22/03/2025
Зборовите што ги изговараме и слушаме имаат огромна сила. Ова е време да се запрашаме:
Какви зборови изговараме денес?
Какви зборови дозволуваме да влезат во нашиот живот?
Зборовите го формираат нашето постоење. 🙏
Зборовите се моќни!
Во Библијата пишува:
„Во почетокот беше Словото... и Словото беше Бог“
(Јован 1:1). ✨
Словото беше почеток и во нашиот живот, бидејќи зборовите се клучни за создавање на светот околу нас.
Оттука, секој збор што го изговараш вибрира и е креатор на сопствената и општата реалност. . 🙏
- Кога зборуваш за љубов, го храниш светот со љубов.
- Кога зборуваш за страв и очај, му даваш сила на стравот и очајот.
Колку често го повторуваме и предизвикуваме очајот со нашите зборови?
🙏 ДЕЦАТА НИ БЕГААТ...
Го умреа градот...
Не ја бива оваа држава...
Што или кој е следен?
Бедна држава...
Нема да биде подобро...
Се богатат само нечесните и криминалците...
Ова се само мал дел! Препознавате?!
ДЕЦАТА НИ БЕГААТ...!
ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО ГОВОРИТЕ ОВА!!!
Енергијата на децата секогаш бара простор за слобода.
Таа слобода може да се изрази и како физичко бегање, но и како метафизичко бегство во "Рајот". Зборовите што колективно ги повторуваме стануваат колективна енергија.
Што почесто зборуваме за очај, толку повеќе очај привлекуваме.
Кога ќе ги подигнеме зборовите и ќе станеме свесни агенти на промена, ние ќе успееме да ја промениме и да ја подигнеме нашата реалност.
Затоа, да почнеме свесно да ја подигнуваме енергијата со зборови:
🌸 Градот се буди!
✨ Сè повеќе луѓе се будат!
💪 Имаме моќ да создадеме промена!
❤️ НАШИТЕ ДЕЦА СЕ СЕКОГАШ ТУКА!
Кога зборуваме јасно за она што го сакаме, тоа не е само во зборови. Ние стануваме архитектите на нашата иднина и на иднината на нашата земја!
Изборот е твој:
ќе зборуваш како жртва или како креатор?
Ти си оној што ја креира твојата и општата реалност.
Какви зборови ќе избереш?
Да бидеш креатор на промена или жртва на околностите?