ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид

ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид Здравствена услуга од областа на ортопедија, трауматологија и неврохирургија

Со особена чест и гордост објавуваме дека изминатиот викенд медицинските сестри од нашата болница учествуваа на 21-от На...
24/10/2025

Со особена чест и гордост објавуваме дека изминатиот викенд медицинските сестри од нашата болница учествуваа на 21-от Национален симпозиум со регионално учество организиран од Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија (ЗМСТАМ) на тема – “Сестринството во фокусот: Од невидливи до неопходни партнери во здравствените реформи”.
Овој значаен настан, кој собра учесници од целиот регион, претставуваше одлична можност за размена на знаења, искуства и иновативни практики. Нашите медицински сестри достојно ја претставија болницата, отворајќи го симпозиумот и споделувајќи ја својата експертиза и професионализам, со што уште еднаш покажаа дека се движечка сила во здравствениот систем.
Дополнително, директорот на болницата, спец. д-р Харлампие Шокаровски, ја изрази својата силна поддршка со своето обраќање на симпозиумот. Д-р Шокаровски ја истакна клучната улога на медицинските сестри во здравствениот систем и потребата од нивна континуирана едукација, вложување и подобрување на условите за нивната работа.
🔹 Симпозиумот опфати теми од големо значење за медицинските сестри, меѓу кои:
• Безбедност и здравје при работа на медицинските сестри
• Интердисциплинарна соработка
• Унапредување на квалитетот на здравствените услуги
📍 Присуството и активното учество на нашите сестри и директорот претставува доказ за посветеноста на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ кон развојот на квалитетна и современа здравствена грижа.
Им честитаме и им се заблагодаруваме за достоинственото претставување и посветеноста кон професијата!

📢Во изминатиот период, нашата болница имаше привилегија да работи на комплексен случај кој бараше креативно и напредно р...
19/09/2025

📢Во изминатиот период, нашата болница имаше привилегија да работи на комплексен случај кој бараше креативно и напредно решение.

🔍Предизвикот беше да се направи хируршка реконструкција на дефект на левата челно-слепоочна регија од главата кај млад пациент повреден пред 3 години. Незгодата и лекувањето беа извршени во друга земја каде е пружена првата помош, која што се состоеше и во отстранување на интракранијално крвавење. По стабилизирање на тешката општа состојба на пациентот, истиот е вратен во матичната земја за долекување во нашата болница. На приемот во нашата болница имаше знаци за инфекција на претходно извршената оперативна интервенеција на главата, по што се донесе одлука за отстранување на коскениот капак за санација на инфекцијата. По резолуција на инфекцијата кај пациентот се оформува евидентен коскен дефект во левата челно-слепоочна регија. Евентуално реконстуктивна корекција на дефектот доаѓаше во предвид по минимум 6 месеци слободен период без знаци за локална инфекција. Поради уникатната форма на дефектот, традиционалните, комерцијално достапните решенија не беа соодветни (рачно моделирање на биолошки цемент за изработка на нов коскен капак).

🧩Со помош на експертизата на д-р Стефан Арсенков и најновите достигнувања во технологијата за 3D печатење во нашата земја 3DLoom, успеавме да дојдеме до решение кое целосно одговараше на потребите на пациентот. Резултатите беа одлични, што ја покажува моќта на иновацијата за индивидуален пристап кон засегнатиот пациент.

📍Горди сме на напредокот што го правиме во областа на неврохирургијата во нашата болница, и овој успех е уште еден чекор напред кон персонализирани здравствени решенија.

⬇️Повеќе информации за случајот подолу ⬇️

Вовед: Краниопластика е неврохируршка процедура која се користи за реконструкција на кранијални дефекти, најчесто изведувана по декомпресивна краниектомија како резултат на траума, хеморагија, тумор или инфекција [1]. Освен што ја враќа естетиката на черепот, краниопластиката има и важна заштитна и физиолошка улога. Првите познати краниопластични интервенции датираат уште од околу 7000 година п.н.е., кога инканските хирурзи користеле метални плочи и тикви за поправка на дефекти на черепот [2]. Во современата краниопластика се користат различни материјали, вклучувајќи автологна коска, титаниум, полиетеретеркетон (PEEK), полиетеркетонкетон (PEKK) и полиметилметакрилат (PMMA). Последните технолошки достигнувања овозможуваат користење на 3D-печатени импланти изработени по мерка на пациентот, со цел подобрување на хируршката прецизност и резултати.

