се повеќе посветуваме внимание на своите очи, како за нивна заштита така и за зачувување на нивното здравје. Кога ќе ја исклучиме програмата за слабеење, додатоците во исхрана, производите за заштита на видот се едни од најпопуларните кај потрошувачите.
До неодамна возрасната дегенерација на "жолта флека" како очна болест се сметаше како нешто кое не може да се спречи. На повеќето пациенти им се кажуваше дека не може ништо да се направи за да се подобри нивниот вид. Најновите научни испитувања покажуваат дека со додатоци во исхраната и промени во диетата, дегенерацијата на "жолта флека" може да се излекува, а во некои случаеви дури може и да се спречи.
Човечката ретина е со големина на поштенска марка, а т.н "жолта флека" или фовеа е колку врв на графит. На таа минијатурна плоштина се распространети стотици милиони фото-рецепторни клетки. Конусните клетки во фовеата ги препознаваат боите. Тенките клетки се тие кои користат за ноќно гледање, со што се разликува црно и бело. Конусните клетки се наоѓаат во очната мрежа и се користат за читање и добар централен вид. Тенките клетки се наоѓаат во периферијата на очната мржа и се користат за ноќно и периферно гледање.
Дегенерацијата на тенките клеточни вериги води до болеста ноќно слепило, наречен пигментен ретинит. Дегенерацијата на конусните клетки води до дегенерација на "жолта флека". Основната причина за овие очни проблеми е појава од лоша циркулација на крвта. За време на возрасната дегенерација на жолтата флека" капиларите на фовеата ослабуваат и од нив позади ретината започнува да солзи крвен серум. Тоа доведува до воспаление и искривување на јаболчниците од лицето. Со напредувањето на болеста капиларите продолжуваат да солзат и постепено се доаѓа до целосно слепило.
Има податоци дека комбинацијата од хранливи материи, кои ги содржи новиот производ на ФЛП Forever Vision го подобрува ноќното гледање и ја спречува возрасната дегенерација на "жолта флека". Forever Vision содржи пет основни категории на хранливи материи, кои го прават овој производ толку ефикасен:
Каротеноидите, во кои лутеин, бета каротин, зеаксантин и астаксантин, претставуваат заситени растителни пигменти, кои нудат специјализирана антиоксидантна заштита на очите.
Полифенолите од боровинки и ресвератролот ги штитат кревкото очно ткиво и капиларите од повредите кои се добиваат од оксидативниот стрес.
Витамините како С и Е допринесуваат за одржување на еластичноста и на очното ткиво.
Минералите-цинк и бакар формираат јадро на антиоксиданти, синтезирани во самото око.
Уникатните аминокиселини на окото претставуваат "тули" за изградувањето на глутатион пероксидаза-моќен непријател на слободните радикали.
Антиоксидантна заштита е основно дејство на Forever Vision. Здравите очи содржат 20 пати повисоко ниво на антиоксиданси во споредба со другите ткива во организмот. Тие концентрации често се нарушуваат од лошите навики во исхраната. Востановено е дека 75% од нас недоволно внесуваат каротин, полифеноли и микроелементи кои се потребни за да се зачуваат очите здрави. Очната мрежа има добро влијание од заситените во боја каротини и полифеноли, кои се содржат во Forever Vision. Тие пигменти ја апсорбираат ултравиолетовата светлина и го заштитуваат окото од прекумерното изложување на сонце.
Со напредување на возраста мембраните и ткивото на окото ја губат еластичноста и многумина од нас ги принудуваат да носат бифокални наочари. Forever Vision претставуваат витамини, кои се составни делови за синтеза на глутатион пероксидазата-природен антиоксидант, кој го продолжува животот на мембраните и очното ткиво.
Тенките клеточни вериги и конусните канали во очната мрежа се поврзани со слој нервни клетки кои ги пренесуваат визуелните сигнали од оптичкиот нерв кон мозокот. Концентрацијата на антиоксиданси во тој слој е над 30 пати повисока од тие што се наоѓаат во останатите делови на нашето телото. Тој е особено чуствителен кон недостигот од сите видови на антиоксиданси и најмногу кон недостигот од каротин. Бидејќи организмот сам не ги произведува овие антиоксиданси, јако жолтите пигменти треба да се набавуваат со храна или соодветно со помош на додатоци во исхраната.
Неодамна спроведеното истражување покажува дека луѓето на возраст од 60 години, кои го одржуваат неопходното ниво на лутеин и зеаксантин, ја зачувуваат својата способност да гледаат слаба светлина колку и млад човек на возраст од 20 години.
Освен секојдневното внесување на Forever Vision има неколку едноставни правила, кои треба да се запазат за добро да го зачувате вашиот вид:
Носете темни наочари со ултравиолетова заштита кога сте на отворено.
Зголемете го внесувањето на темно зелен зеленчук и јако црвено овошје.
Избегнувајте хидрогенирани маснотии (читајте ги налепниците на храната која ја купувате!), кои го отежнуваат правилното функционирање на незаситените масни киселини (Омега-3).
Избегнувајте ги диетите со многу ниска содржина на маснотии, затоа што тие ја лишуваат очната мрежа од неопходните маснотии од групата на Омега-3
Јадете храна богата со сулфур-лук, јајца, аспарагус и кромид, затоа што очите имаат потреба од хранливи материи, кои се содржат во нив. Прекрасен извор на сулфур е Forever Freedom. Создадете си добра хранлива и здрава основа со секојдневното внесување на Forever Essentials и Aloe Vera Gel.
Иако Forever Vision не може да го врати веќе изгубениот вид, хранливите материи и антиоксиданси кои се содржат во него можат да ја забават прогресивната загуба на видот. Само две таблети дневно Forever Vision ќе го заштитат видот за во иднина тој да биде во добра состојба.

