12/11/2020
Зошто треба да јадете по неколку ореви секој ден❓❔
Оревите се едни од најздравите⚕️ јаткасти плодови🥜🌰 и се одличен извор на здрави масти, витамини, минерали и растителни влакна. Во себе соджат омега 3 масти наречени алфа-линоленска киселина (околу 2.5 грама на 28 грама ореви). Во споредба со другите јаткасти плодови како бадеми или лешници, оревите се на прво место по количина на есенцијални масни киселини, коишто мораме да ги внесеме преку исхраната.
Некои научни студии покажуваат дури еден грам дневно внесен на алфа-линоленска киселина може да ги намали⬇️ ризикот од кардио-васкуларни❤️ заболувања за 10%. Оревите како дел од исхраната, исто така помагаат за разновидноста на цревната флора односно ги хранат добрите бактерии коишто живеат во нашите црева. Оревите не само изгледаат како мозок🧠, туку и играат голема улога во одржување на здравјето⚕️ на мозокот, резултирајќи во подобрена мемориска и когнитивната функција.
Можете да додадете неколку ореви во салата🥗, да ги изблендирате со други овошја 🍏🍌🍓 или пак да каснете микс од неколку јаткасти плодови 🥜🌰 заедно. Иако имаат одлични бенефити 💪, за да се постигне здравствениот ефект е доволно да се каснат неколку ореви на ден и препорачливо е да не се конзумираат во големи количини.