Приказ на случај: Претставуваме случај на 26-годишен маж кој претрпел тешка трауматска повреда на мозокот по сообраќајна несреќа. Првичниот третман вклучувал краниотомија и евакуација на хематом, но постоперативниот тек бeше комплициран со рана инфекција стекната од првичната установа, предизвикана од Klebsiella pneumoniae, што доведе до отстранување на фронталниот коскен оперкулум. По тригодишен период без инфекција, пациентот се јави со голем фронтотемпорален дефект на левата страна од черепот, што му предизвикуваше значителна козметска и психолошка неладогност.
Планирана беше краниопластика со индивидуално дизајниран PMMA имплант, формиран интраоперативно со користење на 3D-печатен негативен калап изработен врз основа на високорезолутивна компјутерска томографија (КТ) на черепот на пациентот. Моделот беше стерилизиран и употребен за обликување на PMMA имплантот, кој го реконструираше фронталниот дел на черепот, сутура на орбиталниот раб и темпоралната контура. Хируршката интервенција помина без компликации, а имплантот совршено се вклопи со претходни минимални корекции. Постоперативните снимки потврдија оптимално порамнување, а пациентот закрепна добро, без невролошки дефицити и со одличен естетски резултат.

Дискусија: PMMA долго време претставува префериран материјал за употреба при краниопластика поради неговата достапност, леснотијата во обликувањето и механичката стабилност. Како што забележуваат Shah et al. (2014), употребата на овој материјал датира со децении наназад и сè уште е вообичаена поради неговата структурна сигурност и биолошка инертност. Сепак, неговата примена историски била ограничена поради повисоките стапки на инфекција во споредба со материјали како автологна коска или титаниум. Мета-анализата на De Souza Leão et al. (2018) потврдува дека иако PMMA е поврзан со малку зголемени постоперативни компликации, исходот може да се оптимизира со соодветна хируршка техника и индивидуализирано планирање [2,3].
Современите достигнувања во 3D-печатењето повторно го актуелизираа користењето на PMMA во модерната краниопластика. Имплантот во овој случај беше моделиран со користење на 3D-печатен негативен одлив добиен од високорезолутивна КТ снимка. Овој пристап е сличен на оној на Da Silva Júnior et al. (2021), кои успешно третирале 16 пациенти со нискобуџетни, персонализирани 3D-печатени калапи за PMMA импланти, при што е забележана висока прецизност и задоволство кај пациентите. Слично, De La Peña et al. (2018) и Ѓуриќ et al. (2019) ја демонстрираа економичноста и точноста на користење полилактиден (PLA) калап во средини со ограничени ресурси, со значително намалување на трошоците без компромитација на клиничкиот квалитет [4, 5, 6].
Во однос на употребата на алтернативни материјали, Wesp et al. (2022) направија споредба помеѓу PMMA и титаниум-засилен калциум-фосфатен (CaP) имплант, при што беше утврдено дека CaP покажува предности во остеоинтеграцијата, но PMMA останува изводлива опција кај пациенти со ограничени финансиски средства. Хистолошката анализа покажала раст на коска и васкуларизација во рамките на имплантот, што ја поддржува неговата долгорочна биокомпатибилност и потенцијалот за трајна кранијална реконструкција.
Frassanito et al. (2012) прикажуваат успешна долгорочна интеграција на макропорозен хидроксиапатит, но истовремено ја потенцираат комплексноста и високата цена поврзани со биолошки активните импланти. За разлика од тоа, PMMA (полиметилметакрилат) и понатаму претставува сигурен, економичен и лесно обликуван материјал со моментална лесна интраоперативна достапност и висока механичка цврстина, што го прави практичен избор за краниопластика – особено во услови каде што биолошката интеграција не е пресудна или ресурсите се ограничени.
Слично, Punchak et al. (2017) ги анализираа резултатите од употребата на полиетеретеркетон (PEEK), при што беше забележана супериорна долгорочна интеграција, но исто така значително повисока цена и ограничена достапност [7, 8, 9].

Заклучок: Краниопластиката со употреба на високотехнолошки, персонализирани 3D калапи за PMMA импланти може да биде ефикасна и нискобуџетна процедура. И покрај достапноста на други материјали за кранијална реконструкција, PMMA овозможува одлични симетрични и естетски резултати, што го прави одлична опција, особено погодна за примена во земјите во развој.