СОСТАВ
Витамин С (како аскорбинска киселина), екстракт од боровинка (Vasinium murtillus) цистеин (како n-ацетил цистеин), цинк (како цинк цитрат), бакар (како бакарен глуконат), екстракт од цветовите на невен (Tagetes erecta) (Лутеин 5% и Зеаксантин 17%), витамин E (како d-алфа токоферол сукцинат), витамин А (како бета каротин), астаксантин 2% (од микроскопични алги), ресвератрол 20% (Polugonum cuspidatum koren), дикалциум фосфат, микрокристална целулоза, кроскарамелозен нитрат, стеаринова киселина, силицум диоксид.

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Две таблети на ден.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Извор на боровинки, лутеин и зеаксантин
Го заштитува видот
Ви го заштитува погледот и за во иднина да биде јасен

Нашето алое вера се одгледува на плодна почва и при клима со над 2 000 сончеви часа годишно. Замислете дека отсекувате л...
05/12/2021

Нашето алое вера се одгледува на плодна почва и при клима со над 2 000 сончеви часа годишно. Замислете дека отсекувате лист од алое и го пиете гелот директно од неговата внатрешност. Пијалакот кој ви го предлагаме е најблиску можно до свежото растение и е сертифициран од страна на Меѓународниот научен совет за алое (IASC) за неговата чистота и квалитет.
Утврдено е дека чудесниот лист на алоето содржи повеќе од 200 соединенија. Гелот од алое на Форевер е производ на нашиот патентиран процес на стабилизација на алое. Тој е омилен кај луѓето кои сакаат да поддржат здрав дигестивен систем и природно ниво на енергија.
Ако се консумира секој ден, Forever Aloe Vera Gel претставува еден од најдобрите додатоци во исхраната. До овој момент Forever Living Products се гордее што претставува лидер во доставувањето на корисни производи до луѓето ширум целиот свет.

СОСТАВ
Стабилизиран гел од алое вера, сорбитол, аскорбинска киселина, лимонска киселина, натриум бензоат, ксантанова смола, токоферол (витамин Е).

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Протресете добро. Консумирајте од 60-120 мл секој ден.

ОСНОВНИ КАРЕКТЕРИСТИКИ
Моќта на алоето, од внатре кон надвор.
Прв од својот вид кој го доби сертификатот на Меѓународниот научен совет за алое (IASC).
Поддршка на здравјето на дигестивниот систем.

Aloe Propolis CremeКрем со Алое и прополисОПИС И СВОЈСТВАКој освен Форевер Ливинг Продуктс може да произведе толку уника...
03/12/2021

Aloe Propolis Creme
Крем со Алое и прополис

ОПИС И СВОЈСТВА
Кој освен Форевер Ливинг Продуктс може да произведе толку уникатен хидратантен крем како што е Aloe Propolis Creme? Тој се поврзува со светското лидерство во производството на производи од Алое Вера и од производи од кошница и не е ни чудно што е најпопуларен крем од кремовите на ФЛП. Кога ќе го пробате ќе разберете зошто!
Aloe Propolis Creme содржи стабилизиран Алое Вера Гел со пчелен прополис и други состојки, познати по тоа што имаат добро влијание врз кожата и така одлично ги навлажнува и смирува надразнетите места.
Основна состојка, се разбира, е нашиот уникатен стабилизиран Алое Вера Гел, на кој е додадено пчелен прополис, за да се засилат антибиотските својства на производот (погледнете Forever Bee Propolis во делот за производи од пчела). Додадовме камилица и гавез, две од најпопуларните билки за грижа на кожата. (Овие две познати состојки се присутни во голема мера во нашата првокласна палета Aloe Fleur de Jouvence). Благотворната формула ја комплетиравме со витамините А и Е, признати поради своето природно смирувачко дејство врз кожата.
Aloe Propolis Creme многу добро ја влажни сувата кожа. Пријатната миризба и богатиот состав го прават идеален за масажа. Се употребува кај локални надразнувања како што се убоди од инсекти, лесни изгореници или кај посериозни проблеми како што се егземата и псоријазата.

СОСТАВ
Стабилизиран Алое Вера гел, глицерин стеарат, пропилен гликол, цетил алкохол, полиетиленгликол-100 стеарат, ланолин, сорбитол, диоктил адипат, октил стеарат, октил палмитат, алантоин, пчелен прополис, ланолински алкохол, диметикон, токоферол (природен витамин Е), бета каротин (провитамин А), екстракт од камилица, екстракт од гавез, триетаноламин, аскорбинска киселина (витамин Ц), имидазолидинил карбамид, метилпарабен, пропилпарбен, мирис.

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Нанесете рамномерно на местото каде што има потреба.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Благотворно влијание кај повеќето кожни проблеми.
Прополисот е природен антибиотик.
Создава заштитна бариера на кожата.
Помага кај воспалена кожа и акни.

Нарачки на тел 078 336 649
Или во порака

Address

Kriva Palanka
1330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Aloe Vera Jadranka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Aloe Vera Jadranka:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram