14/11/2025
Набавена нова медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница Охрид.
Ве информираме дека болницата доби нова современа медицинска опрема, со што значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите.
🔹 7 најсовремени пациентски монитори, распределени на:
• Анестезија и Интензивно лекување
• Неврологија
• Интерна медицина
• Гинекологија и Акушерство
🔹 Аспиратори за сукција – вкупно 4:
• 2 аспиратори за возрасни пациенти – за Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение
• 2 педијатриски аспиратори – за Неонатологија и Педијатрија
🔹 Инфузиони пумпи и перфузори – вкупно 8 уреди:
• 4 инфузиони пумпи
• 4 перфузори
Распределени на Оддел Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение, за обезбедување прецизна и сигурна терапија, особено кај критично болни пациенти.
🔹 Гасни анализатори – вкупно 2:
• 1 за Оддел Педијатрија
• 1 за Оддел Анестезија и Интензивно лекување
Овие уреди овозможуваат брза и точна анализа, неопходна за навремена процена на респираторниот и метаболниот статус на пациентите.
Оваа опрема претставува голем чекор напред во унапредувањето на квалитетот на здравствената услуга и директно придонесува за подобра, побрза и побезбедна грижа за сите пациенти.