Референци:

1. Tomevska, A., Mikjunovikj, M., Jovanoski, T., Vesilevski, A., Shibakoska, A., Mikjunovikj, E., & Dodevski, A. (2024, October 23). PERICRANIAL - ONLAY CRANIOPLASTY TECHNIQUE. https://www.jms.mk/jms/article/view/vol7no2-17
2. Shah, A. M., Jung, H., & Skirboll, S. (2014). Materials used in cranioplasty: a history and analysis. Neurosurgical FOCUS, 36(4), E19. https://doi.org/10.3171/2014.2.focus13561
3. De Souza Leão, R., Maior, J. R. S., De Araújo Lemos, C. A., Vasconcelos, B. C. D. E., Montes, M. a. J. R., Pellizzer, E. P., & Moraes, S. L. D. (2018). Complications with PMMA compared with other materials used in cranioplasty: a systematic review and meta-analysis. Brazilian Oral Research, 32(0). https://doi.org/10.1590/1807-3107bor-2018.vol32.0031
4. Da Silva Júnior, E.B., de Aragão, A.H., de Paula Loureiro, M. et al. Cranioplasty with three-dimensional customised mould for polymethylmethacrylate implant: a series of 16 consecutive patients with cost-effectiveness consideration. 3D Print Med 7, 4 (2021). https://doi.org/10.1186/s41205-021-00096-7
5. De La Peña, A., De La Peña-Brambila, J., La Torre, J. P., Ochoa, M., & Gallardo, G. J. (2018). Low-cost customized cranioplasty using a 3D digital printing model: a case report. 3D Printing in Medicine, 4(1). https://doi.org/10.1186/s41205-018-0026-7
6. Đurić, K. S., Barić, H., Domazet, I., Barl, P., Njirić, N., & Mrak, G. (2019). Polymethylmethacrylate cranioplasty using low-cost customised 3D printed moulds for cranial defects – a single Centre experience: technical note. British Journal of Neurosurgery, 33(4), 376–378. https://doi.org/10.1080/02688697.2019.1566514
7. Wesp, D., Krenzlin, H., Jankovic, D., Ottenhausen, M., Jägersberg, M., Ringel, F., & Keric, N. (2022). Analysis of PMMA versus CaP titanium-enhanced implants for cranioplasty after decompressive craniectomy: a retrospective observational cohort study. Neurosurgical Review, 45(6), 3647–3655. https://doi.org/10.1007/s10143-022-01874-5
8. Frassanito, P., De Bonis, P., Mattogno, P. P., Mangiola, A., Novello, M., Brinchi, D., Pompucci, A., & Anile, C. (2012). The fate of a macroporous hydroxyapatite cranioplasty four years after implantation: Macroscopical and microscopical findings in a case of recurrent atypical meningioma. Clinical Neurology and Neurosurgery, 115(8), 1496–1498. https://doi.org/10.1016/j.clineuro.2012.11.032
9. Punchak, M., Chung, L. K., Lagman, C., Bui, T. T., Lazareff, J., Rezzadeh, K., Jarrahy, R., & Yang, I. (2017). Outcomes following polyetheretherketone (PEEK) cranioplasty: Systematic review and meta-analysis. Journal of Clinical Neuroscience, 41, 30–35. https://doi.org/10.1016/j.jocn.2017.03.028

📍Пациент на 22 годишна возраст со дијагноза на акутна лимфоцитна леукемија и претходно подложен на алогена трансплантаци...
25/04/2025

📍Пациент на 22 годишна возраст со дијагноза на акутна лимфоцитна леукемија и претходно подложен на алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки пред една година, развил аваскуларна некроза на колковите, која се манифестира со силни болки и ограничено движење.
👨‍⚕️Истиот, успешно е опериран во нашата болница од страна на ортопедскиот тим во состав од: прим. д-р Томислав Петровски, д-р Атанас Поп-Стефанија, д-р Михаил Чачор, анестезиолог д-р Александар Веслиевски, инструментарки Гордана Савеска и Адриана Абазовска и анестезиолошки техничар Јадранка Гроздановска.
🦵За време на операцијата, вградена е тотална ендопротеза на десниот колк со керамички компоненти.
🚶‍♂️Пациентот се чувствува одлично и веќе е самостојно вертикализиран.

Со огромно задоволство и благодарност најавуваме дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата...
20/02/2025

Со огромно задоволство и благодарност најавуваме дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата опрема на нашата болница, во рамките на проектот “Опремување на современ центар за физикална терапија”. Станува збор за видео сет за интубација, кој од денес активно започна се користи во секојдневната работа на болницата и значително ги подобрува процедурите и безбедноста на пациентите.
Сакаме да им се заблагодариме на Министерството за локална самоуправа и министерот Златко Перински, Владата на Швајцарската Конфедерација и амбасадорката на Швајцарија во РСМ - Véronique Hulmann за нивната поддршка и финансии, што овозможи набавување и имплементација на оваа современа опрема.
🫁 Подобра визуелизација и поголема прецизност – Видео сетот овозможува зголемен и јасен приказ на дишните патишта, што го подобрува поставувањето на ендотрахеалниот тубус.
🥼 Безбедност на пациентите – Оваа опрема минимизира ризик од повреди и компликации, особено кај пациенти со анатомски предизвици.
🫁 Побрза и поефикасна интубација – Во критични ситуации, секоја секунда е важна, а видео сетот помага за побрзо поставување на тубусот.

