Психолошко советувалиште-УКЛО

Психолошко советувалиште-УКЛО Прво бесплатно Психолошко советувалиште на "Универзитетот св. Климент Охридски"

Понеделник е нов почеток 🌿Потсетник за денес: грижи се за себе исто како што се грижиш за другите.Малите чекори кон себе...
20/04/2026

Понеделник е нов почеток 🌿
Потсетник за денес: грижи се за себе исто како што се грижиш за другите.
Малите чекори кон себе прават големи промени. 💛

Начинот на кој зборуваш со себе ја гради твојата самодоверба, твојата сила и твојот успех.Почни уште денес — зборувај си...
11/04/2026

Начинот на кој зборуваш со себе ја гради твојата самодоверба, твојата сила и твојот успех.
Почни уште денес — зборувај си со љубов, нежност и охрабрување…
како што би зборувал со некој што ти значи најмногу 🩷🌿✨

Секојдневните навики ја градат силата на умот. Малите чекори — како читање, движење, добар сон и вистински паузи — можат...
04/04/2026

Секојдневните навики ја градат силата на умот. Малите чекори — како читање, движење, добар сон и вистински паузи — можат да направат огромна разлика во тоа како се чувствуваме, учиме и функционираме.
Грижи се за себе. Твоето ментално здравје секогаш заслужува приоритет. 💛

На 24.03.2026 година на Факултет за безбедност – Скопје се одржа работилница со студенти од прва година во организација ...
27/03/2026

На 24.03.2026 година на Факултет за безбедност – Скопје се одржа работилница со студенти од прва година во организација на Психолошкото советувалиште УКЛО со професорката д-р Драгана Батиќ, при Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола. На оваа работилница како гости земаа учество и студенти од Лудовика Универзитет Будимпешта: Anita Lazlo и Sara Toth, кои беа на мобилност преку CEEPUS програмата и LEPSY мрежата. Студентките од Будимпешта имаа можност искуствено да партиципираат и да ја почуствуваат атмосферата, контакт со себе и поврзаноста со другите студенти која произлегува од овој тип на едукација.
Инаку, ова беше една од работилниците за психолошки раст и развој кои се одржуваат редовно еднаш неделно, а во кои се вклучени 43 студенти од прва година и 11-те студенти од трета и четврта година.

🌸Љубезноста не е слабост, туку сила што ја градиме секојдневно. Со малку повеќе разбирање и смиреност, создаваме простор...
24/03/2026

🌸Љубезноста не е слабост, туку сила што ја градиме секојдневно. Со малку повеќе разбирање и смиреност, создаваме простор за топлина, поврзување и почит.🩷

🍀Нови содржини, мали промени и заслужен одмор — заедно создаваат одморено тело, ум и дух. 🌿✨
15/03/2026

🍀Нови содржини, мали промени и заслужен одмор — заедно создаваат одморено тело, ум и дух. 🌿✨

❤️Во организација на Психолошкото советувалиште за студенти на УКЛО, студенти волонтери  започнаа да минуваат дел од сво...
12/03/2026

❤️Во организација на Психолошкото советувалиште за студенти на УКЛО, студенти волонтери започнаа да минуваат дел од своето слободно време со млади лица со попреченост. Оваа активност се одвива во соработка со невладината организација „Соѕвездие“, специјализирана за инклузија на лицата со пореченост. Средбите помеѓу нив се одвиваат во опуштена и пријателска атмосфера, се разговара на различни теми, студентите и млади лица со попреченост се запознаваат и учат едни од други. Велат дека уживаат да се дружат. Во овој семестар, средбите се одржуваат еднаш неделно.
На ова и претходеше кратка обука на студентите за комуникација со лица со попреченост, а до крајот на овој семестар ќе се одвива и супервизија за волонтерите на психолошкото советувалиште кои учествуваат во овие активности од страна на професорката д-р Драгана Батиќ.

Жената е емоционална сила, поддршка и инспирација.🍀Нека овој ден биде потсетник колку вреди вашата грижа, топлина и сила...
08/03/2026

Жената е емоционална сила, поддршка и инспирација.🍀
Нека овој ден биде потсетник колку вреди вашата грижа, топлина и сила.
✨️Среќен 8 Март💐
Ви посакува Психолошкото советувалиште- УКЛО. 🌷

На 26.02.2026 година на Факултет за безбедност – Скопје се одржа работилница под наслов: „ВОВЕД ВО АРТ ТЕРАПИЈА“ во орга...
27/02/2026

На 26.02.2026 година на Факултет за безбедност – Скопје се одржа работилница под наслов: „ВОВЕД ВО АРТ ТЕРАПИЈА“ во организација на Психолошко советувалиште УКЛО и проф. д-р Драгана Батиќ, при Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола. Работилницата ја водеше Цветанка Штерјова-Бурзевска, лиценциран психолог, гешталт психотерапевт, арт терапевт и тренер по арт терапија.
На работилницата присуствуваа околу пеесетина студенти на кои им беше презентиран овој вид на психотерапија . Студентите низ работилница со цртеж, можеа да искусат како преку креативниот процес, со слики и симболи можат полесно да се изразат , да ја намалат анксиозноста и да воспостават контролата над своите емоции. При тоа, фокусот беше на внатрешното доживување, а не на убавината на сликата.
По работилницата, студентите ги споделуваа своите доживувања и добија одредени инструкции поврзни со креативниот процес преку цртање и колаж кои можат да ги користат во секојдневниот живот.

На 26.02.2026 (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Библиотеката на Факултет за безбедност – Скопје ќе се одржи едук...
25/02/2026

На 26.02.2026 (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Библиотеката на Факултет за безбедност – Скопје ќе се одржи едукативна работилница во организација на Психолошко советувалиште УКЛО и проф. д-р. Драгана Батиќ на тема „Вовед во арт терапија“, со говорник м-р. Цветанка Штејрова Бурзевска, лиценциран психолог, гешталт психотерапевт, арт терапевт и тренер по арт терапија.

✨ Колку добро се познаваме себеси?Самопознавањето е основа на нашето психолошко здравје. Кога искрено ги слушаме своите ...
24/02/2026

✨ Колку добро се познаваме себеси?
Самопознавањето е основа на нашето психолошко здравје. Кога искрено ги слушаме своите мисли, емоции и потреби, носиме подобри одлуки, градиме здрави граници и создадаваме поголема внатрешна стабилност.
🌿 Преку внимание кон сопствените чувства, креативни активности, водење дневник или едноставно моменти на тишина — учиме да си бидеме најдобар партнер во секојдневието.

✨ Потсетник за тешките денови ✨Понекогаш доволно е само мало потсетување дека си посилен/на отколку што мислиш. 💛Не си с...
17/02/2026

✨ Потсетник за тешките денови ✨
Понекогаш доволно е само мало потсетување дека си посилен/на отколку што мислиш. 💛
Не си сам/а – на секој му треба поддршка, збор на надеж и момент на мир.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Психолошко советувалиште-УКЛО posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share