14/06/2017
Пигмент Плус е изработен од природни состојки и е производ на научната фотомедицина и народното искуство. Во својот состав има чист пчелин восок кој содржи провитамини А, Д, Е и природни екстракти кои стимулираат базна и индуцирана пигментација на кожата. Се нанесува неколку пати во текот на сончањето.
Правилно создадената и добро изразена пигментација е најдобрата заштита од прекумерно изложување на зрачење. Пигмент Плус ја масти и влажни кожата. Стекнатата пигментација е долготрајна. Не дозволува сончево оштетување и лупење на кожата. Оптималното сончање е вистински благодет за општата состојба на организмот.
Индикации: Добивање пигментација, сува кожа, опекотини од прв степен.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Употреба: За добивање природен пигмент, Пигмент Плус се нанесува обилно на кожата во тек на сончањето. Почитувајте го упатството за сончање доследно како би ги постигнале максимално посакуваните цели.
За регенерација на кожа при опекотини од прв степен: добро изматете еден дел Пигмент Плус со два дела вода и добиената смеса нанесете ја на оштетената кожа.
СОВЕТИ ПРИ СОНЧАЊЕ
Сончањето претставува процес кој се одвива со директно изложување на сончеви зраци, но и под дејство на рефлексијата која ја создаваат водата, песокот, лисјата од дрвата и сл. Практично, и кога стоите под сенка се сончате, доколку не носите ткаенина која го прекрива Вашето тело. Времетраењето на сончањето со ПИГМЕНТ ПЛУС зависи од Вашата боја на коса и очи. Според тоа, следете ја шемата на задната страна на етикетата за да го определите тајмингот на сончање во првите 3 дена, кој пак е доволно долг период за да се стимулира организмот да лачи доволна количина „Меланин“ кој ќе Ве штити повеќе отколку сите заштитни фактори заедно. Нашата девиза е „Да се соработува со сонцето“, а не да се избегнува.
За време на одморот под сенка, носете тенка летна прекривка (облека) во првите 3 дена. Потоа можете да се препуштите на благодетите кои ги нуди летото, одморот и локалните заедници.
За сите Ваши прашања можете да не контактирате на следните адреси:
e-mail: contact@apimell.com
FB: Dr.BACHEFF Apimell Macedonia
www.apimell.com
Ви посакуваме добар одмор.
Ваш АПИМЕЛ ТИМ