Poraka Nasa Kumanovo

  • Home
  • Poraka Nasa Kumanovo

Poraka Nasa Kumanovo ПОРАКА НАША е граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост.

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово во 2006 оформи дневен центар за лицата со интелектуална попреченост чија прогрма е насочена кон развивање на вештини за самостојно живеење на лицата со интелектуална попреченост, едукативни активности, работно-окупациони активности и организирање на слободното време.
Директни корисници на проектот се 21 возрасно лице со умерена и тешка интелектулна попреченост од мулти-етнички состав и нивните семејства. Имплементацијата на различни активности за подигање на јавната свест во однос на потребите, потенцијалите и способностите на лицата со интелектуална попреченост ја опфаќа општата популација од локалната заедница вклучувајќи и субјекти во заедницата (здруженија, поединци, бизнис заедница, јавни установи и служби и НВО и др.).
Истровремено, дневниот центар ќе обезбеди поддршка за семејствата преку опфаќање на нивните членови со интелектуална попреченост за одреден период од денот, овозможувајќи им подобри услови за успешно семејно функционирање и можности за вработување на родителите, како би допринеле за зголемување на семејниот буџет. Предвидените активности во дневниот центар треба воедно да дадат резултати за поефективна инклузија на лицата со интелектуална попреченост во пошироката заедница. Функционирањето на оваа сервисна служба треба да резултира со нејзино проширување како и со отварање и на други алтернативни сервисни служби во локалната заедница и во регионот.
Визијата на Здружението е обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на ниво на општините:Куманово, Липково и Старо Нагоричане, но и пошироко на територија на РМ .

Долгорочните цели на Здружението за обезбедување на еднаков третман на лицата со интелектулана попреченост и нивните семејства се:

• Почитување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост;
• Вклученост во општеството и учество во секојдневниот живот;
• Недискриминација на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
• Поттикнување на лицата со интелектуална попреченост за самостојно живеење;
• Самостојност на лицата со интелектуална попреченост како корисници на услуги;
• Економска, социјална, здравствена и правна заштита на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства;
• Социјална правда, социјална интеграција и инклузија.

Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
- Организирање на конкретни програмски активност;
- Спроведување на заеднички проекти;
- Организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
- Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
- Медијација;

КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША ПРОДОЛЖУВААТ СО СВОЈАТА ПРАЗНИЧНА ПРОДАЖНА ПРИКАЗНА И ПОНУДА ЗА СИТЕ ПРИЈАТЕЛИ И ПОДДРЖУВАЧИ ...
18/11/2025

КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША ПРОДОЛЖУВААТ СО СВОЈАТА ПРАЗНИЧНА ПРОДАЖНА ПРИКАЗНА И ПОНУДА ЗА СИТЕ ПРИЈАТЕЛИ И ПОДДРЖУВАЧИ И ПОНУДА ЗА ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ФИРМИ 🎄 🎁 ✉️ - 2025/2026

Пред една недела, по повод новогодишните и божиќни празници, корисниците со интелектуална попреченост ја започнаа и најавија својата новогодишна приказна со промоција и продажба на самостојни изработени производи и понуди наменети за општествено одговорни компании и фирми 🎆

🔖Сега, за сите наши пријатели, поддржувачи и сограѓани, со задоволство Ви ја претставуваме новогодишната понуда на Центарот за рехабилитација и реинтеграција ,,Порака Наша'' - Куманово, каде лицата со интелектуална попреченост со многу љубов и труд изработуваат сублимирани производи и за поединичени нарачки, со уникатен дизајн по ваша желба за вас и за вашите најблиски.

💫 Изберете подароци кои носат порака, топлина и човечност – чаши, шишиња за вода, магнети и приврзоци – персонализирани со вашето лого, порака или новогодишен мотив.
📍Со секоја нарачка не само што ги изненадувате вашите вработени и клиенти со нешто посебно, туку и ја поддржувате независноста и работната активност на лицата со интелектуална попреченост, кои со гордост и радост придонесуваат во оваа приказна.

