24/04/2023
КОЈ ИМА КОРИСТ ОД DTS ДЕКОПМПРЕСИВНАТА ТЕРАПИЈА ?
Неоперативно лекување на дискус хернија
Секој кој страда од болки во грбот, половината или вратот, а причината за тие болки е оштетување на интервертебралните дискуси.
Исто така е добро да се спроведува и кај млади и здрави луѓе како и спортисти за одржување на добра кондиција на рбетниот столб и забавување на процесите на стареење и дегенеративни промени кои се јавуваат со текот на возраста.
На пр.луѓе со седечки начин на живот(возачи, програмери, канцелариски работници), кај големи физички напори(физички работници, спортисти), при неправилна принудна положба на работното место(стоматолози, фризери), кај луѓе кои сакаат да го одржуваат рбетот ,,млад”.
Исто така, многу ефикасен метод и за лекување на различни деформитети на ‘рбетот-сколиози, кифози, лордози. Целта е спречување на прогресијата на сколиозата и кифозата, зајакнување на мускулите-стабилизатори на рбетниот столб, истегнување на скратената мускулатура, зајакнување на паравертебралната мускулатура, одржување на капацитетот на белите дробови и корегирање на постурата.
Декомпресивната терапија задолжително се комбинира со индивидуален кинезитераписки програм на вежби за превенција и лекување на различни деформитети на ‘рбетниот столб.
DTS Декомпресивната терапија-екстензија на ‘рбетот е најсовремен, најсофистициран, апсолутно безбеден и безболен метод за лекување на различни видови заболувања на цервикалниот и лумбалниот дел на ‘рбетот.
Закажете термин на тел броеви +38970 350 493, +38971 298 156, +38946 264 493 или контактирајте не во порака