Нашата болница секогаш работи на подобрување на здравјето и условите на пациентите преку обезбедување висококвалитетна медицинска грижа, современа опрема и стручен кадар. Ние се стремиме да понудиме поддршка и грижа на секој пациент, создавајќи сигурна и пријатна средина за брзо оздравување. Нашиот тим постојано се обидува да ја подобри здравствената услуга и да осигура дека секој пациент добива најдобра можна грижа.

На денешната седница на Владата беше донесена важна одлука за реконструкција и изградба на ново крило во нашата болница....
11/02/2025

На денешната седница на Владата беше донесена важна одлука за реконструкција и изградба на ново крило во нашата болница.
Со оваа одлука нашата болница, која има огромно значење за регионот, ќе овозможи подобри услови за лекување на пациентите и изведување на посложени оперативни интервенции за сите пациенти од Македонија и земјите од регионот.
Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на здравствените услуги.

На денешната седница на Влада се донесе одлука за РЕКОНСТРУКЦИЈА и изградба НОВО КРИЛО на болницата ,,Св. Еразмо " - Костозглобна во Охрид.

Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.

🏥 Св.Еразмо - специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.

Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти!

Со гордост го споделуваме успехот на нашиот истакнат колега, спец. д-р Огнен Шешоски, кој изминатиот петок успешно ја од...
18/12/2024

Со гордост го споделуваме успехот на нашиот истакнат колега, спец. д-р Огнен Шешоски, кој изминатиот петок успешно ја одбрани својата докторска дисертација на тема:
„Евалуација на соодносот на вредностите на екстерното фиксационо време (ЕФТ) при третман на отворени фрактури и псевдоартрози на потколеницата со методот на компресивна остеосинтеза по Илизаров“.

Методот според Илизаров, развиен од рускиот хирург Гавриил Илизаров во средината на 20-тиот век, претставува револуција во третманот на сложени фрактури и деформитети на коските. Овој метод, познат по својата ефикасност и уникатност, овозможува забрзано заздравување и минимални компликации, со што остави длабок печат во историјата на ортопедската хирургија и продолжува да се применува во нашата болница и во светски рамки.

Овој иновативен пристап во ортопедијата отвора нови можности за успешен третман на комплексни повреди и нарушувања на потколеницата, што претставува значаен придонес во областа на медицината.

Честитки до д-р Огнен Шешоски за новата титула Доктор на медицински науки! Неговиот труд, посветеност и трпение се дел од особините кои се инспирација за целиот медицински персонал во секојдневната работа и во стремежот кон подобрување на здравствената грижа за нашите пациенти.

17/12/2024

🏥 Здравствениот туризам во Охрид – Нови можности и предизвици

Во интервју за ТВ каналот МРТ, директорот на болницата „Св. Еразмо“ – д-р Харлампие Шокаровски, зборува за потенцијалите и предизвиците со кои се соочува оваа значајна здравствена установа.

Со поволната локација и напредните услови за физикална медицина и рехабилитација, нашата болница има сѐ поголем потенцијал да стане центар за здравствен туризам, привлекувајќи пациенти од земјата и странство. 🌍

Д-р Шокаровски ја истакнува важноста на новиот дел од болницата, кој ќе овозможи подобри здравствени услуги и ќе ја зајакне репутацијата на болницата. Сепак, како главен предизвик го наведува недостатокот на стручен кадар, кој е клучен за понатамошниот развој.

Поддршката за медицинскиот персонал и инвестициите во здравствениот систем се неопходни за болницата да го достигне својот целосен потенцијал на меѓународно ниво.

👉 Нашата болница се стреми да работи кон подобра иднина за здравството во Македонија.

Искуство од Каунас, Литванија – Напредок во третманот на мозочен удар во ОхридВо изминатиот период, д-р. Маја Божиноска-...
16/12/2024

Искуство од Каунас, Литванија – Напредок во третманот на мозочен удар во Охрид

Во изминатиот период, д-р. Маја Божиноска-Смическа, во соработка со тим од Општата болница Охрид, беа на обука во Каунас, Литванија. Обуката беше спроведена со цел да се имплементира стратегија и систем, за првпат во нашиот град, за третман на исхемичен мозочен удар со реканализациона терапија под надзор и менторство од врвни експерти.