📌Понуда:
🟡 Чаши (бели) – 200 ден.
🔴Чаши со рачка и внатрешност во боја – 300 ден.
🔵Шишиња за вода – 400 ден.
🟣 Магнети и приврзоци – 120 ден.

🟢 Попусти за големи количини:
10% за 30–50 производи;
15% за 50–100 производи;
20% за 100+ производи;

➡️За нарачки и дополнителни информации, 📩 пишете ни на официјалниот е-мејл: poraka.nasa@yahoo.com со вашето барање и желба или контактирајте нè на нашите страници:

👉Поштенското сандаче на нашата официјална Фејсбук страна:
https://www.facebook.com/share/17NLN2cpc6/

👉Официјалниот Инстаграм профил:
https://www.instagram.com/porakanasha?igsh=dmpsdjFhMG5lZnJw

Ви благодариме што со вашата поддршка ни помагате да создадеме можности, радост и достоинство за секој наш корисник.
🎄 Поддржете ја нивната работа и заеднички да ја започнеме нашата новогодишна приказна а нивната истовремено да ја збогатиме и помогнеме особено во духот на претстојните празници.

Со почит, Тимот на Центарот за рехабилитација и реинтеграција ,,Порака Наша" Куманово.❤️

Од институционална грижа кон поддржано живеење, нов фокус на „Порака наша“ Куманово.
14/11/2025

Од институционална грижа кон поддржано живеење, нов фокус на „Порака наша“ Куманово.

Новиот претседател на здружението на граѓани „Порака наша“ од Куманово, Сашо Арсениевски, кое од 2023 година е лиценциран давател...

13/11/2025

Сашо Арсениевски неодамна е избран за нов претседател на здружението „Порака наша“, кое од 2023 година е лиценциран давател на услуги и функционира под надлежност на Министерството за социјална политика.
„Заживување на концептот – живеење со поддршка, ќе биде фокусот на ова здружение во иднина“, истакна Арсениевски.

''Во нашето законодавство постои Правилник кој што го регулира начинот на давање на социјални услуги, поточно за социјални услуги во врска со живеење со поддршка . Значи Порака Наша сака да даде свој допринос, не да останат овие законски одредби само на хартија туку да се унапредат и преку иницијативи и активности значи да допринесе за развој на оваа проблематика.

Порака Наша смета дека овој Правилник треба да се надогради, значи целосно да заживее овој концепт на живеење со поддршка, затоа што овие корисници во овој систем ќе бидат сместени во одредени станбени единици, со од пет до седум лица, така да ќе добијат комплетна помош за извршување на секојдневни активности.
Сметаме дека овој концепт треба да заживее и значи тоа ќе биде фокусот во иднина на ова Здружение. ''

''Здружението фукнционира веќе 19 години, низ многу премрежја и предизвици е поминато до сега, морам да истакнам во оваа прилика голема благодарност до локалната самоуправа која што 16 години беше главен финансиер на активностите на ова здружение, преку буџетот на локалната самоуправа, односно Општина Куманово.
Би сакал да истакнам и некои фактографски податоци во врска со ова Здружение, кое брои преку 350 членови кои се со регистрирани пристапници, а во рамките на Здружението фукнционира дневен центар со во просек околу 20 корисници на услугите на дневниот центар.

Тој исто така истакна дека ''Целта на ова Здружение е пред се заштита на лицата со интелектуална попреченост, нивна социјална инклузија, унапредување на нивните права, и не само на нивните права туку и на родителите на овие лица.

Тоа беше приоритет, тоа беа целите и програмски активности до 2023та година, покрај овие активности, со добивањето на лиценцата од МТСП, главен акцент е сега ставен на професионална рехабилитација на овие корисници, што значи сега овие корисници добиваат сервисни услуги од нашиот прекрасен вработен персонал. Значи тоа се магистри во областа на социјални науки и областа на социјална заштита, кои што им пружаат поддршка на овие лица, ги насочуваат, ги мотивираат, им ги сголемуваат капацитетите и способностите активно да се вклучуваат во решавање на секојдневни проблеми, па дури и професионални проблеми. ''

Како претседател на Здружението, Г-н Сашо Арсениевски, сподели и еден од поуспешни и позитивни примери од професионалната рехабилитација и ја потенцираше важноста на вклучување на бизнис сектор во целиот процес.

