Естезиа - Центар за интегративен развој, советување и едукација

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Естезиа - Центар за интегративен развој, советување и едукација

Естезиа - Центар за интегративен развој, советување и едукација Лиценциран психолог; Гешталт психотерапевт; м-р по И/О психологија; советник по Интегративна психотерапија, психодијагностичар

Твојот потсетник дека е време за промена.
27/04/2026

Твојот потсетник дека е време за промена.

И повторно се восхитувам и учам од секоја Соломонова изрека. Напишани пред 3000 години,  а сеуште толку длабоки и силни....
24/04/2026

И повторно се восхитувам и учам од секоја Соломонова изрека. Напишани пред 3000 години, а сеуште толку длабоки и силни.
Психолошки силен поттик за mindset тренинг, каузално и апстрактно мислење, емоционална регулација, интроспекција, личен развој и животна мудрост.

Работи на себе.       #психотерапевт  #центарестезиа
20/04/2026

Работи на себе.

#психотерапевт #центарестезиа

Кога ќе почнеш да се слушаш себеси, да поставуваш граници и да си дадеш дозвола за одмор, тогаш започнува вистинското за...
15/04/2026

Кога ќе почнеш да се слушаш себеси, да поставуваш граници и да си дадеш дозвола за одмор, тогаш започнува вистинското закрепнување. Психотерапијата ти помага да ги разбереш сопствените модели и да изградиш живот што не те исцрпува, туку те поддржува. Балансот не доаѓа сам – се гради, чекор по чекор.

#менталноздравје #психотерапија #стрес

🚩 НЕ Е ЉУБОВ АКО ТЕ БОЛИ💔 Те прави да се сомневаш во себеПочнуваш да мислиш дека ти си проблемот – дури и кога не си.⛓ Т...
07/04/2026

🚩 НЕ Е ЉУБОВ АКО ТЕ БОЛИ
💔 Те прави да се сомневаш во себе
Почнуваш да мислиш дека ти си проблемот – дури и кога не си.

⛓ Те контролира „од грижа“
Љубомората ја нарекува љубов. Контролата ја оправдува како заштита.

😞 Се губиш себеси
Се прилагодуваш, молчиш, трпиш… само за да има мир.

Токсичните врски не почнуваат така – но постепено те менуваат.
Ако се препознаваш во овие знаци, важно е да застанеш и да се запрашаш:
👉 Дали ова ме прави среќен/на или ме уништува?

Здравата љубов = почит, доверба и сигурност. 🤍

❤️

Стравот од неуспех е она на што е време да работиш на себе.Разликата меѓу успешните и неуспешните не е во тоа колку неус...
03/04/2026

Стравот од неуспех е она на што е време да работиш на себе.
Разликата меѓу успешните и неуспешните не е во тоа колку неуспеси имале, туку колку пати станале и продолжиле.
Во комфорт зоната нема неуспех, но нема ни развој.

Малку подлабоко да размислуваме. Не површно. Суштината е идентитет, а не етикетата, титулата итн. Етикетата носи огранич...
01/04/2026

Малку подлабоко да размислуваме. Не површно.
Суштината е идентитет, а не етикетата, титулата итн. Етикетата носи ограничување, па предрасуди.
И не знам како поинаку би можела да имам вистинска и целосна емпатија кон секој клиент, ако не размислував на овој начин. Секако се е личен избор. Јас избирам професијата да не ме дефинира, и не ја мешам професионалноста со глумата, затоа и моето доедуцирање е доживотно, за да бидам корисна и компетентна во работата, но јас сум таа што сум, човек со свои особености, свој стил, свои мани и вкусови и таа сум секаде и во секое време и можам да споделам дека е тоа една прекрасна слобода на живеењето.

Слободно прочитај уште еднаш.Забележувај на време.Ќе следат уште постови на оваа тема.
30/03/2026

Слободно прочитај уште еднаш.
Забележувај на време.

Ќе следат уште постови на оваа тема.

Недостатокот на доверба првенствено е вкоренет во минатите трауми, искуствата од детството (како што е родителското зане...
29/03/2026

Недостатокот на доверба првенствено е вкоренет во минатите трауми, искуствата од детството (како што е родителското занемарување) или изневереувањето во интимните врски, што доведува до страв од ранливост.
Психолошки, ова се манифестира како заштитен механизам (недоверба) за да се избегне понатамошна емоционална болка, честопати поттикната од ниска самодоверба, анксиозност или несигурни стилови на приврзаност.

Гордост➡️Его⬇️                          ❌Емпатија⬇️                                                💔СреќаПонизност➡️Љубо...
27/03/2026

Гордост➡️Его⬇️
❌Емпатија⬇️
💔Среќа

Понизност➡️Љубов⬇️
✅Емпатија⬇️
💞Среќа





Депресијата е повеќе од тага. Повеќе од осаменост. Повеќе од душевна болка. И не се гледа секогаш. Некој може да избегну...
26/03/2026

Депресијата е повеќе од тага. Повеќе од осаменост. Повеќе од душевна болка. И не се гледа секогаш.
Некој може да избегнува социјални контакти, но некој може да се смее одеднаш после тежок период.
Депресијата е 'црна дупка' во која може да падне секој. И таму е мрачно и ништо не се гледа. Зборот може поинаку да се слуша. И советот. И иницијативата. И не се гледа светлината.
Ако познаваш некој кој се соочува со депресија, не го викај некаде, оди и само седи со него.
Ако ти се соочуваш со депресија, тука сум. Може на сесија да збориш, може и да не збориш ако не сакаш. Може да плачеш и да се лутиш. Тука сум.
Работам и со депресија и со суицидални мисли. Зошто знам дека надвор од црната дупка има светлина. И кога таа ќе засвети ќе излезе се што има во таа 'црна дупка' на безбедно место во терапевтскиот простор. И се ќе биде добро.

Reality check ✅ Промена има, кога ќе си ја признаеш вистината на себе.Потоа можеш да го закажеш твојот термин и да работ...
21/03/2026

Reality check ✅

Промена има, кога ќе си ја признаеш вистината на себе.
Потоа можеш да го закажеш твојот термин и да работиш на себе.
Те чекам.

❤️

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 11:00 - 20:00
Tuesday 11:00 - 20:00
Wednesday 11:00 - 20:00
Thursday 11:00 - 20:00
Friday 11:00 - 20:00
Saturday 11:00 - 16:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Естезиа - Центар за интегративен развој, советување и едукација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Естезиа - Центар за интегративен развој, советување и едукација:

Share

Психологија на целината

Основач на BSS (body-soul-spirit) методот, како интегративен психолошки метод за личен развој е М-р Билјана Стојановска, лиценциран психолог, психодијагностичар, магистер по индустриска и организациска психологија, Интегративен советник, Гешталт советник и советник по Интегративна медицина.

По проучувањето на повеќе области и најновите истражувања во науката за добросотојба на човекот денес, стекнувањето на формално и неформално образование во областа на психологијата, медицината и духовниот развој, како и по 18 годишното работно искуство со деца, адолесценти и возрасни, се појави потреба од основање на нов интегративен пристап за личен развој.

Методот е наменет и адаптиран за деца и возрасни, поединци и организации, преку индивидуална и групна работа, за систематска работа на личниот развој, со цел постигнување општа благосостојба и функционалност на човекот, на психо-физички, емоционален и социјален план.