Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho

Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho, Alternative & holistic health service, Skopje.

Во NEXUS се врши едукација и обука за себеисцеление, па потоа и за исцеление на другите. Едукацијата во користење на Yūgen метод на исцеление, Soul Talk Reiki Ryoho и Jikiden Reiki. Работилници, семинари на теми поврзани со Спиритуализам како филозофија Оваа Школа е прва во својот вид и не е класична образовна институција, туку е оригинален Спиритуален Пат кој ве води кон Светлината за себеси.
Шк

олава е наменета само за оние кои сакаат да работат на себе и кои веќе до некаде се запознаени со поимите: енергија, Спиритуализам, окултно, алхемија, енергетски центри, Светлина, а посебно со Реики како енергија и како техника.
Овде ќе се продлабочат нивните веќе стекнати знаења преку проучување, изучување и практикување на оригинална и новосоздадена Реики техника наречена Soul Talk Reiki Ryoho.
Школата се состои од повеќе модули кои ќе се изучуваат викенд-семинарски еднаш во месецот и ќе трае се додека ученикот не научи како да се исцелува себеси.
Целта е разбирање на спиритуалниот дел од себе и правилно себе исцеление како би постанале максимумот од своето постоење. Cекој што е заинтересиран ве молиме пишете ни во приватна порака на самава страна или пратете приватна порака на личниот профил на Главниот Учител.

Нека Биде Светлина!
Намасте!
Вашиот Главен Учител,
Данче Велов

Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho и УВИД - Центар за едукација и личен развој од денес па...
23/04/2026

Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho и УВИД - Центар за едукација и личен развој од денес па до среда 29ти април т.е. јас и Розе ве очекуваме на Саем на Книгата💜💜📖🤗
Во спортската сала Борис Трајковски🌼

Сите наши изданија, преводи и авторски дела за Гешталт литература и филозофија, работа на себе, Реики техниката и спиритуализамот се на нашиот штанд - веднаш десно од влезната врата💜😇

22/04/2026

Видео бр.9
Тема: Што е сатанизам, култ, секта, демони?
Кои луѓе се темни, кои Светли, а кои сиви?

Време е малку да се едуцираме што се спаѓа под сатанизам, а не да пишуваат "побожните" за алтернативна медицина, спорт, било што различно дека е дело на ѓаволот.

Време е да излезиме од религиозна догма и инквизиција посебно за учења кои не ги разбираат, а се дрзнуваат да етикетираат!

Промоција на нашата нова книга!🙏💜📖😇Трет заеднички авторски превод на Гешталт литература; Четврта преведена книга во УВИД...
20/04/2026

Промоција на нашата нова книга!🙏💜📖😇

Трет заеднички авторски превод на Гешталт литература; Четврта преведена книга во УВИД - Центар за едукација и личен развој ; Шеста моја издадена книга🥰💜

📖"Гешталт Терапија Вербатим "📖
-од збор до збор-
Фриц Перлс

Драга моја Розе, нека ни се множат убавите моменти во кои ги славите творбите на нашиот труд, интелект и искуство🌸🙏

Благодарност до сите оние кои ни помогнаа на многу различни начини: време, пари, простор, стрпление, доверба и поддршка; 🤗

18/04/2026

Видео бр.8
Тема: Погрешни концепти во енергетските пракси...турли-тава од христијански термини со концепти од хиндуизамот, шинтоизам, спиритуализам..."инстант" интуитивци и исцелители.

Но што всушност е медитација, чив термин е тоа...кај ви е почитта за она што го повикувате и мислите дека ги правите?

Не постои професија "интуитивен исцелител"...но постои едуциран и не-едуциран исцелител!

14/04/2026

Видео #7
Тема: За кого се наменети видеава кои ги снимам и ќе продолжам да ги снимам?
Колку литература и знаење е потребно за да знаеме навистина и за да можеме со чист образ да кажеме дека сега сме способни да предаваме?