Тимот беше составен од д-р Маја Божиноска-Смическа, специјалист невролог од нашата установа, д-р Тони Чифлигароски, специјалист радиолог, и медицинските сестри Светлана Коческа и Ана Крстеска од Општата болница Охрид.

Од минатата година, се прават обиди Центарот за мозочен удар при Општата болница Охрид да започне со работа во полн капацитет, со цел да обезбеди оптимален и современ третман за пациентите од нашиот регион.

Со ваквите активности, Охрид се движи кон модернизација на здравствениот систем и унапредување на грижата за најтешките медицински состојби. 👩‍⚕️👨‍⚕️

Овој викенд, спец. д-р. Маја Божиновска-Смическа заедно со дел од тимот млади лекари од нашата болница активно учествува...
14/10/2024

Овој викенд, спец. д-р. Маја Божиновска-Смическа заедно со дел од тимот млади лекари од нашата болница активно учествуваа и беа дел од организациониот комитет при меѓународниот симпозиум "Ретки болести: Дијагностички предизвици и терапевтски перспективи, кој го одбележа јубилејот од 10 години активизам за ретки болести. Докторите со приказ на неколку медицински случаи кои се ретки и уникатни, го споделија нивниот пат од препознавање, па се до дијагностика и третман на пациентите со ретки болести.
Нашиот медицински тим е обучен и продолжува да се стреми кон подобра дијагноза, третман и грижа за пациентите со ретки болести.
Голема благодарност до сите организатори и учесници за оваа непроценлива можност за размена на искуства и знаење. Заедно продолжуваме да работиме на подобрување на животот на пациентите со ретки болести!

На наше огромно задоволство, изминатиот период нашата болница беше посетена од министерот за локална самоуправа, Златко ...
10/10/2024

На наше огромно задоволство, изминатиот период нашата болница беше посетена од министерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба и директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања "Св. Стефан", д-р. Билјана Теговска. Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ реализиран од страна на Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија во болницата е опремен современиот центар за физикална терапија. Овој центар ќе овозможи напредна рехабилитација и подобра грижа за пациентите од Македонија и регионот, значително подигнувајќи го нивото на здравствената нега. Ова е важен чекор кон развојот на здравствениот туризам и подобрување на квалитетот на живот за сите кои имаат потреба од овие услуги.

Повеќе информации на:

Унапредени здравствените услуги во болниците „Св. Еразмо“ и „Св. Стефан“ за пациентите од државата и регионот. Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамном....

Во тек на изминатите шест месеци, во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид се...
14/08/2024

Во тек на изминатите шест месеци, во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид се реализираа повеќе значајни инфраструктурни проекти за подобрување на условите на работа со помош од донации на неколку опшествено одговорни компании. Во знак на благодарност, компаниите-донатори добија икони од заштитникот на болницата. Директорот, д-р Јордан Смически, истакна дека болницата продолжува да го проширува спектарот на услуги и да се бори со инфраструктурните и кадровски предизвици.

Повеќе информации на наведениот линк⬇️

news, vesti

Дел од нашиот ортопедски тим гостуваше на годинешниот 25-ти EFORT (European Federation of National Associations of Ortho...
27/05/2024

Дел од нашиот ортопедски тим гостуваше на годинешниот 25-ти EFORT (European Federation of National Associations of Orthopaedics and Traumatology) конгрес, одржан од 22-24 мај во Хамбург, Германија. Специјалистите ортопеди имаа активно учество на конгресот со постер презентации кои беа особено пофалени од организаторите. На конгресот беа претставени најновите истражувања и достигнувања во областа на ортопедијата, а воедно нашите доктори имаа можност да се запознаат со колеги од целиот свет.

Дополнително, со гордост го објавуваме и учеството на нашиот тим од општи доктори на медицина на 45-тиот Меѓународен медицински научен конгрес, кој се одржа од 24-27 мај во Охрид. Под менторство на д-р. Маја Божиновска-Смическа, нашите доктори активно учествуваа со постер презентација, која беше високо оценета од страна на конгресната комисија.

Учеството на овие два значајни конгреси претставува голем успех за нашата институција и е потврда за посветеноста и професионализмот на нашите тимови. Овие настани не само што ни овозможуваат да ги споделиме нашите истражувања и искуства со светската медицинска заедница, туку и да се инспирираме од новите трендови и иновации во медицината.

Им го честитаме успехот на двата тима и сме им благодарни што ја претставија нашата институција на највисоко ниво.

Address

Goce Delcev Bb
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид:

Share

Category