ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид

ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид Главна активност на Институтот е дијагноза, третман и ?

Светскиот ден на срцето, одбележуван на 29 септември 2025 година, е глобална иницијатива за подигање на свеста за кардио...
29/09/2025

Светскиот ден на срцето, одбележуван на 29 септември 2025 година, е глобална иницијатива за подигање на свеста за кардиоваскуларните болести како водечка причина за смртност ширум светот. Оваа кампања, предводена од Светската федерација за срце, промовира превенција, здрав начин на живот и пристап до квалитетна здравствена заштита.

Во 2025 година, темата се фокусира на важноста на раното откривање и управување со ризик-факторите како висок крвен притисок, холестерол, дијабетес, пушење и физичка неактивност.

Оваа година, по повод светскиот ден на срцето, ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, во соработка со Алкалоид АД – Скопје, организира настан чија цел е ширењето пораки за здраво срце, охрабрување на луѓето да прават мали, но значајни промени во животниот стил.

Светскиот ден на срцето 2025 потсетува дека превенцијата е клучна. Редовните физички активности, урамнотежената исхрана и избегнувањето на штетни навики можат значително да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Овој ден е повик за акција за секој да го стави здравјето на срцето на прво место.

31/12/2024
По повод Светскиот ден на срцето, денес во просториите на  ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехаб...
30/09/2024

По повод Светскиот ден на срцето, денес во просториите на ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид во соработка со Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје, кај пациентите се организира скрининг на кардиоваскуларниот ризик со мерење на крвен притисок и одредување на липиден статус, каде и се споделуваа совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма.
Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.
Активностите по повод светскиот ден на срцето продолжуваат понатаму, па така на 09.10.2024г. во просториите на Општина Охрид, во организација на Здружението на дијабетичари-Охрид, д-р Јасмина Јованоски супспецијалист кардиолог од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, ќе одржи предавање на тема ,,Запознавање со кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес”.

27/09/2024

По повод светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално во светот се одбележува на 29ти Септември, оваа година ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, во соработка со Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје, организира настан чија цел е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.
Македонија е земја со многу висок ризик за кардиоваскуларни заболувања и сметаме дека со спроведување на оваа кампања ќе допринесеме кон подигање на свеста кај луѓето, а во интерес на намалување на кардиоваскуларниот ризик и превенција на сериозни кардиоваскуларни заболувања.
За таа цел во просториите на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, планирано е да се спроведат активности кои ќе опфатат мерење на крвен притисок и скринирање на кардиоваскуларниот ризик кај луѓето, проследени со споделување на совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје.
Акивностите ќе се реализираат на 30.09.2024г.(понеделник) во периодот од 9.00 до 12.00 часот.

Денес дел од медицинскиот персонал беше вклучен во одбележување на Светскиот ден на хипертензија( покачен крвен притисок...
17/05/2024

Денес дел од медицинскиот персонал беше вклучен во одбележување на Светскиот ден на хипертензија( покачен крвен притисок). Имавме можност на охриѓани, но и бројни гости на Охрид да им ја потенцираме важноста од рано откривање, адекватно лекување и промена животните навики со цел да ги намалат ризиците од коронарна болест и мозочен удар. Во ваквите активности ги вклучивме и нашите пациенти кои се вклучени во стационарниот програм на кардиорехабилитација. Благодарност до АД Галеб од Охрид кој го овозможи транспорот на нашите пациенти од нашата болница до центарот на Охрид.

16/05/2024

Нашата установа и оваа година се приклучува во одбележувањето на Светскиот ден на хипертензијата, како една од активностите со кои придонесуваме во превенција на кардиоваскуларните заболувања, што е секако една од нашите мисии.
Хипертензијата ( покачен крвен притисок) согласно податоците на Светската здравствена организација, е одговорна за 7.6 милиони смртни случаи годишно на светско ниво (13.5% од вкупниот број смртни случаи),повеќе од било кој друг ризик фактор. Околу 54% мозочни удари и 47% од коронарната артерриска болест се предизвикани од покачен крвен притисок.
Светскиот ден на хипертензија годинава се одбележува на 17.05.2024, Крка - Фарма ДООЕЛ Скопје во соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - Св.Стефан-Охрид, ќе организира настан за подигање на свесноста на граѓаните на општина Охрид за значењето на хипертензијата како еден од најзначајните ризик фактори кои го засегаат здравјето на луѓето. Оваа година го потенцираме значењето на физичката активност во превенцијата од кардиоваскуларен настан и мозочен удар, со потикнување на граѓаните на физичка активност и придржување кон препораките за превенција или терапијата доколку се веќе дијагностицирани.
За таа цел ќе се прават бесплатни прегледи на граѓаните на два означени пунктови со банери од Крка Фарма Скопје, поставени по Кејот на Охридското Езеро каде ќе се мери крвен притисок и делат совети и информативни материјали од страна на докторите од оваа институција и присутните претставници од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје.
Во настанот ќе ги вклучиме и нашите пациенти кои се кај нас на стационарна кардиорехабилитација.
Целата активност предвидено е да се реализира на 17.05.2024 од 12.00 до 15.00 часот.

