20/02/2026
Денес, во просториите на ЈЗУ Здравствен дом - Ресен се изврши примопредавање на функцијата директор помеѓу досегашниот директор Д-р Јаким Стојчевски и новоименуваниот директор
Д-р Стојанчо Јовановски.
На досегашниот директор му благодариме за професионалното работење и соработката. Му посакуваме успешна кариера.
Новоименуваниот директор ја изрази својата благодарност за довербата и ја нагласи својата подготвеност за одговорно, транспарентно и професионално раководење. Тој потенцираше дека ќе продолжи со унапредување на работата, јакнење на соработката и подобрување на услугите во интерес на граѓаните.
Му посакуваме успешна работа.