''Во таа насока би сакал да кажам еден многу позитивен пример, еден наш корисник на овие услуги баш преку оваа програма на Порака Наша, успешно работи во приватен сектор на општо задоволтво на сите, и на работодавачот , во месна индустрија, и е неазвисен финансиски, значи свој човек си е станат, така од оние лица кај кои има капацитет да се направат напори, да се оспособат за одредени вештини, сигурно би биле пресреќни некој од бизнис секторот да ги ангажира, како работно ангажирани лица кои не само што ќе остваруваат личен доход, туку и ќе допринесат на работодавачот, а со тоа и на целата заедница.''

Сашо Арсениевски неодамна е избран за нов претседател на здружението „Порака наша“, кое од 2023 година е лиценциран дава...
13/11/2025

Сашо Арсениевски неодамна е избран за нов претседател на здружението „Порака наша“, кое од 2023 година е лиценциран давател на услуги и функционира под надлежност на Министерството за социјална политика.

„Заживување на концептот – живеење со поддршка, ќе биде фокусот на ова здружение во иднина“, истакна Арсениевски.

Сашо Арсениевски неодамна е избран за нов претседател на здружението „Порака наша“, кое од 2023 година е лиценциран давател на услуги и функционира под надлежност н...

КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША ОВАА ГОДИНА СО СВОЈА ПРАЗНИЧНА НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА, ПОНУДА И ЖЕЛБА  🎄 🎁 ✉️ - 2025 По повод н...
10/11/2025

КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША ОВАА ГОДИНА СО СВОЈА ПРАЗНИЧНА НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА, ПОНУДА И ЖЕЛБА 🎄 🎁 ✉️ - 2025

По повод новогодишните и божиќни празници, корисниците со интелектуална попреченост оваа година ја најавуваат и ја започнуваат својата новогодишна приказна. 🎆

💫 Со секоја ваша нарачка не купувате само производ – туку ја поддржувате и поттикнувате независноста, достоинството и радоста и на лицата со попреченост кои сеуште се маргинализирана и ранлива група на наши сограѓани!

Нашите производи ги изработуваат лица со умерени и тешки интелектуални потешкотии, кои преку својата работа се чувствуваат корисни, вредни и рамноправен дел од општеството. 💙

Секоја чаша, шише или магнет носи порака на љубов, труд и заедништво.
Со вашата нарачка, им помагате на корисниците да развиваат самостојни работни вештини, да заработуваат и да веруваат во своите способности. 🌟
Заеднички да го развиваме социјалното претприемништво и да придонесеме сите кон побрзо, поактивно и рамноправно учество на лицата со попреченост на пазарот на трудот.

🎄 Поддржете ја нивната празнична новогодишна приказна – нарачајте производ со дизајн по ваша желба и подарете нешто со вистинска вредност!

📩 Пишете ни во инбокс/ испратете мејл на официјалниот е-мејл:poraka.nasa@yahoo.com со вашето барање и желба или контактирајте нè на нашите страници:

- Поштенското сандаче на нашата официјална Фејсбук страна:
👉https://www.facebook.com/share/17NLN2cpc6/
- Официјалниот Инстаграм профил:
👉https://www.instagram.com/porakanasha?igsh=dmpsdjFhMG5lZnJw

Нека е честит денот на градот и во празнична атмосфера, заеднички да ја започнеме нашата новогодишна приказна.

Порака Наша ❤️

ДОНАЦИЈА НА ПАКЕТИ ПРИРОДЕН СОК ОД ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ КУМАНОВО ЗА КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАШАДенеска,...
06/11/2025

ДОНАЦИЈА НА ПАКЕТИ ПРИРОДЕН СОК ОД ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ КУМАНОВО ЗА КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША

Денеска, корисниците со умерена и тешка интелектуална попреченост од Порака Наша, ги посети Филип Кузмановски, кој во името на нашите долгогодишни пријатели и соработници од О.О. Црвен Крст на Куманово, на сите корисници им донираа пакети со природен сок од портокал, за освежување и хидратација на организмот кои во овој период на променливо време- ни е особено важен за оддржување и зајакнување на имунитетот.