Save the date, April 16-th 2024,Institute of Cardiovascular Diseases-OhridСБ за Кардиоваскуларни заболување- Охрид во со...
13/04/2024

Save the date, April 16-th 2024,
Institute of Cardiovascular Diseases-Ohrid

СБ за Кардиоваскуларни заболување- Охрид во соработка Microvention Terumo , СБ за Ортопедија и трауматологија- "Св Еразмо" и Општа болница-Охрид организира еднодневна работилница на тема: Третман на акутен исхемичен мозочен удар.

Се движиме кон целта!

30/12/2023
Many thanks to the organizers for inviting me being part of the 7-th Macedonia National Congress of Radiology
15/11/2023

Many thanks to the organizers for inviting me being part of the 7-th Macedonia National Congress of Radiology

Изразуваме  благодарност  до Центарот за развој на Југозападниот плански регион  за целокупниот ангажман  на неговиот ти...
02/11/2023

Изразуваме благодарност до Центарот за развој на Југозападниот плански регион за целокупниот ангажман на неговиот тим без чија помош не ќе стигневме до оваа фаза на реализација. Во наше име и во име на пациентите кои директно ќе ги уживаат бенефитите од реализацијата на овој проект, покрај до Центарот за развој на Југозападниот плански регион , благодарност и до Бирото за регионален развој, Министерството за локална самоуправа и секако до Швајцарската агенција за развој и соработка и Швајцарската конфедерација. Нашите натамошни напори за секојдневно унапредување на здравствените услуги за нашите пациенти ќе биде најдобриот начин да им кажеме” Ви благодариме!” на сите наши подржувачи.

Интензивни активности се реализираат за реконструкција на ЈЗУ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид, а вработените и па...

Годинашното мото на Светскиот ден на срцето, кој се одбележува денес на сите континенти во светот, а во организација на ...
29/09/2023

Годинашното мото на Светскиот ден на срцето, кој се одбележува денес на сите континенти во светот, а во организација на Светската федерација за срце, бројни стручни здравствени здруженија, медицински установи и невладини организации не потсетува дека срцето треба да си го сакаме и да го познаваме-

- Затоа што го сакаме и чуваме само она што го знаеме!
- Затоа што кога знаеме повеќе ние можеме подобро да се грижиме!

Нашата Болница е една од првите здравствени установи во земјава која се придружи кон одбележувањето на овој ден, затоа што здравјето на срцата на илјадници луѓе е наша секојдневна грижа. При секоја средба со нашите пациенти со секој даден совет ние ја подигаме свеста за важноста на кардиоваскуларното здравје. Идејата е на овој ден со пораките да допреме до што поголем број на луѓе , вкучително и оние кои досега немале здравствени проблеми, за важноста од константна грижа за здравјето на срцето преку негување на здрави навики на живот и елиминирање на сите ризик фактори кои можат да бидат корегирани.
Во соработка со нашиот проверен партнер за вакви активности реномираната фармацевтска компанија АЛКАЛОИД, годинава светскиoт ден на срцето ќе го одбележиме во рамките на нашите секојдневни активности со нашите амбулантски и болнички пациенти, како и пациентите на рехабилитација.

- Користи го срцето!
- Познавај го срцето!

21/06/2023

Пред точно 17 години на овој ден беше направена првата интервенција, во тогаш новоотворената Катетеризациона сала во охридската Специјализирана боилница за кардио...

Address

Населба Свети Стефан , бб, Охрид
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид:

Share

Category