💜📖Повик на АКТИВНИ РЕИКИ ПРАКТИКАНТИ за учество во Реики студија за: "Мерење на исцелителното присуство на практикант на...
12/04/2026

💜📖Повик на АКТИВНИ РЕИКИ ПРАКТИКАНТИ за учество во Реики студија за:
"Мерење на исцелителното присуство на практикант на Реики техника"

Студијата е иницирана и спроведена од Center for Reiki Reasearch и
World Reiki Research)

Како член и дел од глобалниот научно-истражувачки центар за Реики техниките и ефектите од Реики енергијата во третманите на болестите кај луѓето - World Reiki Reasearch, во име на г-дин Стефан Стаделман ги повикувам сите Реики практиканти кои во овој момент АКТИВНО се бават со практикување врз себе или врз други, било која од Реики модалитетите да земат учество во анкетава.

По покана од г-дин Стаделман, иако анкетава е анонимна сепак статистичките резултати, ЗА ПРВ ПАТ во историјата на Реики праксата во Македонија би ја внеле и Македонија како дел од глобалната сцена на Реики практиканти.

🦋Учеството е анонимно и во било кој момент може да се откажете.
Анкетата има за цел да помогне во подобро разбирање на личните, психолошки и спиритуални квалитети кои го создаваат "исцелителното присуство" на еден Реики практикант за време на сесија и надвор од нејзе.
Ова значи дека истражувањето има за цел разбирање на менталната и психо-физичка состојба и спремност на Реики практикантот; ниво на спиритуалност на кое е во моментов и ниво на поседување на пара-нормални способности.

🚩Поради постоење на квалитативна проценка на менталната состојба на практикантот во анкетава има посебен дел кој го квантифицира и присуството на Траума и трауматско искуство во детството или адолесценцијата на практикантот т.е. го мери ACE коефициентот (Adverse Childhood Experience coefficient).
Затоа е многу битно да одговарате најискрено што можете.

🌸Кој треба да учествува:
Анкетата е на англиски јазик и само оние кои го разбираат англискиот доволно добро би можеле да учествуваат.
Ќе ви одземе околу 20-30 минути за да ја направите.
Учество можат да земаат само постари од 18 години кои имаат комлетирано некое ниво на формален тренинг во било кој Реики модалитет или линија.

🌸Кој не треба да учествува:
Лица помлади од 18 години. Лица кои немаат формален тренинг во Реики модалитет. Лица кои во моментов или веќе некое време искусуваат јак психолошки стрес, имаат сериозно ментално пореметување, психоза или јак степен на невроза, суицидални мисли и акутен пост-трауматски стрес синдром), бидејќи последниот дел би можел да е додатен стимул за ре-трауматизација.

🌸Последен дел:
Поради постоење на квалитативна проценка на менталната состојба на практикантот во анкетава, овој дел од истражувањето го квантифицира и присуството на Траума и трауматско искуство во детството или адолесценцијата на практикантот т.е. го мери ACE коефициентот (Adverse Childhood Experience coefficient).

Затоа е многу битно да одговарате најискрено што можете.

На самиот почеток на анкетата имате формулар за Информирана Согласност, ве молам убаво прочитајте!!!

Reiki Practitioner Survey - Online Survey Software

08/04/2026

Видео #6
Тема: Само луѓе до ЗДРАВ РАЗУМ И ПАМЕТ смеат да практикуваат спиритуално- енергетски практики и да чепкаат во Спиритуалното!!!
И ова ви го објаснувам невролошки преку биолошко-психолошки увид во работата на ЦНС и автономен нервен систем.

На колку години смее личност да посети семинар за енергетска пракса?
Кој смее да практикува и НА КОГО смее да се практикуваат енергетски пракси?

Кога би било погубно за мозокот и за клиентот?

06/04/2026

Видео #5
Тема: Внатрешен мир...како се достигнува, а како не!

04/04/2026

Видео #4

Тема: Предупредување за оние што чепкаат во спиритуални води
Во Спиритуалното владеат Универзумски Закони, не земните, не вашите...туку на Универзумот...

02/04/2026

Видео #3
💜 Кој спиритуалист е Спиритуалист?
Кога е потребно да се отиде на психолог, психотерапевт, психијатар или исцелител?

Се надевам почнувам да бранувам нешто што само навидум свети, само затоа што никој не го дира...

30/03/2026

💜Видео #2

Тема:
- Реики енергија; техники и методи на енергетско-спиритуално исцеление и што значи да се биде практикант на Реики техника?

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Школа за Применета Спиритуалност - NEXUS / Soul Talk Reiki Ryoho posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share