Благодариме од срце, до следното видување ❤️

ЦЕНОВНИК НА ПРОИЗВОДИТЕ ИЗРАБОТЕНИ ОД КОРИСНИЦИТЕ СО УМЕРЕНА И ТЕШКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОРАКА НАША ПОРАКА НАШ...
05/11/2025

ЦЕНОВНИК НА ПРОИЗВОДИТЕ ИЗРАБОТЕНИ ОД КОРИСНИЦИТЕ СО УМЕРЕНА И ТЕШКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОРАКА НАША

ПОРАКА НАША нуди изработка на персонализирани производи со дизајн по ваша желба.
Персонализирани чаши, термос за вода, магнети, сложувалки, привезок за клучеви, кои се изработуваат на машините за професионална рехабилитација.

🎉По повод престојните празници, ќе трае промотивната месечна понуда
"КУПИ 4 ПРОИЗВОДИ И ДОБИЈ ПОДАРОК ГРАТИС".

✔️Попусти за поединечни купувачи:
-5-9 производи- 5% попуст
-10+ производи- 10% попуст

✔️Попусти за фирми и поголеми нарачки
-30- 50 производи- 10% попуст
-50-100 производи-15% попуст
-100+ производи - 20% попуст.

🔴Со секоја изработка корисниците побргу и полесно се учат да изработуваат и да ги развиваат своите професионални вештини со кои би требало да станат поконкурентни на пазарот на трудот и самостојно да заработуваат.

05/11/2025

Видео приказ- професионална рехабилитација на корисниците со умерена и тешка интелектуална попреченост од Порака Наша -изработка на маици, торби, привезоци, магнети, чаши и други производи.

АСИСТИВНИ МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА ВО ПОРАКА НАША Неделава пристигнаа дел од асистивните помагала кои беа набавени преку НАЛА...
05/11/2025

АСИСТИВНИ МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА ВО ПОРАКА НАША

Неделава пристигнаа дел од асистивните помагала кои беа набавени преку НАЛАС-Мрежа на националните асоцијации на локалните власти во Југоисточна Европа (Network of association of Local Authorities of South East Europe-NALAS) во рамите на проектот “Регионална соработка за подобрена социјална инклузија на локално ниво“.

Корисниците имаа прилика да ги разгледаат и пробаат медицинските асистивни помагала:
📌педали за вежбање;
📌перници за седење со мемориска пена; 📌помошните рачки (анти-лизгачки и ергономски држачи);
📌сет ластици за вежбање со различна отпорност во различни бои;
📌и држач за тоалет кој ќе биде инсталиран во дневниот центар.

Како четврта и последна активност од проектот, Општина Куманово учествуваше во активноста за набавка на асистивни помагала и машини за професионална рехабилитација, мерка којашто исто така беше спроведена од страна на Налас.

Со набавка на термо пресите за изработка и принтање на чаши, машина за принтање на маици и 3Д принтер, набавка на асистивните помагала има за цел модернизирање и унапредување на постоечката Програма за развој на вештини за независно живеење на корисниците на Порака Наша, преку воведување и примена на нови асистивни помагала за стекнување на специфични вештини поврзани со мобилност, комуникација, интеракција, интеграција и вработување на лицата со попреченост.

На 15.10. Порака Наша учествуваше на првата работилница за изработка на Стратегијата за социјална заштита на Општина Кум...
20/10/2025

На 15.10. Порака Наша учествуваше на првата работилница за изработка на Стратегијата за социјална заштита на Општина Куманово за периодот 2026–2030 година, на која беа дефинирани приоритетите и насоките за развој на социјалната заштита на локално ниво.

ПРАКТИЧНА АКТИВНОСТ- ПОДГОТОВКА НА ДОМАШНО ТЕСТО И РАЧНА ИЗРАБОТКА НА ДОМАШНИ ЈУФКИ СО КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАШАВодени ...
14/10/2025

ПРАКТИЧНА АКТИВНОСТ- ПОДГОТОВКА НА ДОМАШНО ТЕСТО И РАЧНА ИЗРАБОТКА НА ДОМАШНИ ЈУФКИ СО КОРИСНИЦИТЕ ОД ПОРАКА НАША

Водени од емпатија и желба да направат добро дело, традиционално и оваа година нашите соѓраќанки и пријателки, Драгана Златановска, Даниела Младеновска, Елена Вукановиќ и Сања Поповска, организираа работилница со цел да ги научат корисниците со интелектуална попреченост како да направат домашни јуфки.

Со едноставна активност, во текот на која корисниците учеа интерактивно што е потребно за да се направи едно добро тесто, како се подготвува, како рачно се ракуваат машинките за изработка на разни форми на јуфки, тие ја збогатија практичната активност за самостојно придготвување на храна на малку поинаков и уникатен начин.

Според нив, оваа активност покажува дека вистинската вредност не е само во крајниот резултат- готовите јуфки, туку и во заедничкото дружење, поддршката и радоста која што сите заедно ја споделивме на крај по успешно завршена работа.

По завршување на целиот процес на изработка и подготовка, и заедничкиот труд кој што сите заедно го вложија, нашите пријателки им ги подарија домашните јуфки на корисниците за по дома за да ги пробаат со своите семејства во домашна атмосфера.

Благодариме уште еднаш за прекрасната иницијатива и работилница и ве чекаме повторно на гости.

До следното видување.

🔗Порака Наша на состаноци и средби со дел од кандидатите за градоначалници на Општина Куманово за престојните локални из...
13/10/2025

🔗Порака Наша на состаноци и средби со дел од кандидатите за градоначалници на Општина Куманово за престојните локални избори

📌Според Член 1 од Статутот на Здружението Регионален Центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово кое брои над 500-ни членови, а во чии рамки спаѓа и самиот Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 години кој секојдневно го потсетуваат 21 корисник, ЗРЦЛИП ''Порака Наша'' е доброволно, нeпрофитно, невладино,непартиско, самостојно,родителско здружение на граѓани формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување,заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници,како и заради вршење на дејности и активности за потикнување на моралните вредности,зајакнување меѓуетничките односи и економскиот развој на територијата на Република Македонија и пошироко,а во согласност со Уставот и Законот.

Минатата недела, во четврток и петок, Претседателот, претставници а и самите корисници со интелектуална попреченост имаа можност да се сретнат со дел од актуелните кандидати за градоначалници за престојните локални избори на Општина Куманово.

📌Средбите се одржаа во духот наотворен дијалог и запознавање со потребите и предизвиците на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.
Целта беше да се поттикне разбирање и поддршка за унапредување на квалитетот на животот и социјалната инклузија на оваа ранлива група на граѓани.

Кандидатите Максим Димитриевки од Движењето ЗНАМ во четврток на средбата со претставници од невладините организации, Мартин Костовски од коалицијата на СДСМ и Горан Стојковски-Диро од граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“ на средбите кои се одржаа во петок во просториите на центарот Порака Наша имаа прилика да продискутираат за нивната целокупна програма а посебно акцент беше ставен на дел од нивната програма кој што се однесува на нивните заложби за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост во Општина Куманово.

Самите корисници си ги претставија нивните изработки, нивните потреби и секојдневна работа, и си раскажаа во кои активности најмногу сакаат да учествуваат.

Здружението ''Порака Наша'' останува посветено на својата мисија- да биде глас и поддршка на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, независно од политичката определба.

Им се заблагодаривме на посетата и им посакавме успех и во нивната досегашна и идна работа.

Address

Bajram Shabani Bb

1300

Opening Hours

Monday 08:00 - 15:00
Tuesday 08:00 - 15:00
Wednesday 08:00 - 15:00
Thursday 08:00 - 15:00
Friday 08:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Poraka Nasa Kumanovo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Poraka Nasa Kumanovo:

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram